настава Archives - Република https://republika.mk/tema/nastava/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 12:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настава Archives - Република https://republika.mk/tema/nastava/ 32 32 Поради високите температури: МОН препорачува основните училишта да работат со скратени часови https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-visokite-temperaturi-mon-preporachuva-osnovnite-uchilishta-da-rabotat-so-skrateni-chasovi/ Wed, 12 Jun 2024 12:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=786949

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:

– Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;

– Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

– Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;

– Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Македонија.

The post Поради високите температури: МОН препорачува основните училишта да работат со скратени часови appeared first on Република.

]]>

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува: – Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува; – Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат; – Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода; – Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден. Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Македонија.

The post Поради високите температури: МОН препорачува основните училишта да работат со скратени часови appeared first on Република.

]]>
Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-ponedelnik-na-proleten-raspust-se-vrakaat-na-7-maj-ama-so-skrateni-chasovi/ Fri, 26 Apr 2024 08:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=771261

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

The post Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови appeared first on Република.

]]>

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето. Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови. Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

The post Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови appeared first on Република.

]]>
МОН: Ќе се одработува и Самитот на ОБСЕ и за изборите, но место во саботи во работни денови https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-ke-se-odrabotuva-i-samitot-na-obse-i-za-izborite-no-mesto-vo-saboti-vo-rabotni-denovi/ Tue, 23 Apr 2024 15:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=769745

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема да биде продолжена и ќе заврши согласно календарот за настава, но во денови од работната недела учениците ќе престојуваат подолго за да го надоместат пропуштеното. За организирањето се задолжени директорите на училиштата.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН.

Министерство за образование и наука потсетува дека наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни.

Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја, наведува МОН.

Училиштата нема да работат утре и на 8 мај, а во оние каде што ќе се спроведува гласањето, поради подготовките денеска работеа со скратени часови.

The post МОН: Ќе се одработува и Самитот на ОБСЕ и за изборите, но место во саботи во работни денови appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови. МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема да биде продолжена и ќе заврши согласно календарот за настава, но во денови од работната недела учениците ќе престојуваат подолго за да го надоместат пропуштеното. За организирањето се задолжени директорите на училиштата.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН.
Министерство за образование и наука потсетува дека наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни.
Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја, наведува МОН.
Училиштата нема да работат утре и на 8 мај, а во оние каде што ќе се спроведува гласањето, поради подготовките денеска работеа со скратени часови.

The post МОН: Ќе се одработува и Самитот на ОБСЕ и за изборите, но место во саботи во работни денови appeared first on Република.

]]>
Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони https://republika.mk/vesti/skopje/vo-osnovnite-uchilishta-vo-gazi-baba-od-deneska-nastavata-se-sledi-bez-mobilni-telefoni/ Fri, 13 Oct 2023 12:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=690956

Од денеска во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.

За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.

The post Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Од денеска во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.
Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.
За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница. Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.  

The post Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
По масовното убиство учениците во Србија почнуваат со настава, освен во „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/po-masovnoto-ubistvo-uchenitsite-vo-srbija-pochnuvaat-so-nastava-osven-vo-vladislav-ribnikar/ Mon, 08 May 2023 09:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=638277

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, цвеќе и свеќи што ги оставаат граѓаните. Нема настава, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од одделенската настава, од прво до четврто одделение. Наставата за сите ученици треба да започне во среда на 10 мај, седмиот ден од невидената трагедија.

Министерството за образование, здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза, Филозофскиот факултет, Здружението на психолози, Тимот за кризни состојби на училиштето и вработените во ова училиште подготвија План за интервенција во кризи, кој предвидува поддршка на децата, родителите и вработените, индивидуално и групно и подготовка за враќање на училиште.

Поддршка ќе даваат и психијатри и психолози од Заводот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија и Друштвото на психолози.

Враќањето на учениците на училиште во комуникација со родителите треба да го организира Училишниот тим за кризни интервенции.

Помошта се планира и за учениците од сите училишта во Србија, бидејќи самото сознание за трагедијата е траума за многумина, особено за децата и наставниците.

The post По масовното убиство учениците во Србија почнуваат со настава, освен во „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, цвеќе и свеќи што ги оставаат граѓаните. Нема настава, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од одделенската настава, од прво до четврто одделение. Наставата за сите ученици треба да започне во среда на 10 мај, седмиот ден од невидената трагедија. Министерството за образование, здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза, Филозофскиот факултет, Здружението на психолози, Тимот за кризни состојби на училиштето и вработените во ова училиште подготвија План за интервенција во кризи, кој предвидува поддршка на децата, родителите и вработените, индивидуално и групно и подготовка за враќање на училиште. Поддршка ќе даваат и психијатри и психолози од Заводот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија и Друштвото на психолози. Враќањето на учениците на училиште во комуникација со родителите треба да го организира Училишниот тим за кризни интервенции. Помошта се планира и за учениците од сите училишта во Србија, бидејќи самото сознание за трагедијата е траума за многумина, особено за децата и наставниците.  

