Skip to main content

Голема акција на српската полиција и армиски единици, има сомнителни предмети близу гасоводот кај Кањижа

arul-from-pixabay
arul-from-pixabay

Припадници на Управата за криминалистичка полиција заедно со Воената полиција и други единици на армијата на Србија од раните утрински часови се ангажирани за пребарување на дел од територијата во општина Кањижа.

Според белградски медиуми, во реонот на селата Велебит, Трешњевац и Војвода Зимоњиќ во општина Кањижа, во непосредна близина на гасоводот се пронајдени сомнителни предмети.

Во акцијата се ангажирани 140 припадници на војската и полицијата, а пребарувањето на подрачјето се уште е во тек.

Блокирани се неколку патишта во општина Кањижа. 

Полицијата и војската го пребаруваат теренот на патот Трешњевац – Војвода Зимоњиќ, како и на патот кон селото Велебит, а пребарувањето се врши комбинирано со  хеликоптери, дронови, термичко снимање, санитетски возила, јавија белградските медиуми. 

Поврзани вести