Луганск Archives - Република https://republika.mk/tema/lugansk/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 09:40:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луганск Archives - Република https://republika.mk/tema/lugansk/ 32 32 Руските војници ја пробиле одбраната на украинските сили во областа Луганск https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-vojnitsi-ja-probile-odbranata-na-ukrainskite-sili-vo-oblasta-lugansk/ Wed, 15 Feb 2023 09:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=609197

Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат, соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.

Украинската армија известува за масовно руско гранатирање на линијата на фронтот. Официјален Киев соопшти дека ситуацијата е тешка, но додаде дека украинската војска одбила многу руски напади. Киев повторно ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето на воена помош.

Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.

The post Руските војници ја пробиле одбраната на украинските сили во областа Луганск appeared first on Република.

]]>

Путин ќе ја објави анексијата на четирите региони во говорот во рускиот парламент https://republika.mk/vesti/svet/putin-kje-ja-objavi-aneksijata-na-chetirite-regioni-vo-govorot-vo-ruskiot-parlament/ Wed, 28 Sep 2022 11:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=555194

Четирите спорни референдуми во деловите на Украина што се под контрола на Русија завршија вчера. Гласањето во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје беше осудено од страна на украинската влада и западните сојузници, кои сметаат дека е менаџирано од страна на Кремљ.

Четири милиони луѓе побараа да гласаат во регионите зафатени од војна, кои сочинуваат околу 15% од територијата на Украина.

Првичните резултати од тие области, според руските медиуми, наведуваат огромно мнозинство за приклучување кон Русија.

Ако Русија ги анектира четирите региони, би можела да ја однесе војната на ново и поопасно ниво. Москва, секој обид на Украина да ги врати ќе го смета како напад на Русија.

Се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин може да ја објави анексијата на четирите региони во говорот на заедничката седница на рускиот парламент в петок, објави Си-ен-ен.

The post Путин ќе ја објави анексијата на четирите региони во говорот во рускиот парламент appeared first on Република.

]]>

Четирите спорни референдуми во деловите на Украина што се под контрола на Русија завршија вчера. Гласањето во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје беше осудено од страна на украинската влада и западните сојузници, кои сметаат дека е менаџирано од страна на Кремљ. Четири милиони луѓе побараа да гласаат во регионите зафатени од војна, кои сочинуваат околу 15% од територијата на Украина. Првичните резултати од тие области, според руските медиуми, наведуваат огромно мнозинство за приклучување кон Русија. Ако Русија ги анектира четирите региони, би можела да ја однесе војната на ново и поопасно ниво. Москва, секој обид на Украина да ги врати ќе го смета како напад на Русија. Се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин може да ја објави анексијата на четирите региони во говорот на заедничката седница на рускиот парламент в петок, објави Си-ен-ен.

The post Путин ќе ја објави анексијата на четирите региони во говорот во рускиот парламент appeared first on Република.

]]>
Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск https://republika.mk/vesti/svet/putin-izdade-nova-naredba-po-zazemanjeto-na-lugansk/ Mon, 04 Jul 2022 13:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=523633

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и наредил на армијата да ја продолжи офанзивата на истокот на Украина откако целосно го зазеде регионот Луганск.

Руските сили мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови. Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се развие како што беше во Луганск - изјави Путин за време на телевизискиот разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Изјавата доаѓа еден ден откако украинската армија се повлече од стратешки важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и проруските сепаратисти целосна контрола над регионот Луганск.

Луганск и соседниот регион Доњецк го сочинуваат регионот Донбас.

The post Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и наредил на армијата да ја продолжи офанзивата на истокот на Украина откако целосно го зазеде регионот Луганск.
Руските сили мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови. Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се развие како што беше во Луганск - изјави Путин за време на телевизискиот разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Изјавата доаѓа еден ден откако украинската армија се повлече од стратешки важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и проруските сепаратисти целосна контрола над регионот Луганск. Луганск и соседниот регион Доњецк го сочинуваат регионот Донбас.

The post Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск appeared first on Република.

]]>
Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола https://republika.mk/vesti/svet/shojgu-go-informiral-putin-deka-lugansk-e-pod-ruska-kontrola/ Sun, 03 Jul 2022 14:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=523094

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија.

Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора.

Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.

