Skip to main content

Пролетал низ црвено и убил цело семејство: Татко, мајка и син загинаа во Нов Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Нов Белград, загинаа три лица – татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина.

Алкотестот утврдил дека Никола Ѓ. имал 1,17 промили во крвта. Тој ќе биде приведен до 48 часа за кривично дело против безбедноста на јанвиот сообраќај од член 297 став 2 од Кривичниот законик.

Сите служби за итна помош интервенирале на местото на несреќата, но и покрај напорите на лекарите, немало помош за тричленото семејство.

Поврзани вести