Skip to main content

Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник

Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.

Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не делувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.

Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на нејзиниот татко, вели за „Прототема“, Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот.

Во текот на прелиминарната истрага, 34-годишната жена тврдела дека по расправија што ја имала со нејзиниот партнер, тој паднал, ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.

Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејствија што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.

Поврзани вести