воени вежби Archives - Република https://republika.mk/tema/voeni-vezbi/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 16:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воени вежби Archives - Република https://republika.mk/tema/voeni-vezbi/ 32 32 Русија и Белорусија ја почнаа втората фаза од нуклеарните тактички вежби поради заканите од Западот https://republika.mk/vesti/svet/rusija-i-belorusija-ja-pochnaa-vtorata-faza-od-nuklearnite-taktichki-vezhbi-poradi-zakanite-od-zapadot/ Tue, 11 Jun 2024 16:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=786645

Руската и белоруската војска ја почнаа втората фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје поради заканите од западните сили.

Во првата фаза, руските трупи вежбаа како да ги поставуваат и распоредуваат ракетите Искандер, додека воздухопловните сили вежбаа вооружување на хиперсоничните ракети „Кинжал“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Втората фаза вклучува обука на руски и белоруски единици „за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“.

Целта на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија и Белорусија, со цел безусловно обезбедување на суверенитет и територијален интегритет, соопштија од руското министерство.

Русија објави дека ги спроведува вежбите поради тоа што САД и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт обезбедувајќи и на Украина оружје за напади врз руска територија.

The post Русија и Белорусија ја почнаа втората фаза од нуклеарните тактички вежби поради заканите од Западот appeared first on Република.

]]>

Руската и белоруската војска ја почнаа втората фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје поради заканите од западните сили. Во првата фаза, руските трупи вежбаа како да ги поставуваат и распоредуваат ракетите Искандер, додека воздухопловните сили вежбаа вооружување на хиперсоничните ракети „Кинжал“, соопшти руското Министерство за одбрана. Втората фаза вклучува обука на руски и белоруски единици „за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“.
Целта на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија и Белорусија, со цел безусловно обезбедување на суверенитет и територијален интегритет, соопштија од руското министерство.
Русија објави дека ги спроведува вежбите поради тоа што САД и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт обезбедувајќи и на Украина оружје за напади врз руска територија.

The post Русија и Белорусија ја почнаа втората фаза од нуклеарните тактички вежби поради заканите од Западот appeared first on Република.

]]>
Ќе дојдат ли во Македонија: Велика Британија ќе распореди 20.000 војници ширум Европа заради на вежби на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/ke-dojdat-li-vo-makedonija-velika-britanija-ke-rasporedi-20-000-vojnitsi-shirum-evropa-zaradi-na-vezhbi-na-nato/ Mon, 15 Jan 2024 08:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=733111

Британската влада ќе испрати 20.000 војници да учествуваат во вежбите на НАТО „Одлучен бранител“ (Steadfast Defender), кои треба да почнат во првата половина на оваа година.

Во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада се нагласува дека распоредувањето на силите во рамките на „една од најголемите вежби од периодот на Студената војна“ опфаќа распоредување на 16 илјади војници во Источна Европа од февруари до јуни, како и тенкови, артилерија, хеликоптери.

The post Ќе дојдат ли во Македонија: Велика Британија ќе распореди 20.000 војници ширум Европа заради на вежби на НАТО appeared first on Република.

]]>

Британската влада ќе испрати 20.000 војници да учествуваат во вежбите на НАТО „Одлучен бранител“ (Steadfast Defender), кои треба да почнат во првата половина на оваа година. Во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада се нагласува дека распоредувањето на силите во рамките на „една од најголемите вежби од периодот на Студената војна“ опфаќа распоредување на 16 илјади војници во Источна Европа од февруари до јуни, како и тенкови, артилерија, хеликоптери.

The post Ќе дојдат ли во Македонија: Велика Британија ќе распореди 20.000 војници ширум Европа заради на вежби на НАТО appeared first on Република.

]]>
Трета заедничка поморска патрола на Русија и Кина во Тихиот Океан https://republika.mk/vesti/svet/treta-zaednichka-pomorska-patrola-na-rusija-i-kina-vo-tihiot-okean/ Fri, 28 Jul 2023 09:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=666214

Воени бродови на морнариците на Русија и Кина ја почнаа третата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан.

Како што соопштија од руската Тихоокеанска флота, задачите на заедничката патрола се зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина, одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, како и следење на морската област и заштита на објектите на поморската економска активност на двете земји.

