Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто.
Тема на средбата се актуелни геополитички и регионални прашања, како и зајакнување на соработката меѓу двете земји во насока на изнаоѓање решенија за новите предизвици.
„Секогаш е чест и задоволство да бидеме домаќини на нашите унгарски пријатели Виктор Орбан и Петер Сијарто во Белград. Со Синиша Мали разговараме за актуелните геополитички и регионални прашања, како и за зајакнување на соработката меѓу нашите две земји со цел да се најдат решенија за новите предизвици“, напиша Вучиќ.
Тој наведе дека фокусот е ставен на реализација на инфраструктурни проекти и енергетска безбедност, со оглед на стратешкото значење на двете земји како клучни енергетски коридори во регионот.
„Продолжуваме да работиме и да градиме на темелите на сè посилни врски, кои во исто време се пример за тоа како може да се изгради стабилност и просперитет преку искрено пријателство и стратешко партнерство. Добредојдовте, драги Виктор и Петар. Србија е ваш дом“, рече Вучиќ.