The post По масовното убиство учениците во Србија почнуваат со настава, освен во „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Не сакаме реприза на пасивноста, анксиозноста и немањето волја за живот кај нашите деца, решете ја безбедноста во училиштата, бара иницијативата „Учебници и настава мора да има“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakame-repriza-na-pasivnosta-anksioznosta-i-nemaneto-volja-za-zhivot-kaj-nashite-detsa-reshete-ja-bezbednosta-vo-uchilishtata-bara-initsijativata-uchebnitsi-i-nastava-mora-da-ima/ Fri, 03 Mar 2023 11:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=615492

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” испратила барање до Министерството за образование и наука да ја реши безбедносната состојба во училиштата, како што информира, „со временска рамка од 15 дена“.

Ние, родителите, веќе три години се бориме со образовните проблеми и денес повторно се спротивставуваме на насоката од МОН доколку има дојави за бомби учениците да следат настава на далечина од дома. Дојави за бомби нема еден месец, туку пет месеци. Го нарушија нашето секојдневие. Премногу стресно и тешко им влијае на децата и на поширокото семејство, се наведува во дописот во кој прашуваат: „кој ќе одговара за овие запоставени генерации?“, посочуваат од иницијативата.

Во барањето, потпишано од Драгана Спасевска, овластен претставник на оваа граѓанска иницијатива, се укажува на последиците од онлајн-наставата во корона-пандемијата кога, како што се посочува, 40 000 ученици не следеле настава зашто дома немале ИТ-уреди и интернет.

Ние, родителите, не сакаме реприза на пасивноста, анксиозноста и немањето волја за живот кај нашите деца. Затоа е време оваа власт да преземе одговорност, да ги седне на маса МОН, МВР и меѓународни сајбер-експерти и да го реши овој проблем. Во спротивно, ќе излеземе на протести и ќе ги искажеме и сите останати незадоволства, стои во дописот на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има”.

The post Не сакаме реприза на пасивноста, анксиозноста и немањето волја за живот кај нашите деца, решете ја безбедноста во училиштата, бара иницијативата „Учебници и настава мора да има“ appeared first on Република.

Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-mig-ja-bojkotiraat-nastavata-ovde-sme-za-da-nauchime-poveke-a-ne-da-rabotime-sami/ Wed, 08 Feb 2023 17:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=606623

Учениците од Математичко-информатичката гимназија втор ден ја бојкотираат наставата. Реагираат на изборот на наставниот кадар и нивната стручност. Го бараат квалитетот кој им е гарантиран со закон. Сметаат дека со новоизбраните професори нема да го добијат квалитетот на настава кој им е потребен за подготовка на натпреварите по стручните предмети.

Ние сме овде за да научиме повеќе и да добиеме повеќе, а не да работиме сами. Сме имале многу професори што се потрудиле во овие години и сме имале резултати. Нашата програма е поспецијализирана. Со честите промени на кадарот ние треба да се прилагодуваме на секој нов наставник. Нам ни требаат кадарните професори од ФИНКИ и од ПМФ – велат учениците.

На конкурсот кој траел само три дена и не бил доволно транспарентен примени се професори од приватни факултети, а професори од ФИНКИ се одбиени без образложение.

Овие професори биле и иницијатори за формирање на гимназијата која ќе понуди специјализирана настава за најталентираните. За нив материјалниот надомест не е предизвик.

Директорката не беше ниту денеска достапна за одговори на медиумите. Од МОН соопштија дека бил распишан јавен оглас и изборот е извршен соглано критериумите. Пропуштените часови кои ги реализираат стручните лице ќе бидат надоместени велат од министерството.

The post Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами appeared first on Република.

]]>

Учениците од Математичко-информатичката гимназија втор ден ја бојкотираат наставата. Реагираат на изборот на наставниот кадар и нивната стручност. Го бараат квалитетот кој им е гарантиран со закон. Сметаат дека со новоизбраните професори нема да го добијат квалитетот на настава кој им е потребен за подготовка на натпреварите по стручните предмети.
Ние сме овде за да научиме повеќе и да добиеме повеќе, а не да работиме сами. Сме имале многу професори што се потрудиле во овие години и сме имале резултати. Нашата програма е поспецијализирана. Со честите промени на кадарот ние треба да се прилагодуваме на секој нов наставник. Нам ни требаат кадарните професори од ФИНКИ и од ПМФ – велат учениците.
На конкурсот кој траел само три дена и не бил доволно транспарентен примени се професори од приватни факултети, а професори од ФИНКИ се одбиени без образложение. Овие професори биле и иницијатори за формирање на гимназијата која ќе понуди специјализирана настава за најталентираните. За нив материјалниот надомест не е предизвик. Директорката не беше ниту денеска достапна за одговори на медиумите. Од МОН соопштија дека бил распишан јавен оглас и изборот е извршен соглано критериумите. Пропуштените часови кои ги реализираат стручните лице ќе бидат надоместени велат од министерството.