Откако бродовите го напуштија Владивосток, во водите на заливот Петар Велики беше формиран заеднички конвој кој тргна по рутата која претходно ја договорија двете страни.

The post Трета заедничка поморска патрола на Русија и Кина во Тихиот Океан appeared first on Република.

]]>

Воени бродови на морнариците на Русија и Кина ја почнаа третата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан. Како што соопштија од руската Тихоокеанска флота, задачите на заедничката патрола се зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина, одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, како и следење на морската област и заштита на објектите на поморската економска активност на двете земји. Откако бродовите го напуштија Владивосток, во водите на заливот Петар Велики беше формиран заеднички конвој кој тргна по рутата која претходно ја договорија двете страни.

The post Трета заедничка поморска патрола на Русија и Кина во Тихиот Океан appeared first on Република.

]]>
Кина и Русија почнаа заеднички воени вежби во Јапонското Море https://republika.mk/vesti/svet/kina-i-rusija-pochnaa-zaednichki-voeni-vezhbi-vo-japonskoto-more/ Sun, 16 Jul 2023 12:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=661937

Кинеска поморска флота отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде што ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, на воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“.

Пет кинески воени бродови и четири хеликоптери учествуваат во вежбата наречена „Cеверна/Интеракција-2023“, која тргна на „рандеву со руските сили на однапред одредена локација“, објави кинеското Министерство на својот официјален профил на „ВиЧет“.

Во саботата, Министерството објави дека руските поморски и воздушни сили ќе учествуваат на вежба одржана во Јапонското Море и тоа  ќе биде првпат руските воздушни и поморски сили заеднички да учествуваат на вежбата.

Руските воени бродови „Громки“ и „Савјершени“, кои учествуваат на вежбите, извршија одделни вежби со кинеската морнарица во Шангај претходно овој месец.

The post Кина и Русија почнаа заеднички воени вежби во Јапонското Море appeared first on Република.

]]>

Кинеска поморска флота отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде што ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, на воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“.
Пет кинески воени бродови и четири хеликоптери учествуваат во вежбата наречена „Cеверна/Интеракција-2023“, која тргна на „рандеву со руските сили на однапред одредена локација“, објави кинеското Министерство на својот официјален профил на „ВиЧет“.
Во саботата, Министерството објави дека руските поморски и воздушни сили ќе учествуваат на вежба одржана во Јапонското Море и тоа  ќе биде првпат руските воздушни и поморски сили заеднички да учествуваат на вежбата. Руските воени бродови „Громки“ и „Савјершени“, кои учествуваат на вежбите, извршија одделни вежби со кинеската морнарица во Шангај претходно овој месец.

The post Кина и Русија почнаа заеднички воени вежби во Јапонското Море appeared first on Република.

]]>
АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/arm-ispraka-vojnitsi-na-vezhbata-sira-ex-vo-germanija/ Tue, 02 May 2023 20:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=636150

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година.

Вежбата „SIRA EX“, според образложението од Министерството за одбрана, ќе допринесе за стекнување со знаења и обнова на веќе стекнатите знаења при процесот на донесување воена одлука на ниво баталјон и бригада. Целта на вежбата е лидерите и останатиот персонал да ги применуваат постапките при процесот на донесување на воена одлука на механизирано пешадиски и пешадиски единици во мултинационални команди и штабови на национално и меѓународно рамниште, а споделените искуства и научените лекции се неопходни за персоналот на Армијата за извршување на мултинационални операции.

The post АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија appeared first on Република.

]]>

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година. Вежбата „SIRA EX“, според образложението од Министерството за одбрана, ќе допринесе за стекнување со знаења и обнова на веќе стекнатите знаења при процесот на донесување воена одлука на ниво баталјон и бригада. Целта на вежбата е лидерите и останатиот персонал да ги применуваат постапките при процесот на донесување на воена одлука на механизирано пешадиски и пешадиски единици во мултинационални команди и штабови на национално и меѓународно рамниште, а споделените искуства и научените лекции се неопходни за персоналот на Армијата за извршување на мултинационални операции.

The post АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија appeared first on Република.