The post Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија. Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора. Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.

The post Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола appeared first on Република.

]]>
Кадиров испрати порака до опколените Украинци: Предавање или предвремено заминување од овој свет https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-isprati-poraka-do-opkolenite-ukrainci-predavanje-ili-predvremeno-zaminuvanje-od-ovoj-svet/ Thu, 23 Jun 2022 14:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=518990

Сојузничките сили на Русија и Луганската Народна Република (ЛНР) го затвориле обрачот околу украинските сили во селата Золото и Горско.

Ваквата информација ја потврди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот Телеграм канал, пофалувајќи го успехот на чеченските специјалци кои се борат заедно со силите на ЛНР и руската армија.

Оперативните информации директно од линијата на контакт доаѓаат од борците на специјалниот полициски полк именуван по херојот на Русија, Ахмат-Каџи Кадиров. Според достапните веродостојни информации, непријателот бил потиснат во тесен обрач помеѓу населбите Золоте и Горскоје, со што се затворени сите патишта за нивно повлекување. 

Војниците на сојузничките сили вршат силен оган врз позициите на непријателот кој претрпува големи загуби во жива сила. Добро осмислената стратегија на нашите момци, заедно со одличните борбени вештини, уште еднаш донесе добри резултати. Во моментов, нацистите на Бандера и платениците од разни земји, кои на своја кожа го чувствуваат целиот професионализам на чеченските безбедносни сили, имаат само две опции - капитулација или предвремено заминување од овој свет - порачува Кадиров.

The post Кадиров испрати порака до опколените Украинци: Предавање или предвремено заминување од овој свет appeared first on Република.

]]>

Сојузничките сили на Русија и Луганската Народна Република (ЛНР) го затвориле обрачот околу украинските сили во селата Золото и Горско. Ваквата информација ја потврди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот Телеграм канал, пофалувајќи го успехот на чеченските специјалци кои се борат заедно со силите на ЛНР и руската армија.
Оперативните информации директно од линијата на контакт доаѓаат од борците на специјалниот полициски полк именуван по херојот на Русија, Ахмат-Каџи Кадиров. Според достапните веродостојни информации, непријателот бил потиснат во тесен обрач помеѓу населбите Золоте и Горскоје, со што се затворени сите патишта за нивно повлекување.    Војниците на сојузничките сили вршат силен оган врз позициите на непријателот кој претрпува големи загуби во жива сила. Добро осмислената стратегија на нашите момци, заедно со одличните борбени вештини, уште еднаш донесе добри резултати. Во моментов, нацистите на Бандера и платениците од разни земји, кои на своја кожа го чувствуваат целиот професионализам на чеченските безбедносни сили, имаат само две опции - капитулација или предвремено заминување од овој свет - порачува Кадиров.

The post Кадиров испрати порака до опколените Украинци: Предавање или предвремено заминување од овој свет appeared first on Република.

]]>
Кадиров: Нацистите на Бандера постојано се обидуваат да се скријат зад цивилите, но тоа не им помага да избегаат https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-nacistite-na-bandera-postojano-se-obiduvaat-da-se-skrijat-zad-civilite-no-toa-ne-im-pomaga-da-izbegaat/ Tue, 21 Jun 2022 08:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=517916

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, соопшти дека офанзивата на чеченските борци во Луганската Народна Република успешно напредува.

Офанзивната тактика на чеченските специјални сили за ослободување на Луганската Народна Република секојдневно се подобрува. Момчињата покажуваат постојан успех во уништувањето на вооружените националистички формации, дури и не дозволувајќи им да се прегрупираат.

Обидувајќи се да се извлечат од неизбежната казна, нацистите на Бандера постојано трчаат од куќа до куќа, обидувајќи се да се скријат зад цивилите. Очигледно не знаат дека нашите борци однапред ги извадиле сите жители од зоната за специјални операции. Штом непријателот влезе во соседната куќа, мојот драг брат, командант Муса Ахматов, заедно со своите подредени, веднаш ги покрива со оган.

Повеќе пати сум порачал и пак ќе им повторам на украинско-нацистичките послушници: колку и да трчате и што и да правите, нема да победите во оваа пресметка. Ќе ги престигнеме сите и ќе ги повикаме на одговорност. Продолжувајќи да се спротивставувате, само го приближувате својот крај - порача Кадиров.