The post Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами appeared first on Република.

]]>
Привремено прекината наставата во 56 училишта поради лошо време https://republika.mk/vesti/balkan/privremeno-prekinata-nastavata-vo-56-uchilishta-poradi-losho-vreme/ Fri, 20 Jan 2023 10:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=599022

Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши најави дека поради лошото време во Албанија наставата во 56 училишта привремено ќе биде прекината.

Куши рече дека одлуката е донесена за да се заштитат учениците и наставниците додека не се подобри ситуацијата. Таа информираше дека изгубените часови ќе се надоместат подоцна според календар што ќе го утврди главната дирекција за предуниверзитетско образование.

Куши им се заблагодари на родителите и учениците за разбирањето и истакна дека ќе се направи сè што е можно за да се вратат во нормални услови.

Во последните 24 часа поројни дождови наврнаа на територијата на цела Албанија. Најпогодени во моментов се северните градови Лежа и Скадар, а голем број населени места во земјата останаа без струја, информира Еуроњуз Албанија.

Утрово некои од главните патишта во централна Албанија се блокирани од снежни врнежи, јави Албанската радио-телевизија.

The post Привремено прекината наставата во 56 училишта поради лошо време appeared first on Република.

]]>

Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши најави дека поради лошото време во Албанија наставата во 56 училишта привремено ќе биде прекината. Куши рече дека одлуката е донесена за да се заштитат учениците и наставниците додека не се подобри ситуацијата. Таа информираше дека изгубените часови ќе се надоместат подоцна според календар што ќе го утврди главната дирекција за предуниверзитетско образование. Куши им се заблагодари на родителите и учениците за разбирањето и истакна дека ќе се направи сè што е можно за да се вратат во нормални услови. Во последните 24 часа поројни дождови наврнаа на територијата на цела Албанија. Најпогодени во моментов се северните градови Лежа и Скадар, а голем број населени места во земјата останаа без струја, информира Еуроњуз Албанија. Утрово некои од главните патишта во централна Албанија се блокирани од снежни врнежи, јави Албанската радио-телевизија.

The post Привремено прекината наставата во 56 училишта поради лошо време appeared first on Република.

]]>
Сите училишта во Аеродром имаат фотоволтаици: И покрај пречките од централната власт, нема да дозволиме затворање на училиштата https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-i-pokraj-prechkite-od-centralnata-vlast-nema-da-dozvolime-zatvoranje-na-uchilishtata/ Mon, 26 Sep 2022 08:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=554209

Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа.

И покрај немањето слух на централната власт за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа, а за што говорат и намалените дотации и трансфери во време на сериозна енергетска и економска криза, Општина Аеродром останува цврсто на ставот дека неопходно е учениците да останат во училишните клупи. Секоја одлука спротивна на ова негативно ќе се одрази на целиот образовен процес.

Општината Аеродром ќе ги преземе сите неопходни чекори со цел младите да можат да посетуваат редовна настава и да не се загрози образовниот процес. Вклучително и преземање на целиот товар кој ќе преоизлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено.

Потсетуваме дека општина Аеродром веќе презема сериозни мерки за штедење електрична енергија. Сите основни училишта беа опремени со фотоволтаици со што се зголеми нивната енергетска независност и значително се намалија трошоците, а неколку училишта добија енергетски ефикасни фасади.

Учениците и непреченото одвивање на наставата со физичко присуство се наш врвен приоритет, а општината Аеродром останува цврсто посветена во обезбедувањето соодветни услови за настава и згрижување на најмладите.

The post Сите училишта во Аеродром имаат фотоволтаици: И покрај пречките од централната власт, нема да дозволиме затворање на училиштата appeared first on Република.

]]>

Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа. И покрај немањето слух на централната власт за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа, а за што говорат и намалените дотации и трансфери во време на сериозна енергетска и економска криза, Општина Аеродром останува цврсто на ставот дека неопходно е учениците да останат во училишните клупи. Секоја одлука спротивна на ова негативно ќе се одрази на целиот образовен процес. Општината Аеродром ќе ги преземе сите неопходни чекори со цел младите да можат да посетуваат редовна настава и да не се загрози образовниот процес. Вклучително и преземање на целиот товар кој ќе преоизлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено. Потсетуваме дека општина Аеродром веќе презема сериозни мерки за штедење електрична енергија. Сите основни училишта беа опремени со фотоволтаици со што се зголеми нивната енергетска независност и значително се намалија трошоците, а неколку училишта добија енергетски ефикасни фасади. Учениците и непреченото одвивање на наставата со физичко присуство се наш врвен приоритет, а општината Аеродром останува цврсто посветена во обезбедувањето соодветни услови за настава и згрижување на најмладите.  