]]>
Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан https://republika.mk/vesti/svet/rusija-kina-i-juzhna-afrika-pochnuvaat-voeni-vezhbi-vo-indiskiot-okean/ Wed, 22 Feb 2023 21:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=612109

Во Јужна Африка се одржа церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари.

На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана.

Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и порача дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.

The post Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>

Во Јужна Африка се одржа церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари. На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана. Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и порача дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.

The post Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>
Руската Балтичка флота зимава ќе одржува масовни воени вежби https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-baltichka-flota-zimava-kje-odrzuva-masovni-voeni-vezbi/ Sat, 19 Nov 2022 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=575823

Руската балтичка флота подготвува бројни воени вежби од големи размери.

За време на зимскиот период на обука, на полигоните на Балтичката флота се закажани неколку десетици големи маневри на различни нивоа, вклучувајќи оклопни и моторизирани вооружени единици, воздушна одбрана, радио, артилериски и извидувачки одреди, како и воздухопловни сили на флотата, соопшти прес-службата на флотата.

Балтичката флота е сместена во руската ексклава Калининград. Терминот за обука во вооружените сили почнува на 1 декември.

Балтичката флота, од 2016 година, вклучи поголема армиска единица со формирањето на 11-тиот армиски корпус. Неодамна се дозна дека овој корпус бил зајакнат со дополнителна моторизирана дивизија, пренесе ДПА.

Руската војска го оправда зајакнувањето со високото ниво на активност на НАТО на западните граници на Русија.

Калининград е опкружен со земјите од ЕУ, Полска и Литванија, и се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од Москва во права линија, но само околу 500 километри од Берлин.

The post Руската Балтичка флота зимава ќе одржува масовни воени вежби appeared first on Република.

]]>

Руската балтичка флота подготвува бројни воени вежби од големи размери.
За време на зимскиот период на обука, на полигоните на Балтичката флота се закажани неколку десетици големи маневри на различни нивоа, вклучувајќи оклопни и моторизирани вооружени единици, воздушна одбрана, радио, артилериски и извидувачки одреди, како и воздухопловни сили на флотата, соопшти прес-службата на флотата.
Балтичката флота е сместена во руската ексклава Калининград. Терминот за обука во вооружените сили почнува на 1 декември. Балтичката флота, од 2016 година, вклучи поголема армиска единица со формирањето на 11-тиот армиски корпус. Неодамна се дозна дека овој корпус бил зајакнат со дополнителна моторизирана дивизија, пренесе ДПА. Руската војска го оправда зајакнувањето со високото ниво на активност на НАТО на западните граници на Русија. Калининград е опкружен со земјите од ЕУ, Полска и Литванија, и се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од Москва во права линија, но само околу 500 километри од Берлин.

The post Руската Балтичка флота зимава ќе одржува масовни воени вежби appeared first on Република.

]]>
Пјонгјанг најави „безмилосен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/pjongjang-najavi-bezmilosen-odgovor-na-zaednichkite-vezbi-na-sad-i-juzna-koreja/ Mon, 07 Nov 2022 09:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=570792

Северна Кореја најави „цврст и безмилосен" одговор на воените вежби на САД и Јужна Кореја, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Неодамнешните тестови на балистички ракети се „јасен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, се вели во соопштението.

„Колку подолго ќе продолжат воените провокации на непријателот, толку побезмилосно ќе им се спротивстави Корејската народна армија“, се додава во соопштението.

Стотици американски и јужнокорејски воени авиони, вклучително и бомбардери Б-1Б, учествуваа во заеднички вежби од 31 октомври до 5 ноември. За прв пат бомбардерите Б-1Б биле испратени на Корејскиот Полуостров уште од декември 2017 година.

Северна Кореја истрела десетици балистички ракети во морето за време на вежбите меѓу САД и Јужна Кореја, од кои едната падна во близина на јужните територијални води.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол го осуди како „де факто територијална инвазија“.

