Skip to main content

Бериша: Од јануари ќе има секојдневни масовни и мирни протести се додека власта не замине

Лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, од Драч ја објави стратегијата на антивладините протести, најавувајќи дека од јануари опозицијата секоја вечер ќе биде на плоштад со „масовни и мирни протести“.

Бериша предупреди дека овој облик на политичко дејствување ќе продолжи сè додека владиното мнозинство не ја напушти власта.

Континуирани и мирни протести се стратегијата од мисија на опозицијата за отстранување на социјалистичката влада. Од јануари се враќаме на плоштадот секоја вечер, додека Рама не си замине. Да не мислиме дека улицата е насилство, не. Улиците, плоштадите, се нашиот отпор. Плоштадот мора да биде наш, а Еди Рама да замине. Тој не може да остане таму.

влегуваме во 2026 година со мисија, како мисионери, како среќници кои имаат можност да ја соборат втората диктатура во Албанија“, изјави Бериша, апелирајќи на масовна поддршка од народот.

Бериша додаде дека опозицијата е носител на „суверенитетот во земјата, носител на волјата на гласачите, слободни граѓани“, упатувајќи ги веќе познатите обвинувања до владејачките социјалисти.

Првиот од серијата антвладини протести опозицијата го одржа во понеделникот пред владата во Тирана, кога беа предизвикани инциденти со фрлање молотови коктели кон објектот и полицискиот кордон, при што беа повредени тројца полицајци и еден фоторепортер. 

Поврзани вести