The post Сите училишта во Аеродром имаат фотоволтаици: И покрај пречките од централната власт, нема да дозволиме затворање на училиштата appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство https://republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Wed, 21 Sep 2022 11:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=552885

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.

На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.

Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.
На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.
Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште https://republika.mk/vesti/skopje/bojkot-vo-ou-vlado-tasevski-roditelite-ne-sakaat-nivnite-deca-da-odat-samo-vtora-smena-na-uchilishte/ Fri, 02 Sep 2022 12:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=546796

Учениците од 4-то одделение во скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска не влегоа во своите училници откако родителите одлучија да ја бојкотираат наставата.

Во соопштението што пристигна во нашата редакција е наведено дека родителите со огромно мнозинство ја бојкотираат наставата на нивните деца, оти, како што објаснуваат, училишната управа и директорката на училиштето донеле одлука учениците да одат на училиште само втора смена.

Ние, родители на ученици во 4б ООУ Владо Тасевски – Скопје, продолжуваме со реакцијата за нерамноправниот третман на нашите деца од страна на училишната управа и директорката Викторија Кочовска, поради тоа што во учебната 2022/2023 година нашите деца се осудени да одат на настава САМО во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот). Поради отсуство на слух за нашиот проблем од страна на управата на ООУ Владо Тасевски – Скопје и директорката Викторија Кочовска и покрај неколкуте реакции од родителите од мај 2022 до сега, денеска во огромно мнозинство ја бојкотираме наставата. Директорката Кочовска не презема ниту еден чекор во насока на разрешување на проблемот со капацитет на простории што го мачи училиштето со години. Како и годините наназад, така и овој пат, ние се соочуваме со отсуство на било каква реакција и покрај нашите барања. Од тие причини, како што најавивме во вчерашната информација и изјавата за медиумите, ние денеска реагираме со бојкот на наставата, наведено е во соопштението.

Родителите се надеваат дека најитно ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.

Се надеваме дека ова е предупредување после кое најитно ќе се пристапи кон сериозно разрешување на овој проблем за доброто на нашите деца и нивниот нормален развој. Потсетуваме дека БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ. Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме приморани нашиот револт од ваквата дискриминација да го изразиме со понатамошен бојкот на наставата, реагираат родителите.

https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-na-uchenici-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/

The post Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште appeared first on Република.

]]>

Учениците од 4-то одделение во скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска не влегоа во своите училници откако родителите одлучија да ја бојкотираат наставата. Во соопштението што пристигна во нашата редакција е наведено дека родителите со огромно мнозинство ја бојкотираат наставата на нивните деца, оти, како што објаснуваат, училишната управа и директорката на училиштето донеле одлука учениците да одат на училиште само втора смена.
Ние, родители на ученици во 4б ООУ Владо Тасевски – Скопје, продолжуваме со реакцијата за нерамноправниот третман на нашите деца од страна на училишната управа и директорката Викторија Кочовска, поради тоа што во учебната 2022/2023 година нашите деца се осудени да одат на настава САМО во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот). Поради отсуство на слух за нашиот проблем од страна на управата на ООУ Владо Тасевски – Скопје и директорката Викторија Кочовска и покрај неколкуте реакции од родителите од мај 2022 до сега, денеска во огромно мнозинство ја бојкотираме наставата. Директорката Кочовска не презема ниту еден чекор во насока на разрешување на проблемот со капацитет на простории што го мачи училиштето со години. Како и годините наназад, така и овој пат, ние се соочуваме со отсуство на било каква реакција и покрај нашите барања. Од тие причини, како што најавивме во вчерашната информација и изјавата за медиумите, ние денеска реагираме со бојкот на наставата, наведено е во соопштението.
Родителите се надеваат дека најитно ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.
Се надеваме дека ова е предупредување после кое најитно ќе се пристапи кон сериозно разрешување на овој проблем за доброто на нашите деца и нивниот нормален развој. Потсетуваме дека БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ. Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме приморани нашиот револт од ваквата дискриминација да го изразиме со понатамошен бојкот на наставата, реагираат родителите.
https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-na-uchenici-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/

The post Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште appeared first on Република.