The post Пјонгјанг најави „безмилосен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја најави „цврст и безмилосен" одговор на воените вежби на САД и Јужна Кореја, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Неодамнешните тестови на балистички ракети се „јасен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, се вели во соопштението. „Колку подолго ќе продолжат воените провокации на непријателот, толку побезмилосно ќе им се спротивстави Корејската народна армија“, се додава во соопштението. Стотици американски и јужнокорејски воени авиони, вклучително и бомбардери Б-1Б, учествуваа во заеднички вежби од 31 октомври до 5 ноември. За прв пат бомбардерите Б-1Б биле испратени на Корејскиот Полуостров уште од декември 2017 година. Северна Кореја истрела десетици балистички ракети во морето за време на вежбите меѓу САД и Јужна Кореја, од кои едната падна во близина на јужните територијални води. Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол го осуди како „де факто територијална инвазија“.

The post Пјонгјанг најави „безмилосен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
Американски војници од КФОР вежбаат на „Криволак“ https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanski-vojnici-od-kfor-vezbaat-na-krivolak/ Mon, 22 Aug 2022 07:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=542722

Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД, кои се дел од мисијата КФОР во Косово, изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, кои се реализираат на армискиот полигон „Криволак“ во периодот од 20 до 26 август.

Овој вид вежбовни активности на АП „Криволак“, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамки на мисијата КФОР кои се реализираа и претходно, ги потврдува и промовира можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави - се вели во соопштението од Генералштабот на Армијата.

Во соопштеието се додава дека претходно, Армискиот полигон Криволак ги исполнил сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а тоа, како што велат од ГШ, истото се потврдило и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“.

Армијата на Република Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите - велат од ГШ на АРМ.

Оттаму додаваат дека активноста се изведува согласно одлуката на 68 седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.

The post Американски војници од КФОР вежбаат на „Криволак“ appeared first on Република.

Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-najde-vo-noviot-zakon-za-budzet-za-odbrana-na-sad/ Wed, 17 Aug 2022 19:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=541501

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

Новиот директор на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, во јуни имале средба со Мeклејн, со цел да побараат поактивен ангажман на САД во Македонија.

Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни, изјави Колоски.

The post Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година. Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија. Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.
Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија, се вели во Законот.
Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“. Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка. Новиот директор на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, во јуни имале средба со Мeклејн, со цел да побараат поактивен ангажман на САД во Македонија.
Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни, изјави Колоски.

The post Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>
Кина: Вежбите околу Тајван се предупредување за САД и лекција за тајванските сепаратисти https://republika.mk/vesti/svet/kina-vezbite-okolu-tajvan-se-predupreduvanje-za-sad-i-lekcija-za-tajvanskite-separatisti-2/ Tue, 09 Aug 2022 12:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=538393

Кинеската војска спроведува маневри околу Тајван за да ги предупреди САД и да им одржи лекција на „тајванските сепаратисти“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

– Мерките што ги презедовме се одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставичкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. Одговорот на Кина е оправдан и легитимен и претставува предупредување за поттикнувачи и поука за тајванските сепаратисти, истакна Ванг.

Тој подвлече оти постои само една Кина, чиј составен дел е и Тајван.

Претходно, министерот за надворешни работи на Владата во Тајпеј, Џозеф Ву изјави дека Кина ја искористила посетата на Пелоси за да започне големи воени маневри близу Тајван, со цел промена на статус кво во зоната на Тајванскиот теснец.

The post Кина: Вежбите околу Тајван се предупредување за САД и лекција за тајванските сепаратисти appeared first on Република.

]]>

Кинеската војска спроведува маневри околу Тајван за да ги предупреди САД и да им одржи лекција на „тајванските сепаратисти“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. – Мерките што ги презедовме се одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставичкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. Одговорот на Кина е оправдан и легитимен и претставува предупредување за поттикнувачи и поука за тајванските сепаратисти, истакна Ванг. Тој подвлече оти постои само една Кина, чиј составен дел е и Тајван. Претходно, министерот за надворешни работи на Владата во Тајпеј, Џозеф Ву изјави дека Кина ја искористила посетата на Пелоси за да започне големи воени маневри близу Тајван, со цел промена на статус кво во зоната на Тајванскиот теснец.

The post Кина: Вежбите околу Тајван се предупредување за САД и лекција за тајванските сепаратисти appeared first on Република.

]]>
Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот https://republika.mk/vesti/svet/kina-so-voeni-vezbi-vo-blizina-na-tajvan-ja-dochekuva-posetata-na-nensi-pelosi-na-ostrovot/ Sat, 30 Jul 2022 13:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=535107

Кина соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот.

Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија.

Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан кај провинцијата Фуџијан од 8:00 до 21:00 часот по локално време.

Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.

Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Не е познато дали во вежбата биле вклучени проектили, авиони или друго оружје.

Пелоси, којашто ќе биде највисоката американска функционерка што го посетила Тајван од 1997 година, допрва треба да потврди дали и кога ќе го посети островот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден таквата посета ја окарактеризира како „надворешно мешање“ во работите на Кина со островот.

Кина смета дека Тајван нема право да води независна надворешна политика и ги гледа посетите на американските претставници на островот како поддршка за едностраното признавање на независноста на таа територија.

The post Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот appeared first on Република.

]]>

Кина соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија. Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан кај провинцијата Фуџијан од 8:00 до 21:00 часот по локално време. Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа. Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Не е познато дали во вежбата биле вклучени проектили, авиони или друго оружје. Пелоси, којашто ќе биде највисоката американска функционерка што го посетила Тајван од 1997 година, допрва треба да потврди дали и кога ќе го посети островот. Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден таквата посета ја окарактеризира како „надворешно мешање“ во работите на Кина со островот. Кина смета дека Тајван нема право да води независна надворешна политика и ги гледа посетите на американските претставници на островот како поддршка за едностраното признавање на независноста на таа територија.

The post Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот appeared first on Република.

]]>
Русија најави големи воени вежби на истокот од земјата https://republika.mk/vesti/svet/rusija-najavi-golemi-voeni-vezbi-na-istokot-od-zemjata/ Tue, 26 Jul 2022 21:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=533556

Русија планира да одржи стратешки воени вежби на истокот на земјата почнувајќи од крајот на август, соопшти Министерството за одбрана, илјадници километри оддалечени од војната во Украина.
Вежбите „Восток“ (Исток) ќе се одржат од 30 август до 5 септември. Нивната цел, се чини, е да испратат порака дека Русија и покрај скапата петмесечна војна во Украина, сепак останува фокусирана на одбраната на целата своја територија и дека е воено способна да функционира нормално.

Во соопштението, Министерството нагласи дека нивната способност да одржуваат такви вежби не е засегната од, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“ во Украина. Се наведува дека Русија не откажала никакви активности за обука или меѓународна соработка и дека целиот неопходен персонал, оружје и опрема ќе учествува на вежбите.

„Вашето внимание го обрнуваме на фактот дека само дел од вооружените сили на Руската Федерација се вклучени во воената операција во Украина и тоа е доволен број за исполнување на сите задачи поставени од врховниот командант.“ се вели во соопштението.

„Некои странски медиуми шират лажни информации за „некои наводни активности за мобилизација“, се додава.

И покрај големите загуби на Русија и бавниот напредок во Украина, претседателот Владимир Путин не нареди мобилизација на резервистите во земјата, која, според проценките, изнесува два милиони луѓе кои служеле војска во последните пет години.

Претстојните вежби ќе се одржат во Источниот воен округ, кој опфаќа делови од Сибир, а седиштето е во Хабаровск во близина на кинеската граница.

Ќе бидат вклучени и некои странски сили, соопшти Министерството за одбрана, но не соопштиле точно за кои земји станува збор. Минатата година воени единици од Ерменија, Казахстан, Киргистан и Монголија учествуваа во големите воени вежби во Русија и Белорусија.

The post Русија најави големи воени вежби на истокот од земјата appeared first on Република.

