
Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ ги коментираше студентите кои планирале терористички напад на аеродромот во Белград.
- Ова е една од најважните вести. Вчера видовте амфитеатар полн со луѓе кои наместо да научат да спасуваат човечки животи, го претворија во место за средба на група луѓе кои ја планираат најтешката терористичка акција која може да има последици измерени во стотици и илјадници мртви луѓе – рече таа и додаде: Не знам кој нормален може да планира упад во контролата на летот на луѓе кои треба да бидат фокусирани секоја милисекунда. Вие на медицинскиот факултет работите на план да убиете илјадници луѓе и никој не реагира – рече Брнабиќ.
Брнабиќ додава дека планираното не е радикализација на протестот, туку чист тероризам.