]]>
Загаден е воздухот од пожарот во Тетово, учениците два дена нема да одат на настава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zagaden-e-vozduhot-od-pozarot-vo-tetovo-uchenicite-dva-dena-nema-da-odat-na-nastava/ Mon, 30 May 2022 10:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=508694

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот. Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука. Ова го потенцираат од Општина Тетово во писменото соопштение испратено по електронски пат до медиумите.

Надлежните оттаму упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови.

„Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, стои во соопштението на Општината.

The post Загаден е воздухот од пожарот во Тетово, учениците два дена нема да одат на настава appeared first on Република.

]]>

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот. Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука. Ова го потенцираат од Општина Тетово во писменото соопштение испратено по електронски пат до медиумите. Надлежните оттаму упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови.
„Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, стои во соопштението на Општината.

The post Загаден е воздухот од пожарот во Тетово, учениците два дена нема да одат на настава appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести https://republika.mk/zivot/unicef-alarmira-za-posledicite-od-prodolzeniot-prekin-na-nastavata-propushtenoto-mora-da-se-nadomesti-2/ Wed, 27 Apr 2022 12:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=494308

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште.

Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата, се наведува во писмената изјава на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Од Канцеларијата на УНИЦЕФ потсетуваат дека со години наназад Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, како што се наведува, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина.

Посочуваат дека оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година.

– Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до шест недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19. Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата, се наведува во писмената изјава.

Според УНИЦЕФ, веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, прилагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование.

УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација.

The post УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести appeared first on Република.

]]>

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште. Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата, се наведува во писмената изјава на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава. Од Канцеларијата на УНИЦЕФ потсетуваат дека со години наназад Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, како што се наведува, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина. Посочуваат дека оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година. – Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до шест недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19. Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата, се наведува во писмената изјава. Според УНИЦЕФ, веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, прилагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование. УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација.

The post УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина https://republika.mk/zivot/servisi/unicef-prekinot-vo-nastavata-kje-vlijae-i-vrz-zivot-na-decata-vo-idnina/ Wed, 13 Apr 2022 13:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=487978

По штрајкот на просветните работници, кој Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го започна во понеделникот, од УНИЦЕФ повикуваат сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение кое ќе ги стави децата на прво место и нема да доведе до допполнителен прекин на наставата во училиштата.

Според претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование.

Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието, при што повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година. Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, вели Ди Џовани.

Таа додава дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието, со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат.

Денеска е трет ден во кој вработените во градинките и училиштата штрајкуваат за повисоки плати. Од Владата потврдија дека денеска е закажан состанок меѓу претставници од Министерството за образование и наука и СОНК.

The post УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина appeared first on Република.

]]>

По штрајкот на просветните работници, кој Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го започна во понеделникот, од УНИЦЕФ повикуваат сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение кое ќе ги стави децата на прво место и нема да доведе до допполнителен прекин на наставата во училиштата. Според претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование.
Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието, при што повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година. Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, вели Ди Џовани.
Таа додава дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието, со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат. Денеска е трет ден во кој вработените во градинките и училиштата штрајкуваат за повисоки плати. Од Владата потврдија дека денеска е закажан состанок меѓу претставници од Министерството за образование и наука и СОНК.  

The post УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Наставата мора да продолжи https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-nastavata-mora-da-prodolzi/ Sun, 10 Apr 2022 12:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=486193

Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение, велат од СДСМ.

Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките.

Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува.

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет.

Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.

Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем - се наведува во соопштение на СДСМ.

The post СДСМ: Наставата мора да продолжи appeared first on Република.

]]>

Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение, велат од СДСМ.
Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува. Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус. Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем - се наведува во соопштение на СДСМ.

The post СДСМ: Наставата мора да продолжи appeared first on Република.

]]>
Синдикатите утре на протест – Можно е да нема настава и градинки од 11 април https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-utre-na-protest-mozno-e-da-nema-nastava-i-gradinki-od-11-april/ Tue, 29 Mar 2022 13:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=480400

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) со поддршка на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура–СОНК утре, 30 март, излегуваат на предупредувачки протест.

Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк, а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес.

Јаким Неделков претседателот на овој синдикат изјави дека во случај на штрајк вработените ќе бидат на работните места, односно ќе бидат во заедничка просторија во која ќе седат до крајот на работното време.

Тие бараат усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитување на Законот за минимална плата и колективните договори.

КСС е поддржан и од повеќе други синдикати, односно од околу 30.000 работници. Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени.

Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК. СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека е зачудувачки што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договориле за растот на минималната плата.

Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.

Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.