The post Кадиров: Нацистите на Бандера постојано се обидуваат да се скријат зад цивилите, но тоа не им помага да избегаат appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, соопшти дека офанзивата на чеченските борци во Луганската Народна Република успешно напредува.
Офанзивната тактика на чеченските специјални сили за ослободување на Луганската Народна Република секојдневно се подобрува. Момчињата покажуваат постојан успех во уништувањето на вооружените националистички формации, дури и не дозволувајќи им да се прегрупираат.   Обидувајќи се да се извлечат од неизбежната казна, нацистите на Бандера постојано трчаат од куќа до куќа, обидувајќи се да се скријат зад цивилите. Очигледно не знаат дека нашите борци однапред ги извадиле сите жители од зоната за специјални операции. Штом непријателот влезе во соседната куќа, мојот драг брат, командант Муса Ахматов, заедно со своите подредени, веднаш ги покрива со оган.   Повеќе пати сум порачал и пак ќе им повторам на украинско-нацистичките послушници: колку и да трчате и што и да правите, нема да победите во оваа пресметка. Ќе ги престигнеме сите и ќе ги повикаме на одговорност. Продолжувајќи да се спротивставувате, само го приближувате својот крај - порача Кадиров.

The post Кадиров: Нацистите на Бандера постојано се обидуваат да се скријат зад цивилите, но тоа не им помага да избегаат appeared first on Република.

]]>
Небензија: Москва напредува, ќе ги видете ослободени Доњецк и Луганск https://republika.mk/vesti/svet/nebenzija-moskva-napreduva-kje-gi-videte-oslobodeni-donjeck-i-lugansk/ Thu, 09 Jun 2022 09:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=513057

Москва напредува во Украина и источните региони Доњецк и Луганск ќе бидат ослободени, смета претставникот на Русија во Обединетите Нации, Василиј Небензија.

Ми се чини дека има напредок. Никој не ветуваше резултат за три дена или за една недела. Сега некои експерти уверуваат дека руската воена операција запрела и оти се движи поспоро од планираното. Но, напредок има, продолжува и тоа е јасно како ден - тврди тој за Би-би-си.

На прашање дали првобитниот план – да се преземе Киев и да се инсталира проруски режим – целосно пропадна, тој одговори дека не знае ништо за такви планови.

Никој од руската команда никогаш не рекол гласно дека Москва планира да преземе контрола над Киев, со тоа што таму ќе постави марионетска влада - појасни Небензија.

Новинарот коментираше дека размерот на руските загуби изминатите 100 дена е неверојатен.

Луѓето кои живеат во Русија би биле апсолутно шокирани со овие бројки, кога би знаеле за нив - нагласи тој.

Небензија истакна дека загубите не можат да се потврдат.

Како што реков, официјално не се објавуваат, а за време на каков било конфликт, страните имаат тенденција во голема мера да ги напумпат загубите на другата страна. Не можам да ви ги кажам бројките и не можам да коментирам - додаде тој.

Според неговите зборови, главна цел сега е ослободување на Донбас.

Само дајте време… и ќе ги видете ослободените области Доњецк и Луганск. Се надевам дека тоа ќе се случи многу наскоро - заклучи тој.

The post Небензија: Москва напредува, ќе ги видете ослободени Доњецк и Луганск appeared first on Република.

Русите влегоа во Северодоњецк https://republika.mk/vesti/svet/rusite-vlegoa-vo-severodonjeck/ Sat, 28 May 2022 08:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=507894

Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници.

Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија.

Западните медиуми не можеа независно да го потврди извештајот.

Хајдај синоќа изјави дека е можно силите на Киев да бидат принудени да се повлечат од последниот џеб на отпорот за да избегнат заробување. Според него, руските трупи влегле во Северодоњецк, најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на Украина.

Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм.

Повеќе од три месеци по почетокот на руската инвазија, големиот град Северодоњецк е еден од последните делови на Луганск кој се уште е под контрола на украинската армија. Но, во близина на градот веќе започнаа жестоки борби.

