Skip to main content

Експлозив со разорна моќ откриен на северот на Војводина, во близина на гасоводот „Балкански тек“, Вучиќ веднаш телефонски го известил Орбан

Експлозив со голема разорна моќ бил пронајден на свеверот на Војводина во близина на гасоводот „Балкански тек“, објави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, пренесоа тамошните медиуми.

Експлозивот, како што се наведува, бил пронајден во рамките на истрага поврзана со загрозување на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Српскиот претседател соопшти дека за случајот веднаш телефонски разговарал со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„Го запознав со првичните резултати од истрагата на нашите воени и полициски власти во врска со загрозуавњето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија“,објави Вучиќ на Инстаграм.

Во објавата, тој додава дека покрај експлозивот биле пронајдени и детонатори за негово активирање.

Поврзани вести