
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа,
Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски странци“.
Со вториот указ Трамп се обидува да ја спречи таканаречената „породилна миграција“, односно туристички да се доаѓа во САД со цел раѓање дете, кое по автоматизам стекнува американско државјанство.
Извршните укази ја утврдуваат политиката на администрацијата во САД, но сами по себе немаат сила на закон и можат да бидат оспорени пред судовите.
На почетокот на својот втор мандат, Трамп потпиша указ со кој исто така се обиде значително да го ограничи правото на стекнување државјанство по раѓање, односно исклучување на децата родени во САД чии родители престојувале во земјата само привремено или без регулиран престој.
Врховниот суд на САД во јуни го одби неговиот указ, посочувајќи дека според 14-тиот амандман на американскиот Устав, уште од 1868 година децата родени во САД автоматски стекнуваат американско државјанство

Македонски