Набљудувачите стравуваат дека украинските сили во Северодоњецк наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски воени сили

The post Русите влегоа во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници.
Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија.
Западните медиуми не можеа независно да го потврди извештајот. Хајдај синоќа изјави дека е можно силите на Киев да бидат принудени да се повлечат од последниот џеб на отпорот за да избегнат заробување. Според него, руските трупи влегле во Северодоњецк, најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на Украина.
Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм.
Повеќе од три месеци по почетокот на руската инвазија, големиот град Северодоњецк е еден од последните делови на Луганск кој се уште е под контрола на украинската армија. Но, во близина на градот веќе започнаа жестоки борби. Набљудувачите стравуваат дека украинските сили во Северодоњецк наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски воени сили

The post Русите влегоа во Северодоњецк appeared first on Република.

]]>
Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот https://republika.mk/vesti/svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/ Thu, 21 Apr 2022 13:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=491827

Гувернерот на Луганск Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион.

Хајдај вели дека руските трупи успеале да остварат контрола врз поголем дел од регионот, како и дека по заземањето на малиот град Кремина сега се пред градовите Рубижне и Попасна.

Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас.

Окупаторот контролира само делови од тие градови, неможејќи да се пробие до централните градски подрачја“, соопшти Хајдај преку објавата на апликацијата „Телеграм“.

Аналитичарите проценуваат дека офанзивата во источниот дел на Украина би можела да стане исцрпувачка оттаму што руската армија таму е соочена со најискусните трупи на Украина кои осум години се борат со промосковските сепаратисти во Донбас

The post Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на Луганск Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион. Хајдај вели дека руските трупи успеале да остварат контрола врз поголем дел од регионот, како и дека по заземањето на малиот град Кремина сега се пред градовите Рубижне и Попасна. Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас.
Окупаторот контролира само делови од тие градови, неможејќи да се пробие до централните градски подрачја“, соопшти Хајдај преку објавата на апликацијата „Телеграм“.
Аналитичарите проценуваат дека офанзивата во источниот дел на Украина би можела да стане исцрпувачка оттаму што руската армија таму е соочена со најискусните трупи на Украина кои осум години се борат со промосковските сепаратисти во Донбас

The post Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот appeared first on Република.

]]>
Гувернерот на Луганск: Евакуирајте се додека можете, изберете живот https://republika.mk/vesti/svet/guvernerot-na-lugansk-evakuirajte-se-dodeka-mozete-izberete-zivot/ Fri, 15 Apr 2022 08:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=488777

Гувернерот на украинската област Луганск на истокот на земјата ги повика жителите на таа област да се евакуираат.

На својот канал Телеграм, тој апелираше до луѓето да се евакуираат и да „изберат живот“, откако рече дека едно лице загинало, а пет се ранети за време на руското гранатирање во градот Кремина.

Тој додаде дека 32.000 жители се евакуирани со возови и автобуси, а ги повика и другите да го сторат истото.

Не двоумете се и заминете додека постои таа можност, рече тој.

The post Гувернерот на Луганск: Евакуирајте се додека можете, изберете живот appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на украинската област Луганск на истокот на земјата ги повика жителите на таа област да се евакуираат. На својот канал Телеграм, тој апелираше до луѓето да се евакуираат и да „изберат живот“, откако рече дека едно лице загинало, а пет се ранети за време на руското гранатирање во градот Кремина. Тој додаде дека 32.000 жители се евакуирани со возови и автобуси, а ги повика и другите да го сторат истото.
Не двоумете се и заминете додека постои таа можност, рече тој.

The post Гувернерот на Луганск: Евакуирајте се додека можете, изберете живот appeared first on Република.

]]>
Украински Генералштаб: Руските сили се фокусираат на напади врз градовите во регионот Луганск https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-generalshtab-ruskite-sili-se-fokusiraat-na-napadi-vrz-gradovite-vo-regionot-lugansk/ Fri, 15 Apr 2022 06:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=488658

Во најновата проценка на украинската војска за состојбата во земјата се наведува дека руските сили во моментов ги фокусираат своите напади во источна Украина, во обид да ги освојат градовите Попасна и Рубижне, во регионот Луганск.

Според извештајот на украинскиот Генералштаб, тие не успеваат во тоа.

Официјален Киев, во следните неколку дена, очекува голема руска офанзива во источна Украина.