The post Синдикатите утре на протест – Можно е да нема настава и градинки од 11 април appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) со поддршка на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура–СОНК утре, 30 март, излегуваат на предупредувачки протест. Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк, а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес. Јаким Неделков претседателот на овој синдикат изјави дека во случај на штрајк вработените ќе бидат на работните места, односно ќе бидат во заедничка просторија во која ќе седат до крајот на работното време. Тие бараат усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитување на Законот за минимална плата и колективните договори. КСС е поддржан и од повеќе други синдикати, односно од околу 30.000 работници. Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени.
Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК. СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека е зачудувачки што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договориле за растот на минималната плата.
Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.
Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.

The post Синдикатите утре на протест – Можно е да нема настава и градинки од 11 април appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката наставата да почне со физичко присуство https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkolci-ja-pozdravuva-odlukata-nastavata-da-pochne-so-fizichko-prisustvo/ Mon, 31 Jan 2022 19:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=452134

Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука наставата утре да почне со физичко присуство, при што потсетија дека
овој став го делат со Комисијата за заразни болести и со претставништвото на УНИЦЕФ во државата.

Генералното собрание на Сојузот на средношколци вчера едногласно одлучи уште еднаш да го потврди ставот дека наставата треба да се одвива во училишните клупи. Сојузот верува дека во најлоша ситуација наставата треба да се одвива комбинирано, додека во најдобра таа може да биде и целосно физички, соопштија од Сојузот.

Доколку се јави влошување, од Сојузот на средношколци препорачуваат да се оди на комбинирана настава, а не целосно онлајн.

Најпрвин, сите средношколци, но и членовите на пошироката јавност, се свесни дека интерактивноста и квалитетот на наставата се на далеку повисоко ниво кога таа се одвива во училница споредбено со од далечина. Понатаму, оценките не можат да бидат адекватно проверени во онлајн наставата, додека таа со физичко присуство овозможува соодветна валидација. Што се однесува на физичкото здравје на учениците, во училиштата веќе постојат ригорозни протоколи кои го чуваат здравјето, соопштија од Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека токму поради нивниот предлог, во Протоколот се воведе редарска служба во
училиштата за време на одморите.

Според Сојузот, одлуката наставата да се одвива во училишните клупи им овозможува социјализација на средношколците, а на училишните психолози им дава шанса да разговараат со нивните ученици околу нивното ментално здравје.

Не смееме да заборавиме дека образованието треба да биде приоритетен општествен сектор на една држава. Во време кога економијата функционира нормално без никакви рестрикции, во време кога сите други тривијални сектори се преплавени од посетители, не смееме како општество да си дозволиме образованието да го направиме исклучок. Тоа едноставно треба да биде на прво место, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.

The post Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката наставата да почне со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука наставата утре да почне со физичко присуство, при што потсетија дека овој став го делат со Комисијата за заразни болести и со претставништвото на УНИЦЕФ во државата. Генералното собрание на Сојузот на средношколци вчера едногласно одлучи уште еднаш да го потврди ставот дека наставата треба да се одвива во училишните клупи. Сојузот верува дека во најлоша ситуација наставата треба да се одвива комбинирано, додека во најдобра таа може да биде и целосно физички, соопштија од Сојузот. Доколку се јави влошување, од Сојузот на средношколци препорачуваат да се оди на комбинирана настава, а не целосно онлајн. Најпрвин, сите средношколци, но и членовите на пошироката јавност, се свесни дека интерактивноста и квалитетот на наставата се на далеку повисоко ниво кога таа се одвива во училница споредбено со од далечина. Понатаму, оценките не можат да бидат адекватно проверени во онлајн наставата, додека таа со физичко присуство овозможува соодветна валидација. Што се однесува на физичкото здравје на учениците, во училиштата веќе постојат ригорозни протоколи кои го чуваат здравјето, соопштија од Сојузот. Оттаму потсетуваат дека токму поради нивниот предлог, во Протоколот се воведе редарска служба во училиштата за време на одморите. Според Сојузот, одлуката наставата да се одвива во училишните клупи им овозможува социјализација на средношколците, а на училишните психолози им дава шанса да разговараат со нивните ученици околу нивното ментално здравје. Не смееме да заборавиме дека образованието треба да биде приоритетен општествен сектор на една држава. Во време кога економијата функционира нормално без никакви рестрикции, во време кога сите други тривијални сектори се преплавени од посетители, не смееме како општество да си дозволиме образованието да го направиме исклучок. Тоа едноставно треба да биде на прво место, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.

The post Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката наставата да почне со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Oсновците и средношколците во Србија продолжуваат со комбинирана настава https://republika.mk/vesti/balkan/osnovcite-i-srednoshkolcite-vo-srbija-prodolzuvaat-so-kombinirana-nastava/ Sun, 30 Jan 2022 22:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=451708

Тимот за училишта одлучи од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение во основните училишта директно да следат настава.

