Албанските медиуми, главно под наслов: Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај во бегство или? пренесуваат вест дека тој утрово во 5 часот, од „аеродромот во Тирана отпатувал сам, со капа на главата и видно нерасположен, што не е својствено за неговиот карактер“.
Тие констатираат дека Велиај, кој е под истрага за корупција, од страна на Специјалното обвинителство, најверојатно избегал, бидејќи патува без свои соработници од општината.
Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша кој обвини дека заминал во непознат правец, дека има големи депозити во Дубаи и го повика да се врати во Тирана или премиерот Еди Рама веднаш да поднесе оставка.
Додава дека ова е „едно од најсериозните дела во историјата на државата, организиран и оркестрирани директно од Еди Рама“, при тоа објавува фотографии од Велиај на аеродром и во авионот, добиени, како што вели од граѓани.
На обвинувањата на Бериша дека избегал од државата му одговори Велија, преку објава на социјалните мрежи.
Одам во Америка, на состаноци кои долго ги одложував, бидејќи јас сум градоначалник на Тирана, а не сум нон грата, човек со злобно лице и срце. Не ја напуштам Албанија, бидејќи дојдов од Америка кога бев 20 години помлад, да подадам рака да ја извлечам мојата земја од калта во која ти и твоите пријатели ја потонавте, му одговори Велиај. Додава дека во Тирана се враќа за два дена.