Во извештајот се додава дека украинските сили одбиле напади на осум места во регионите Луганск и Доњецк, уништувајќи неколку руски тенкови и артилериски систем во текот на изминатиот ден.

Во овие два региона Украина стационираше голем  број војници за да им се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија.

Русија во последните неколку дена го зголемува бројот на војници во областа. Некои руски војници претходно распоредени во близина на северниот украински град Чернихив сега се стационирани околу Зиверодонецк, голем град во близина на Рубижне - се навеудва во извештајот на украинската војска што го пренесува ДПА.

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) наведува дека доколку се потврди веста, тогаш тоа ќе биде првата единица што е повлечена и прераспоредена во источна Украина од борбите во североисточна Украина.

The post Украински Генералштаб: Руските сили се фокусираат на напади врз градовите во регионот Луганск appeared first on Република.

]]>

Во најновата проценка на украинската војска за состојбата во земјата се наведува дека руските сили во моментов ги фокусираат своите напади во источна Украина, во обид да ги освојат градовите Попасна и Рубижне, во регионот Луганск. Според извештајот на украинскиот Генералштаб, тие не успеваат во тоа. Официјален Киев, во следните неколку дена, очекува голема руска офанзива во источна Украина. Во извештајот се додава дека украинските сили одбиле напади на осум места во регионите Луганск и Доњецк, уништувајќи неколку руски тенкови и артилериски систем во текот на изминатиот ден. Во овие два региона Украина стационираше голем  број војници за да им се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија.
Русија во последните неколку дена го зголемува бројот на војници во областа. Некои руски војници претходно распоредени во близина на северниот украински град Чернихив сега се стационирани околу Зиверодонецк, голем град во близина на Рубижне - се навеудва во извештајот на украинската војска што го пренесува ДПА.
Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) наведува дека доколку се потврди веста, тогаш тоа ќе биде првата единица што е повлечена и прераспоредена во источна Украина од борбите во североисточна Украина.

The post Украински Генералштаб: Руските сили се фокусираат на напади врз градовите во регионот Луганск appeared first on Република.

]]>
Во Русија избегале повеќе од половина милион луѓе од Доњецк и Луганск, меѓу кои 107.000 се деца https://republika.mk/vesti/svet/vo-rusija-izbegale-povekje-od-polovina-milion-lugje-od-donjeck-i-lugansk-megju-koi-107-000-se-deca/ Thu, 31 Mar 2022 10:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=481354

Бројот на луѓе кои побегнале од регионите Доњецк и Луганск во Русија надминал 500.000, пренесува весникот „Известија“.

До утрото на 31 март во Русија пристигнаа речиси 530.000 луѓе од територијата на Доњецк и Луганск, од кои околу 37.000 ја минале границата во текот на изминатиот ден - вели извор од агенцијата ТАСС.

Како што се наведува во извештајот, меѓу бегалците има и над 107.000 деца.

The post Во Русија избегале повеќе од половина милион луѓе од Доњецк и Луганск, меѓу кои 107.000 се деца appeared first on Република.

Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили https://republika.mk/vesti/svet/dogovoren-prekin-na-ognot-vo-luganskata-oblast-za-da-se-evakuiraat-civili/ Wed, 23 Mar 2022 07:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=476911

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија.

Гајдеј преку „Телеграм“ објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во девет часот по локално време.

The post Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија. Гајдеј преку „Телеграм“ објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во девет часот по локално време.

The post Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили appeared first on Република.

]]>
Парламентите во Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија https://republika.mk/vesti/svet/parlamentite-vo-donjeck-i-lugansk-gi-ratifikuvaa-dogovorite-so-rusija/ Tue, 22 Feb 2022 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=461977

Двата одметнати проруски региона во источна Украина во вторникот го запечатија договорот за потесна соработка со Русија, откако претседателот Владимир Путин со челниците на Доњецк и Луганс во понеделникот во Москва ја потпиша одлуката за признавање на независноста на двата региона, заедно со договорите за пријателство и соработка.

Парламентите на смопрогласените Доњецка народна република (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР) ги ратификуваат договорите за „пријателство, соработка и заемна помош“ со Русија на засебни седници со заглушувачки овации на пратениците, пренесува германската новинска агенција DPA.

