Skip to main content

Орбан ужива на Драгачевска труба во Гуча, шета, пробува специјалитети, прави селфија со присутните

Поранешниот унгарски премиер и еден од најпознатите европски политичари, Вуктор Орбан, од вчера ужива во Драгачево во Србија, каде што е гостин на трубачкиот собир во Гуча.

Видливо расположен, Орбан ужива во случувањата во придружба на пријател и без телохранител, мирно шета по улиците и не одбива да се фотографира со посетителите кои ќе побараат селфи со него.

Претходно медиумите од Балканот известија дека при неговото доаѓање во Гуча, Орбан седел во дворот на хотелот Нордик, нарачал пиво и пробал хајдук ќепап и свадбарска зелка, кои се познати српски специјалитети.

Не можевме да им веруваме на нашите очи. Дојде како обичен гостин, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во Гуча“, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на изјава дадена за РИНА од еден од присутните.

Поврзани вести