
Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет.
Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три дела што претставуваат врв на оперската и балетската уметност, нудејќи атмосфера на достоинство, префинетост и уметничка длабочина. Секоја изведба е внимателно подготвена со цел да создаде вистинско културно искуство, соопштија од Националната опера и балет.
„Тоска“, како што се наведува, носи драматична енергија и силна сценска експресија што го отсликува вечниот судир меѓу љубовта и моќта. „Тоска“ ќе биде изведена на 6 март во 19:30 часот.
„Мадам Батерфлај“ (13 март, во 19,30 )раскажува деликатна и длабоко човечка приказна што ја нагласува убавината на искрената емоција.
„Оревокршачка“ (28 март, 19,30) , пак, создава атмосфера на елеганција и сценска раскош, претворајќи ја ноќта во вистински празник на уметноста.

Македонски