Според еден таков договор, Русија има право да гради воени бази на териториите на Доњецк и Луганск, но заменикот на рускиот министер за надворешни работки Андерј Руденко за руската приватна новинска агенција Интерфакс рекол дека за такво нешто воопшто било дискутирано.

На итната седмица на парламентот во Доњецк сите 87 присутни пратеници гласаа за усвојување на законот за ратификација на договорот. Собранието во Луганск, исто така, едногласно ја одобрила ратифакцијата на договорот со 47-те присутни пратеници, пренесе агенцијата РИА

The post Парламентите во Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија appeared first on Република.

]]>

Двата одметнати проруски региона во источна Украина во вторникот го запечатија договорот за потесна соработка со Русија, откако претседателот Владимир Путин со челниците на Доњецк и Луганс во понеделникот во Москва ја потпиша одлуката за признавање на независноста на двата региона, заедно со договорите за пријателство и соработка. Парламентите на смопрогласените Доњецка народна република (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР) ги ратификуваат договорите за „пријателство, соработка и заемна помош“ со Русија на засебни седници со заглушувачки овации на пратениците, пренесува германската новинска агенција DPA. Според еден таков договор, Русија има право да гради воени бази на териториите на Доњецк и Луганск, но заменикот на рускиот министер за надворешни работки Андерј Руденко за руската приватна новинска агенција Интерфакс рекол дека за такво нешто воопшто било дискутирано. На итната седмица на парламентот во Доњецк сите 87 присутни пратеници гласаа за усвојување на законот за ратификација на договорот. Собранието во Луганск, исто така, едногласно ја одобрила ратифакцијата на договорот со 47-те присутни пратеници, пренесе агенцијата РИА

The post Парламентите во Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија appeared first on Република.

]]>
Украинско МНР го повика својот висок дипломат од Москва на „консултации“ https://republika.mk/vesti/svet/ukrainsko-mnr-go-povika-svojot-visok-diplomat-od-moskva-na-konsultacii/ Tue, 22 Feb 2022 11:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=461897

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повлекува својот висок дипломатски претставник во Москва на „консултации“ по руското признавање на двата сепаратистички региона, Доњецк и Луганск.

Во соопштението на Министерството се наведува дека привремениот вршител на должноста Васил Покотило се враќа во Киев во врска со „незаконската одлука на Русија да ја признае „независноста“ на сепаратистичките региони.

The post Украинско МНР го повика својот висок дипломат од Москва на „консултации“ appeared first on Република.

]]>

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повлекува својот висок дипломатски претставник во Москва на „консултации“ по руското признавање на двата сепаратистички региона, Доњецк и Луганск. Во соопштението на Министерството се наведува дека привремениот вршител на должноста Васил Покотило се враќа во Киев во врска со „незаконската одлука на Русија да ја признае „независноста“ на сепаратистичките региони.

The post Украинско МНР го повика својот висок дипломат од Москва на „консултации“ appeared first on Република.

]]>
Жителите на Донбас и Луганск со огномет го прославија признавањето од Русија https://republika.mk/vesti/svet/zitelite-na-donbas-i-lugansk-so-ognomet-go-proslavija-priznavanjeto-od-rusija/ Tue, 22 Feb 2022 07:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=461696

Жителите на Доњецк и Луганск на улиците го слават потпишувањето на документот за признавање на независноста од страна на Русија на Народните републики Доњецк и Луганск.

Веднаш по признавањето, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во тие два региона во источна Украина.

Откако рускиот претседател изјави дека неговата земја ја признава независноста на ДНР и ЛНР, жителите на Доњецк излегоа на улиците да ја прослават оваа одлука.

На централниот плоштад во Доњецк беше организиран огномет, а се слушаше и химната на Русија.

Група луѓе со руски знамиња го следеа обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Снимките од прославата се објавени на социјалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=rMrNtPZhRDo

Во Луганск славењето на републиката беше прославено со колона возила.

Рускиот претседател вечерва го потпиша Указот за признавање на самопрогласените Луганска и Доњецка народна република и им нареди на извршните власти да го ратификуваат документот што е можно поскоро. Во исто време, Путин потпиша договори за соработка со лидерите на ЛНР и ДНР.

The post Жителите на Донбас и Луганск со огномет го прославија признавањето од Русија appeared first on Република.