Повозрасните основци наставата ќе ја следат по комбиниран модел поделени во две групи. И наставата за средношколците ќе се одвива по комбиниран модел, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Од почетокот на второто полугодие, истиот модел на настава се одвива во централна Србија, додека во Војводина сите основци посетуваат настава во живо, пишува Б92.

The post Oсновците и средношколците во Србија продолжуваат со комбинирана настава appeared first on Република.

]]>

Тимот за училишта одлучи од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение во основните училишта директно да следат настава. Повозрасните основци наставата ќе ја следат по комбиниран модел поделени во две групи. И наставата за средношколците ќе се одвива по комбиниран модел, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој. Од почетокот на второто полугодие, истиот модел на настава се одвива во централна Србија, додека во Војводина сите основци посетуваат настава во живо, пишува Б92.

The post Oсновците и средношколците во Србија продолжуваат со комбинирана настава appeared first on Република.

]]>
„Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство https://republika.mk/vesti/makedonija/megjashi-da-se-preispita-odlukata-za-pochnuvanje-na-vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo/ Fri, 28 Jan 2022 18:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=450864

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши" посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата", емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.

Во дел од заклучоците од вчерашната дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата.

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава,најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши".

The post „Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши" посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата", емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.
Во дел од заклучоците од вчерашната дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата. Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава,најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши".

The post „Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Децата му ги ставаме на омикрон на тацна и ги претвораме во експериментални глувци https://republika.mk/vesti/makedonija/janevski-decata-mu-gi-stavame-na-omikron-na-tacna-i-gi-pretvorame-vo-eksperimentalni-gluvci/ Thu, 27 Jan 2022 20:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=450464

Пред неколку дена, во коментари на некоја објава на групата за он лајн настава, еден кавадарчанец сведочеше за тоа дека негов братучед на 39 години, пред некоја недела починал  од Ковид 19, откако вирусот дома го донел дететото од училиште, пред започнување на новогодишните празници и зимскиот распуст, пишува во својата колумна Дарко Јаневски.

Нема причина да не му се верува на кавадарчанецот, иако да бевме држава случајот ќе беше испитан од Бухова и компанија и ќе и беше презентиран на јавноста. Но, дилемата не е дали еден ваков наствн се случил, туку колку такви настани имало, односно колку лица тешко се разболеле или починале откако вирусот дома бил внесен преку училишните деца.

Пред неколку дена, во разговор на МРТ, екс директорот на скопската детска болница во Козле, д-р Андоновски, ако не се лажам – единствен досега во Македонија, изјави дека „ние се уште не ги знаеме последиците што по здравјето на децата може да ги донесе омикрон“.

Не еднаш сум пишувал за ова. Македонија е држава во која повеќе од половина од населението живее во заедница. Шведска е држава во која половина од населението живеат као самци. Во нашиот случај децата лесно ќе го пренесат вирусот на повозрасните, а во оваа држава во која процентот на смртност од Ковид во болниците е меѓу 40 и 60 отсто, тој синџир на незбежна трансмисија на вирусот е катастрофален.

Вториот момент е тоа на што укажува д-р Андоновски. Не е спорно дека децата лесно го прележуваат корона вирусот, но не е спорно и дека вирусот може да остави долготрајни последици (Софијанова на неколку пати укажа на некои од нив), а за омикрон никој нема претсава како, какви и колку последици може да остави кај децата низ кои тој, неизбежно ќе помине како фурија.

Во светот, на последиците главно се укажува индиректно – од страна на врвни експерти кога укажуваат на негативните ефекти од дејството на спајк протеинот што се создава по вакцинирање на децата. Така, на пример, д-р Роберт Малоун, творцот на мНРА технологијата која се користи за западните вакцини, и претходно, а и во сведочењето во американскиот Сенат на 24 јануари оваа година, тврди дека спајк протеинот создаден преку вакцините може да предизвика последици по срцето, мозокот, коагулацијата на крвта, репродуктивниот и имунолошкиот систем на децата итн (исто и кај возрасните, но тоа не посебна приказна). Според него, нешто што не успеаја да го побијат ни факт-чекерите на Ројтерс, чиј директор седи во управниот одбор на Фајзер, и природниот и „вештачкот“ спајк протеин се токсични. Не уништуваат клетки, туку предизвикуваа процес кој води до несакани состојби. Само еднаш Малоун беше прашан за разликите меѓу спајк протеинот што го предизвикуваат вакцините и природниот спајк протеин кој се внесува со вирусот, а одговорот беше – нема разлика! Тоа значи дека истите негативни последици можат да се јават и по вакцинирањето и по природното заразување. Единствената разлика, според него, постои во тоа што вакцината го предизвикува организмот одеднаш да создаде големо количество спајк протеин, па оттука и бурна реакција на организмот, додека во случајот со природна зараза, треба време за вирусот да се размножи во поголеми количини што му дава време да се бори со него и да ги намали шансите за негативни ефекти. Но, тоа не ја исклучува, апсолутно не ја исклучува можноста, истите застрашувачки ефекти врз здравјето на децата да се јават како од спајкот создаден преку вакцините, така и од природниот спајк протеин. Посебно што сега станува збор за омикрон мутацијата, чии негативни последици не се согледани зашто едноставно не е поминато доволно време од неговата појава и неговото ширење меѓу децата, напиша Јаневски.

