
Две лица ограбиле 67-годишна жена во центарот на Скопје, а потоа ја нападнале со тврд предмет кога таа тргнала по нив во обид да си го врати ранецот.
Случајот во СВР Скопје бил пријавен на 9 август во 14:40 часот од Г.С. (67) од Кочанско. Според нејзината пријава, инцидентот се случил околу 07:30 часот на подрачјето на Центар.
Двете лица ѝ се доближиле на жената, по што едното со употреба на физичка сила ѝ го одзело женскиот ранец, во кој имало лични документи и други лични предмети.
Крадците се обиделе да побегнат, но жената тргнала по нив и влегла во автобус, обидувајќи се да си го врати ранецот. Во автобусот, едното од лицата ја удрило со тврд предмет, по што двајцата избегале.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Македонски


