Четирите спорни референдуми во деловите на Украина што се под контрола на Русија завршија вчера. Гласањето во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје беше осудено од страна на украинската влада и западните сојузници, кои сметаат дека е менаџирано од страна на Кремљ.

Четири милиони луѓе побараа да гласаат во регионите зафатени од војна, кои сочинуваат околу 15% од територијата на Украина.

Првичните резултати од тие области, според руските медиуми, наведуваат огромно мнозинство за приклучување кон Русија.

Ако Русија ги анектира четирите региони, би можела да ја однесе војната на ново и поопасно ниво. Москва, секој обид на Украина да ги врати ќе го смета како напад на Русија.

Се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин може да ја објави анексијата на четирите региони во говорот на заедничката седница на рускиот парламент в петок, објави Си-ен-ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.