Skip to main content

Се обидел да украде пиво, фрижидерот го убива

Непознат маж настрадал на пазарот во Трстеник, Србија, откако врз него паднал фрижидер со пијалоци. На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера која го покажува моментот на несреќата.

Како што може да се види на видеото, мажот се обидува да го обие фрижидерот влечејќи го силно, по што фрижидерот се превртува и паѓа врз него.

Брзата помош веднаш реагирала, но лекарите можеле само да констатираат смрт. Истрагата е во тек, а надлежните органи ќе ги утврдуваат сите околности на овој немил настан, пишуваат српските медиуми.

Вознемирувачкото видео може да го погледнете тука.

Поврзани вести