Skip to main content

Ова бил планот за ликвидација на Лука Бојовиќ

Никола П., Милан И., Филип К., Саша К. и Богдан П., кои се обвинети за подготовка на убиството на Лука Бојовиќ, денеска пред Вишиот суд во Белград се изјаснија за невини, тврдејќи дека не подготвуваат ликвидација во центарот на градот.

Никола П. пред судот призна само дека незаконски носел пиштол, но како и другите обвинети, тврдеше дека тоа нема врска со наводите во обвинението, кое ги обвинува дека го подготвувале убиството на Бојовиќ во центарот на Белград.

За потсетување, петмината осомничени беа уапсени во мај минатата година.

Според обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград, се сомничи дека од почетокот на февруари до 10 мај минатата година со умисла набавиле средства за убиство на Бојовиќ, го испланирале и организирале неговото извршување.

Поврзани вести