Skip to main content

ЕУ сака да го искористи новиот моментум за проширување

Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија, порача вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски заедно со лидерите на членките на Унијата и на земјите од регионот.  

– Испраќаме силен сигнал со „Бриселската декларација“ што ја усвоивме денеска и мило ми е што партнерите од Западен Балкан се согласија со неа. Затоа, би сакал да го изразам моето задоволство што договоривме Декларација која е поинаква од оние на претходните самити, поконцизна и која може полесно да ја разберат граѓаните, рече Кошта. 

Според него, тајмингот на денешниот Самит на почетокот на неговиот мандат не можел да биде подобар, бидејќи го истакнува политичкиот приоритет што за него лично и за Европската Унија го има зајакнувањето на соработката со Западниот Балкан. 

– На денешниот самит стана појасно од кога било дека Европската Унија и Западниот Балкан припаѓаат на исто европско семејство. Местото на Западен Балкан е во срцето на нашиот европски проект. Иако овој Самит не беше за проширување, исто така е појасно од кога било дека проширувањето е нашата заедничка движечка сила. Факт е дека секоја земја што влезе во Европската Унија е многу попросперитетна благодарение на нејзиното членство. Ова е ветување за просперитет на Европа, истакна Кошта. 

Тој го повтори ставот дека проширувањето е најдобрата геостратешка инвестиција во мир, безбедност и стабилност, како и дека постепената интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија веќе напредува според принципот на заслуги. 

– Денешната Декларација го нагласува фактот дека нашиот План за раст на Западен Балкан е вистински „менувач на играта“. Граѓаните во регионот ќе видат удвојување на економскиот раст преточен во нови работни места и подобри услуги во следната деценија. Не постои друг регион во светот во кој Европската Унија има инвестирано толку многу ресурси – финансиски ресурси, човечки ресурси и експертиза, рече претседателот на Европскиот совет. 

Процесот на проширување е базиран на заслуги и само заслугите можат да бидат основа за проценка на напредокот во пристапувањето, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошт

Според Кошта, интеграцијата гради вистинско стратешко партнерство во кое Западниот Балкан е усогласен со Европската Унија во осуда на руската агресија и поддршка за Украина, вклучително и со воена поддршка и со кое партнерство се зајакнуваат безбедноста и издржливоста на регионот. 

Европската унија е веќе најголемиот економски партнер и инвеститор на Западен Балкан. Тоа е и ќе остане нивниот најсигурен партнер во иднина. 

– Сите знаеме дека некои предизвици опстојуваат. Се уште треба да се решат билатералните спорови и соседските дилеми. Треба да останеме фокусирани на кредибилни и одржливи реформи. И пристапувањето ќе биде засновано на заслуги. Вечерва слушнавме за фрустрациите од регионот, но верувам дека можеме да ги надминеме. Сега имаме нов моментум. Видовме значителен напредок во изминатата година, особено од страна на Црна Гора и Албанија. И за време на овој Самит, забележав колективно чувство на одговорност и нов нагон да работам понапорно и побрзо, додаде Кошта. 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека тоа што овој Самит беше првиот собир на стартот на новиот мандат на европските институции, покажува колку ни ЕУ е важен Западниот Балкан.  

– Во текот на изминатите години, процесот на проширување доби нова виталност. Предизвиците без преседан, како пандемијата на КОВИД-19 и руската војна против Украина, го забрзаа темпото не само на историјата, туку и темпото на придвижување на процесот на пристапување. Мораме да се издигнеме до нова реалност. Новата реалност е дека не е доволно едноставно да ја оставиме вратата отворена за нашите аспиранти, туку треба да бидеме активни и треба активно да ги доближуваме до нас. Истата амбиција и политичка определба ќе ја задржиме и во овој нов мандат. Ќе продолжиме да работиме напорно на два приоритети со нашите партнери од Западен Балкан: пристапување во ЕУ и постепена интеграција во нашиот единствен пазар, рече Фон дер Лајен. 

Според неа, секој бран на проширување ја прави ЕУ посилна, но за да се оствари успех во овој процес потребна е подготвеноста на двете страни – идните земји членки мора да се подготват за одговорностите од членството, а Унијата мора да се прилагоди за да прифати поголемо семејство. – Ова е причината зошто, на почетокот на овој мандат, Комисијата ќе ги разгледа своите главни секторски политики. Сакаме да се погрижиме тие да се прилагодат на проширена Унија. Процесот на пристапување е ригорозен. Тој е засновано на заслуги и така ќе остане. Но, со оглед на геополитичката ситуација, ние ги удвојуваме нашите напори за поддршка на нашите партнери кои сакаат да постигнат напредок, истакна претседателката на Еврокомисијата. 

Фон дер Лајен потсети дека како дел од напорите за постепена интеграција на регионот во единствениот европски пазар, во октомври 2020 година ЕК го промовираше Економскиот и инвестициски план вреден 30 милијарди за изградба на патишта, железници, електрични мрежи, и широкопојасен интернет, а минатата година го изработи Планот за раст вреден шест милијарди евра, кој ќе овозможи приближување на западнобалканските економии кон блокот и удвојување на нивната големина во оваа деценија. 

Како пример за овие напори Фон дер Лајен ги посочи т.н. „зелени ленти“, кои го забрзуваат движењето на луѓе и стоки на десет клучни гранични премини меѓу ЕУ и Западен Балкан, како и приклучувањето на земјите од регионот кон Единствената зона за плаќања во евра.  

– Ова значи многу едноставен, евтин, брз и сигурен трансфер на пари меѓу Западниот Балкан и ЕУ – многу важен за граѓаните и компаниите. Албанија и Црна Гора ќе се приклучат од следната година, а наскоро ќе ги следат и Македонија и Србија, најави претседателката на ЕК, додавајќи дека во исто време земјите од регионот напредуваат и во поврзувањето преку нивниот заеднички регионален пазар. 

Во завршната „Бриселската декларација“ од Самитот се нагласува дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и затоа учесниците на средбата уште еднаш ја потврдуваат својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на регионот во Унијата.    

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да

– Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Од нашиот последен Самит има нова динамика во процесот на проширување и забележителен напредок. Забрзувањето на пристапниот процес, заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на индивидуални заслуги, е во наш заеднички интерес, се наведува документот.  

Во него се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.    

– Се уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и со Договорот за прашањата за сукцесија, како и за случаите на исчезнати лица и прашањата за воените злосторства, се вели во „Бриселската декларација“.   

Во текстот се додава дека европските лидери се посветени и на приближување на партнерите од Западниот Балкан кон ЕУ уште во текот на пристапниот процес, при што се нагласува и дека Планот за раст на регионот има потенцијал да го удвои неговиот економски раст во следната деценија и да ја забрза социо-економската конвергенција меѓу него и Европската Унија, под услов „партнерите да ги спроведат реформите поврзани со ЕУ“.    

Во Декларацијата се посочува дека ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западниот Балкан да ги почитуваат основните европски вредности и принципи во согласност со меѓународното право и посветеноста на приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото. 

– Делиме заедничка иднина и се соочуваме со итни предизвици кои можеме да ги надминеме само заедно. На нашите граѓани им должиме да изградиме иднина на мир и просперитет, заснована на споделените принципи и вредности и заеднички интереси, се нагласува меѓу другото во Бриселската декларација

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş