Skip to main content

Албанската новинска агенција АТА изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Главниот уредник на дескот за вести од светот на Албанската телеграфска агенција (АТА) Аријан Јоргаки испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани во кое истакнува дека во ова време на жалост, АТА се солидаризира со народот на Македонија.

– Длабоко ни е жал поради трагичната загуба на 51 живот и 100 ранети во катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Нашите мисли се на жртвите, нивните семејства и сите оние кои се погодени од овој потресен настан, пишува Јоргаки.

Тој вели дека ниту еден збор не може да ја намали болката од таквата огромна загуба, но нагласува дека сите сме во нивните мисли и молитви во овој тежок период.

– Нека спомените на изгубените донесат утеха, а нивните души нека почиваат во мир, наведува Јоргаки. 

Поврзани вести