Skip to main content

Потврден случај на антракс во хрватска општина, се спроведуваат мерки за заштита

Freepik

Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, а надлежните институции спроведуваат мерки кои опфаќаат задолжителна вакцинација на добитокот, а луѓето кои биле во контакт со него ќе примат антибиотик, соопштено e на вонредна прес-конференција во Загреб.

Месото од животните од фармите каде е заразен добиток не смее да се консумира, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ истакна дека досега се тестирани 13 примероци, а првиот позитивен резултат за антракс пристигнал вчера. Три примероци сè уште се обработуваат.

Сите мора да останеме смирени. Ситуацијата е кризна, многу служби се вклучени во процесот. Притисокот врз системот е исклучително висок, покажувањето со прст кон некого нема да помогне. Не можеме со сигурност да тврдиме дека сите говеда умреле поради aнтракс, па затоа ќе продолжиме со токсиколошкото испитување паралелно со вакцинацијата, рече Влајчиќ.

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак истакна дека веднаш по добивањето на информациите за потврдениот случај на антракс реагирала епидемиолошката служба.

Антраксот е болест која е вообичаена кај животните и луѓето. Оваа болест не е многу заразна и се пренесува преку директен контакт.

Поврзани вести