Целата колумна на следниов линк.

The post Јаневски: Децата му ги ставаме на омикрон на тацна и ги претвораме во експериментални глувци appeared first on Република.

]]>

Пред неколку дена, во коментари на некоја објава на групата за он лајн настава, еден кавадарчанец сведочеше за тоа дека негов братучед на 39 години, пред некоја недела починал  од Ковид 19, откако вирусот дома го донел дететото од училиште, пред започнување на новогодишните празници и зимскиот распуст, пишува во својата колумна Дарко Јаневски.
Нема причина да не му се верува на кавадарчанецот, иако да бевме држава случајот ќе беше испитан од Бухова и компанија и ќе и беше презентиран на јавноста. Но, дилемата не е дали еден ваков наствн се случил, туку колку такви настани имало, односно колку лица тешко се разболеле или починале откако вирусот дома бил внесен преку училишните деца. Пред неколку дена, во разговор на МРТ, екс директорот на скопската детска болница во Козле, д-р Андоновски, ако не се лажам – единствен досега во Македонија, изјави дека „ние се уште не ги знаеме последиците што по здравјето на децата може да ги донесе омикрон“. Не еднаш сум пишувал за ова. Македонија е држава во која повеќе од половина од населението живее во заедница. Шведска е држава во која половина од населението живеат као самци. Во нашиот случај децата лесно ќе го пренесат вирусот на повозрасните, а во оваа држава во која процентот на смртност од Ковид во болниците е меѓу 40 и 60 отсто, тој синџир на незбежна трансмисија на вирусот е катастрофален. Вториот момент е тоа на што укажува д-р Андоновски. Не е спорно дека децата лесно го прележуваат корона вирусот, но не е спорно и дека вирусот може да остави долготрајни последици (Софијанова на неколку пати укажа на некои од нив), а за омикрон никој нема претсава како, какви и колку последици може да остави кај децата низ кои тој, неизбежно ќе помине како фурија. Во светот, на последиците главно се укажува индиректно – од страна на врвни експерти кога укажуваат на негативните ефекти од дејството на спајк протеинот што се создава по вакцинирање на децата. Така, на пример, д-р Роберт Малоун, творцот на мНРА технологијата која се користи за западните вакцини, и претходно, а и во сведочењето во американскиот Сенат на 24 јануари оваа година, тврди дека спајк протеинот создаден преку вакцините може да предизвика последици по срцето, мозокот, коагулацијата на крвта, репродуктивниот и имунолошкиот систем на децата итн (исто и кај возрасните, но тоа не посебна приказна). Според него, нешто што не успеаја да го побијат ни факт-чекерите на Ројтерс, чиј директор седи во управниот одбор на Фајзер, и природниот и „вештачкот“ спајк протеин се токсични. Не уништуваат клетки, туку предизвикуваа процес кој води до несакани состојби. Само еднаш Малоун беше прашан за разликите меѓу спајк протеинот што го предизвикуваат вакцините и природниот спајк протеин кој се внесува со вирусот, а одговорот беше – нема разлика! Тоа значи дека истите негативни последици можат да се јават и по вакцинирањето и по природното заразување. Единствената разлика, според него, постои во тоа што вакцината го предизвикува организмот одеднаш да создаде големо количество спајк протеин, па оттука и бурна реакција на организмот, додека во случајот со природна зараза, треба време за вирусот да се размножи во поголеми количини што му дава време да се бори со него и да ги намали шансите за негативни ефекти. Но, тоа не ја исклучува, апсолутно не ја исклучува можноста, истите застрашувачки ефекти врз здравјето на децата да се јават како од спајкот создаден преку вакцините, така и од природниот спајк протеин. Посебно што сега станува збор за омикрон мутацијата, чии негативни последици не се согледани зашто едноставно не е поминато доволно време од неговата појава и неговото ширење меѓу децата, напиша Јаневски.
Целата колумна на следниов линк.

The post Јаневски: Децата му ги ставаме на омикрон на тацна и ги претвораме во експериментални глувци appeared first on Република.

]]>