]]>

Жителите на Доњецк и Луганск на улиците го слават потпишувањето на документот за признавање на независноста од страна на Русија на Народните републики Доњецк и Луганск.
Веднаш по признавањето, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во тие два региона во источна Украина. Откако рускиот претседател изјави дека неговата земја ја признава независноста на ДНР и ЛНР, жителите на Доњецк излегоа на улиците да ја прослават оваа одлука. На централниот плоштад во Доњецк беше организиран огномет, а се слушаше и химната на Русија.
Група луѓе со руски знамиња го следеа обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин. Снимките од прославата се објавени на социјалните мрежи. https://www.youtube.com/watch?v=rMrNtPZhRDo Во Луганск славењето на републиката беше прославено со колона возила. Рускиот претседател вечерва го потпиша Указот за признавање на самопрогласените Луганска и Доњецка народна република и им нареди на извршните власти да го ратификуваат документот што е можно поскоро. Во исто време, Путин потпиша договори за соработка со лидерите на ЛНР и ДНР.

The post Жителите на Донбас и Луганск со огномет го прославија признавањето од Русија appeared first on Република.

]]>
Експлозијата која одекна е на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина https://republika.mk/vesti/svet/eksplozijata-koja-odekna-e-na-megjunaroden-naftovod-koj-minuva-niz-kluchniot-grad-pod-kontrola-na-buntovnicite-vo-istochna-ukraina/ Sat, 19 Feb 2022 06:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=460703

Експлозија одекна на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина, јавија руските медиуми.

Експлозијата го потресе гасоводот „Дружба“ во сепаратистичкиот град Луганск.

Инцидентот се случи во момент на зајакнати тензии во регионот каде се зголемуваат стравувањата дека Русија можеби се подготвува да ја нападне Украина.

Гасоводот „Дружба“ минува од Русија до различни точки во источна и централна Европа.

Западните медиуми, повикувајќи се на руски државни канали, објавија и за втора експлозија во Луганск, која се слу чила за помалку од еден час по првата

The post Експлозијата која одекна е на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина appeared first on Република.

]]>

Експлозија одекна на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина, јавија руските медиуми. Експлозијата го потресе гасоводот „Дружба“ во сепаратистичкиот град Луганск. Инцидентот се случи во момент на зајакнати тензии во регионот каде се зголемуваат стравувањата дека Русија можеби се подготвува да ја нападне Украина. Гасоводот „Дружба“ минува од Русија до различни точки во источна и централна Европа. Западните медиуми, повикувајќи се на руски државни канали, објавија и за втора експлозија во Луганск, која се слу чила за помалку од еден час по првата

The post Експлозијата која одекна е на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина appeared first on Република.

]]>
Пукна во Луганск, се запали гасоводот https://republika.mk/vesti/svet/pukna-vo-lugansk-se-zapali-gasovodot/ Fri, 18 Feb 2022 22:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=460685

Во Луганск одекна силна експлозија. Според локалните медиуми, по експлозијата се запалил гасоводот.

Претходно Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се повикуваат руските резервисти на воена обука во 2022 година, објавија руските медиуми.

The post Пукна во Луганск, се запали гасоводот appeared first on Република.

]]>

Во Луганск одекна силна експлозија. Според локалните медиуми, по експлозијата се запалил гасоводот. Претходно Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се повикуваат руските резервисти на воена обука во 2022 година, објавија руските медиуми.

The post Пукна во Луганск, се запали гасоводот appeared first on Република.

]]>
Размена на обвинувања за гранатирање и прекршување на примирјето во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/razmena-na-obvinuvanja-za-granatiranje-i-prekrshuvanje-na-primirjeto-vo-donbas/ Thu, 17 Feb 2022 12:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=459839

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека селото Станица во Луганск било гранатирано со тешко оружје и ги повика другите земји да го осудат нападот.

Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура.

Според дописникот на Индепендент во Москва, пак, соопшти дека при гранатирање од украинската војска на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Во инцидентот не се повредени деца.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека денеска во раните утрински часови забележала „неколку инциденти на гранатирање долж линијата на контакт во источна Украина“, објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извор.

Бунтовниците во регионот на Луганск ја обвинија Украина дека отворила оган најмалку пет пати во последните 24 часа.

https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-sili-granatiraat-vo-donbas-se-prekrshuva-primirjeto-i-se-vloshuva-situacijata-na-frontot/

The post Размена на обвинувања за гранатирање и прекршување на примирјето во Донбас appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека селото Станица во Луганск било гранатирано со тешко оружје и ги повика другите земји да го осудат нападот. Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура. Според дописникот на Индепендент во Москва, пак, соопшти дека при гранатирање од украинската војска на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Во инцидентот не се повредени деца. Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека денеска во раните утрински часови забележала „неколку инциденти на гранатирање долж линијата на контакт во источна Украина“, објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извор. Бунтовниците во регионот на Луганск ја обвинија Украина дека отворила оган најмалку пет пати во последните 24 часа. https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-sili-granatiraat-vo-donbas-se-prekrshuva-primirjeto-i-se-vloshuva-situacijata-na-frontot/

The post Размена на обвинувања за гранатирање и прекршување на примирјето во Донбас appeared first on Република.

]]>
Украински сили гранатираат во Донбас: Се прекршува примирјето и се влошува ситуацијата на фронтот https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-sili-granatiraat-vo-donbas-se-prekrshuva-primirjeto-i-se-vloshuva-situacijata-na-frontot/ Thu, 17 Feb 2022 09:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=459719

Претставникот на проруските бунтовници Јан Лашченко и началник на полицијата на Луганска Народна Република (ЛНР), изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот во Донбас во источна Украина е значително влошена во последните 24 часа.

Тој ги повика меѓународните набљудувачи „да ги забележат агресивните акции на силите на Киев и да преземат итни мерки за да се спречи крвопролевање“.

Во изминатите 24 часа ситуацијата на линијата значително ескалира. Непријателот, по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев, се обидува да го заостри судирот … Апелираме до меѓународните набљудувачи да ги регистрираат фактите за агресивните акции на киевските сили и да преземат итни мерки за да се спречи крвопролевање во Донбас - наведе Лашченко во соопштение објавено на каналот на телеграм на Народната милиција на ЛНР.

Претходно, претставници на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (ЗЦЦЦ) соопштија дека украинските вооружени сили четири пати го прекршиле прекинот на огнот од полноќ.

Гранатирани се населбите Сокољники, Золото 5, Весјолењко, Нижње Лозово и Доњецк, кои се под контрола на Луганск.

На 27 јули 2020 година, во Донбас стапија во сила дополнителни мерки за обезбедување примирје. Договорот вклучува забрана за секаков вид оган, распоредување тешко вооружување, офанзивни и диверзантски операции, употреба на беспилотни летала освен оние што им припаѓаат на набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

The post Украински сили гранатираат во Донбас: Се прекршува примирјето и се влошува ситуацијата на фронтот appeared first on Република.

]]>

Претставникот на проруските бунтовници Јан Лашченко и началник на полицијата на Луганска Народна Република (ЛНР), изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот во Донбас во источна Украина е значително влошена во последните 24 часа. Тој ги повика меѓународните набљудувачи „да ги забележат агресивните акции на силите на Киев и да преземат итни мерки за да се спречи крвопролевање“.
Во изминатите 24 часа ситуацијата на линијата значително ескалира. Непријателот, по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев, се обидува да го заостри судирот … Апелираме до меѓународните набљудувачи да ги регистрираат фактите за агресивните акции на киевските сили и да преземат итни мерки за да се спречи крвопролевање во Донбас - наведе Лашченко во соопштение објавено на каналот на телеграм на Народната милиција на ЛНР.
Претходно, претставници на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (ЗЦЦЦ) соопштија дека украинските вооружени сили четири пати го прекршиле прекинот на огнот од полноќ. Гранатирани се населбите Сокољники, Золото 5, Весјолењко, Нижње Лозово и Доњецк, кои се под контрола на Луганск. На 27 јули 2020 година, во Донбас стапија во сила дополнителни мерки за обезбедување примирје. Договорот вклучува забрана за секаков вид оган, распоредување тешко вооружување, офанзивни и диверзантски операции, употреба на беспилотни летала освен оние што им припаѓаат на набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

The post Украински сили гранатираат во Донбас: Се прекршува примирјето и се влошува ситуацијата на фронтот appeared first on Република.

]]>