Skip to main content

Мицотакис го поздрави предлогот на фон дер Лајен за одбранбените трошоци

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс го поздрави предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за активирање на клаузулата за ослободување, односно трошоците за одбраната да се исклучат од фискалните цели, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција долго време се залагаше за изземање на одбранбените инвестиции од фискалните ограничувања. Го поздравуваме предлогот на претседателката фон дер Лајен да ја активира клаузулата за ослободување, овозможувајќи им на земјите-членки на ЕУ да ги зајакнат своите одбранбени способности. Клучен чекор за нашата колективна безбедност, напиша Мицотакис на Икс.

Грчкиот премиер пред десет дена во неговата колумна за „Фајненшл Тајмс“ пишуваше за потребата Европа да ги зголеми трошоците за својата одбрана, посочувајќи дека воените трошоци треба да бидат изземени од финансиските правила на ЕУ и паралелно предложи формирање нов европски инструмент, во висина од најмалку 100 милијарди евра евра, за финансирање на потребите за колективната одбрана.

Поврзани вести