Skip to main content

Израелската војска бомбардираше училиште во Газа, тврдат дека било команден штаб на Хамас

Израелската војска соопшти дека повторно нападнала команден центар на палестинската исламистичка група Хамас, кој бил скриен во училиште. Израелските воздухопловни сили „спроведоа прецизен напад против терористите на Хамас“, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал Телеграм.

Се наведува дека „терористите“ планирале да го нападнат Израел и дека командниот штаб на групата „бил изграден во комплекс што претходно служел како училиште во градот Газа“, пренесува ДПА.

Израел постојано тврди дека Хамас се крие во цивилни структури, како што се училишта и болници, и ги користи Палестинците како жив штит, што е кршење на меѓународното право. Армијата презеде мерки за намалување на ризиците за цивилите, соопшти ИД.

Не се посочува дали има загинати и повредени во најновиот израелски напад.

Војната во Појасот Газа, која трае повеќе од една година, започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши напад на израелска територија. Според израелски извори, тогаш биле убиени околу 1.200 луѓе, а речиси 250 се земени како заложници. Израел пота започна масовна одмазда во Појасот Газа во која, според палестинските власти, досега загинаа повеќе од 44.800 луѓе.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom