Skip to main content

Нов земјотрес на Кипар, овојпат со јачина од над пет степени според Рихтер

chickenonline-from-pixabay

Земјотрес со јачина од најмалку 5,3 степени, според првичните податоци, е регистриран во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, што воедно е втор земјотрес од над пет степени во период пет часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Според кипарските медиуми, земјотресот бил меѓу 5,3 и 5,9 степени, бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Со ист епицентар и јачина од 5,3 степени беше и земјотресот околу 11.30 часот по локално време.

Во периодот меѓу двата земјотреси беа регистрирани и неколку помали потреси. 

Поврзани вести