]]>

Русија планира да одржи стратешки воени вежби на истокот на земјата почнувајќи од крајот на август, соопшти Министерството за одбрана, илјадници километри оддалечени од војната во Украина. Вежбите „Восток“ (Исток) ќе се одржат од 30 август до 5 септември. Нивната цел, се чини, е да испратат порака дека Русија и покрај скапата петмесечна војна во Украина, сепак останува фокусирана на одбраната на целата своја територија и дека е воено способна да функционира нормално. Во соопштението, Министерството нагласи дека нивната способност да одржуваат такви вежби не е засегната од, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“ во Украина. Се наведува дека Русија не откажала никакви активности за обука или меѓународна соработка и дека целиот неопходен персонал, оружје и опрема ќе учествува на вежбите. „Вашето внимание го обрнуваме на фактот дека само дел од вооружените сили на Руската Федерација се вклучени во воената операција во Украина и тоа е доволен број за исполнување на сите задачи поставени од врховниот командант.“ се вели во соопштението. „Некои странски медиуми шират лажни информации за „некои наводни активности за мобилизација“, се додава. И покрај големите загуби на Русија и бавниот напредок во Украина, претседателот Владимир Путин не нареди мобилизација на резервистите во земјата, која, според проценките, изнесува два милиони луѓе кои служеле војска во последните пет години. Претстојните вежби ќе се одржат во Источниот воен округ, кој опфаќа делови од Сибир, а седиштето е во Хабаровск во близина на кинеската граница. Ќе бидат вклучени и некои странски сили, соопшти Министерството за одбрана, но не соопштиле точно за кои земји станува збор. Минатата година воени единици од Ерменија, Казахстан, Киргистан и Монголија учествуваа во големите воени вежби во Русија и Белорусија.

The post Русија најави големи воени вежби на истокот од земјата appeared first on Република.

]]>
Белоруската армија со серија маневри се подготвува за прeмин од мир во војна https://republika.mk/vesti/svet/beloruskata-armija-so-serija-manevri-se-podgotvuva-za-premin-od-mir-vo-vojna/ Tue, 07 Jun 2022 12:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=512216

Белоруското министерство за одбрана соопшти дека Вооружените сили на Белорусија почнале серија маневри со кои се тренира борбена готовност во услови на транзиција од мирно време во војна.

Главната цел на вежбите е спроведување на серија континуирани обуки кои ги вклучуваат сите категории на воен персонал, воени единици и командни центри, кои треба да практикуваат координирани мерки за премин од мир во војна - соопштија од белоруското Министерство за одбрана во телеграма.

The post Белоруската армија со серија маневри се подготвува за прeмин од мир во војна appeared first on Република.

Русија почна големи поморски воени вежби на Пацификот https://republika.mk/vesti/svet/rusija-pochna-golemi-pomorski-voeni-vezbi-na-pacifikot/ Fri, 03 Jun 2022 14:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=510705

Руската пацифичка флота почна големи поморски вежби, во кои учествуваат над 40 воени бродови и 20 авиони, соопшти руското Министерството за одбрана.

Предвидено е вежбите да траат до 10 јуни.

Рускиот команден брод „Маршал Крилов“, фрегата „Маршал Шапошников“ и група големи противподморнички бродови и корвети, мали противподморнички бродови, миночистачи, ракетни чамци и помошни бродови, ќе дејствуваат во одредени подрачја на Тихи Океан за време на вежбите - се наведува во соопштението.

The post Русија почна големи поморски воени вежби на Пацификот appeared first on Република.

]]>

Руската пацифичка флота почна големи поморски вежби, во кои учествуваат над 40 воени бродови и 20 авиони, соопшти руското Министерството за одбрана. Предвидено е вежбите да траат до 10 јуни.
Рускиот команден брод „Маршал Крилов“, фрегата „Маршал Шапошников“ и група големи противподморнички бродови и корвети, мали противподморнички бродови, миночистачи, ракетни чамци и помошни бродови, ќе дејствуваат во одредени подрачја на Тихи Океан за време на вежбите - се наведува во соопштението.
 
The post Русија почна големи поморски воени вежби на Пацификот appeared first on Република.

]]>
Белорусија најави воени вежби на границата со Украина https://republika.mk/vesti/svet/belorusija-najavi-voeni-vezbi-na-granicata-so-ukraina/ Tue, 31 May 2022 19:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=509460

Беларусија ќе спроведе воена мобилизациска вежба во близина на украинската граница во јуни и јули, пренесува државната новинска агенција БелТА.

Вежбите ќе се одржат во регионот Гомел на југ, кој се граничи со зоната на исклучување околу местото на катастрофата во Чернобил. На исток се граничи со Русија.

Белорусија во март соопшти дека нејзините вооружени сили не учествуваат во војната во Украина, но служеле како платформа за Русија да испрати илјадници војници преку границата.

