![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/rod-blagojevik-rod-blagojevic.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевиќ, кој во 2008 година беше обвинет за корупција и дека се обидел да го продаде своето сенаторско место, поради што прво беше разрешен, а потоа во 2011 година осуден на 14 години затвор.
Тој помина осум години во затвор, до февруари 2020 година, кога претседателот Трамп му ја ублажи казната и му дозволи да излезе од затвор.
Род Благојевиќ (сега 68 годишна возраст) со сегашното помилување ќе биде целосно ослободен од правните последици што произлегуваат од тогашната судска пресуда.
Благојевиќ, американски политичар со српско потекло, неодамна ја посети Србија и разговараше со претседателот Александар Вучиќ.
Поранешниот гувернер беше сменет од функцијата во 2009 година, а затворската казна почна да ја отслужува во 2012 година