Иран, Русија и Кина денеска почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан, со цел да ја зголемат поморската безбедност.

Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански, три руски бродови, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.

Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери.

Kако што се наведува, вежбите ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.

Ова е трета заедничка вежба на трите земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.