The post Белорусија најави воени вежби на границата со Украина appeared first on Република.

]]>

Беларусија ќе спроведе воена мобилизациска вежба во близина на украинската граница во јуни и јули, пренесува државната новинска агенција БелТА.

Вежбите ќе се одржат во регионот Гомел на југ, кој се граничи со зоната на исклучување околу местото на катастрофата во Чернобил. На исток се граничи со Русија. Белорусија во март соопшти дека нејзините вооружени сили не учествуваат во војната во Украина, но служеле како платформа за Русија да испрати илјадници војници преку границата.

The post Белорусија најави воени вежби на границата со Украина appeared first on Република.

]]>
Белорусија ненадејно почна воени вежби https://republika.mk/vesti/svet/belorusija-nenadejno-pochna-voeni-vezbi/ Wed, 04 May 2022 14:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=497497

Вооружените сили на Белорусија, ненадејно почнале воени вежби со цел да се тестира борбената готовност, објави белоруската новинска агенција „Белта“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека вежбите не претставуваат никаква закана за европската заедница во целина, а особено не за соседните земји.

Ќе се практикува доведување на единиците во борбена готовност, а целта е да се процени подготвеноста и способноста за реагирање на можни кризни ситуации - стои во соопштението.

Како што се наведува, силите вклучени во вежбата постепено ќе се зголемуваат, а големо внимание ќе се посвети на системите за поддршка.

The post Белорусија ненадејно почна воени вежби appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили на Белорусија, ненадејно почнале воени вежби со цел да се тестира борбената готовност, објави белоруската новинска агенција „Белта“. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека вежбите не претставуваат никаква закана за европската заедница во целина, а особено не за соседните земји.
Ќе се практикува доведување на единиците во борбена готовност, а целта е да се процени подготвеноста и способноста за реагирање на можни кризни ситуации - стои во соопштението.
Како што се наведува, силите вклучени во вежбата постепено ќе се зголемуваат, а големо внимание ќе се посвети на системите за поддршка.

The post Белорусија ненадејно почна воени вежби appeared first on Република.

]]>
Иран, Русија и Кина почнаа заднички поморски воени вежби во Индискиот Океан https://republika.mk/vesti/svet/iran-rusija-i-kina-pochnaa-zadnichki-pomorski-voeni-vezbi-vo-indiskiot-okean/ Fri, 21 Jan 2022 07:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=447369

Иран, Русија и Кина денеска почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан, со цел да ја зголемат поморската безбедност.

Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански, три руски бродови, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.

Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери.

Kако што се наведува, вежбите ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.

Ова е трета заедничка вежба на трите земји.

The post Иран, Русија и Кина почнаа заднички поморски воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>

Иран, Русија и Кина денеска почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан, со цел да ја зголемат поморската безбедност. Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански, три руски бродови, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода. Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери. Kако што се наведува, вежбите ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари. Ова е трета заедничка вежба на трите земји.

The post Иран, Русија и Кина почнаа заднички поморски воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>
Русија и Белорусија ќе одржат заеднички воени вежби од 10 до 20 февруари https://republika.mk/vesti/svet/rusija-i-belorusija-kje-odrzat-zaednichki-voeni-vezbi-od-10-do-20-fevruari/ Tue, 18 Jan 2022 09:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=446190

Од 10 до 20 февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се изведуваат на пет полигони и четири аеродроми.

Заедничките воени вежби на двете земји, во текот на вчерашниот ден, ги најави и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Манврите ќе се одржат во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради ситуацијата во и околу Украина.

Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и бара гаранции од НАТО дека нема да се прошири кон исток.

The post Русија и Белорусија ќе одржат заеднички воени вежби од 10 до 20 февруари appeared first on Република.

]]>

Од 10 до 20 февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана. Маневрите ќе се изведуваат на пет полигони и четири аеродроми. Заедничките воени вежби на двете земји, во текот на вчерашниот ден, ги најави и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Манврите ќе се одржат во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради ситуацијата во и околу Украина. Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и бара гаранции од НАТО дека нема да се прошири кон исток.

The post Русија и Белорусија ќе одржат заеднички воени вежби од 10 до 20 февруари appeared first on Република.

]]>