
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери ги искажа впечатоците по победата над Бриж (3:0) синоќа во реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите.
– Првото полувреме беше малку напнато, не е изненадувачки, бидејќи секој тим во Лигата на шампионите игра така. Не можевме да ги запреме, не можевме да доминираме со топката. Во вториот дел целосно ја променивме играта. Нашиот план успеа. Благодарение на нашата доминација на теренот постигнавме три гола. Мојата цел, им кажав на играчите, е да играм исто како што тоа го направивме во второто полувреме против Бриж, изјави Емери за сајтот на УЕФА.
Астон Вила се пласираше во четвртфиналето каде ќе се соочи со ПСЖ. Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 9 април, а реваншот во Англија на 15.