горан милевски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-milevski/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Nov 2022 09:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан милевски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-milevski/ 32 32 Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за поскоро да почнеме со преговорите https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/ Sun, 20 Nov 2022 09:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=576020

Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“.

Како што рече Милевски, следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат.

Конференцијата се одржува непосредно пред почетокот на осмиот конгрес на ЛДП на кој се очекува Моника Зајкова да биде избрана за нов партиски лидер.

Неопходно е Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуват закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, изјави Милевски.

Тој нагласи дека е убеден оти и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова, ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ.

Час поскоро целиот регионот е неопходно да стане полноправна членка на ЕУ, истакна Милевски.

На конференцијата, по Милевски, кусо обраќање имаше и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук.

The post Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за поскоро да почнеме со преговорите appeared first on Република.

]]>

Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“. Како што рече Милевски, следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат. Конференцијата се одржува непосредно пред почетокот на осмиот конгрес на ЛДП на кој се очекува Моника Зајкова да биде избрана за нов партиски лидер.
Неопходно е Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуват закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, изјави Милевски.
Тој нагласи дека е убеден оти и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова, ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ.
Час поскоро целиот регионот е неопходно да стане полноправна членка на ЕУ, истакна Милевски.
На конференцијата, по Милевски, кусо обраќање имаше и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук.

The post Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за поскоро да почнеме со преговорите appeared first on Република.

]]>
Милевски му ја предаде функцијата на Пенов https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/ Sat, 29 Oct 2022 07:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=567013

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски. Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>
Собранието ја констатираше оставката на Милевски https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ja-konstatirashe-ostavkata-na-milevski/ Mon, 17 Oct 2022 17:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=562209

Почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.

Имам обврска да соопштам дека пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.

Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост.

Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.

The post Собранието ја констатираше оставката на Милевски appeared first on Република.

]]>

Почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.
Имам обврска да соопштам дека пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.
Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост. Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.  

The post Собранието ја констатираше оставката на Милевски appeared first on Република.

]]>
Милевски си заминува од Владата со Наградата за посебни заслуги од општина Крива Паланка https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-si-zaminuva-od-vladata-so-nagradata-za-posebni-zaslugi-od-opshtina-kriva-palanka/ Sat, 08 Oct 2022 18:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=558879

Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура, со нови проекти кои се реализираат, вложувајќи во напредок и развој – за поубава општина за генерациите што доаѓаат, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ја доби наградата за посебни заслуги за придонес што ја доделува Општина Крива Паланка по повод 78 години од ослободувањето на градот.

Како што соопшти денеска Министерството за локална самоуправа, министерот Милевски заедно со градоначалникот Сашко Митовски и директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, Дарко Стоилковски, официјално ја пуштија во употреба реновираната национална установа „Центар за култура Крива Паланка”.

– За празнувањата да бидат поубави – подобри услови за работа во НУЦК, поквалитетна реализација на културните содржини, ентериерот во салата е саниран со финансии од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој како и Програмата за урбани подрачја со вкупно четири милиони денари и кофинасирање од општинскиот буџет близу 450.000 денари, рече градоначалникот Митовски.

The post Милевски си заминува од Владата со Наградата за посебни заслуги од општина Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура, со нови проекти кои се реализираат, вложувајќи во напредок и развој – за поубава општина за генерациите што доаѓаат, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ја доби наградата за посебни заслуги за придонес што ја доделува Општина Крива Паланка по повод 78 години од ослободувањето на градот. Како што соопшти денеска Министерството за локална самоуправа, министерот Милевски заедно со градоначалникот Сашко Митовски и директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, Дарко Стоилковски, официјално ја пуштија во употреба реновираната национална установа „Центар за култура Крива Паланка”.
– За празнувањата да бидат поубави – подобри услови за работа во НУЦК, поквалитетна реализација на културните содржини, ентериерот во салата е саниран со финансии од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој како и Програмата за урбани подрачја со вкупно четири милиони денари и кофинасирање од општинскиот буџет близу 450.000 денари, рече градоначалникот Митовски.

The post Милевски си заминува од Владата со Наградата за посебни заслуги од општина Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Оставката на Милевски доставена до Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/ostavkata-na-milevski-dostavena-do-sobranieto-2/ Tue, 04 Oct 2022 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=557221

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.

The post Оставката на Милевски доставена до Собранието appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците. Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски. Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.

The post Оставката на Милевски доставена до Собранието appeared first on Република.

]]>
Оставката на Милевски доставена до Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/ostavkata-na-milevski-dostavena-do-sobranieto/ Tue, 04 Oct 2022 10:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=557203

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

The post Оставката на Милевски доставена до Собранието appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците. Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски. Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

The post Оставката на Милевски доставена до Собранието appeared first on Република.

]]>
Милевски поднесе оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-podnese-ostavka/ Tue, 20 Sep 2022 13:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=552628

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата.

Оставката, како што посочуваат од Владата за МИА, ќе биде  разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира.

Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа.

Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание.

Офијално се уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња.

Милевски, за МИА вчера изјави дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.

– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.

Милевски ќе остане претседател на ЛДП се до редовниот конгрес на партијата што треба да се одржи во декември кога ќе треба да се избере ново раководство.

The post Милевски поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата. Оставката, како што посочуваат од Владата за МИА, ќе биде  разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира. Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа. Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание. Офијално се уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња. Милевски, за МИА вчера изјави дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците. – Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА. Милевски ќе остане претседател на ЛДП се до редовниот конгрес на партијата што треба да се одржи во декември кога ќе треба да се избере ново раководство.

The post Милевски поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Потврдено: Милевски си заминува од Владата, дали ќе биде единствениот? https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-milevski-si-zaminuva-od-vladata-dali-kje-bide-edinstveniot/ Tue, 20 Sep 2022 06:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=552457

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.

Милевски, како што вчера изјави за МИА, се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.

– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.

Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на ЛДП.

Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година

The post Потврдено: Милевски си заминува од Владата, дали ќе биде единствениот? appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата. Милевски, како што вчера изјави за МИА, се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.
– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.
Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на ЛДП. Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година

The post Потврдено: Милевски си заминува од Владата, дали ќе биде единствениот? appeared first on Република.

]]>
Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-kje-povleche-noga-od-vladata-si-zaminuvaat-i-sali-i-bochvarski/ Mon, 19 Sep 2022 13:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=552270

Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, дознава „Плусинфо.мк“.

Во политичките кругови веќе започнаа да кружат информации дека Владата сериозно размислува да му се заблагодари на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов.

Неофицијално, како главна причина за смена на Алити од највисоката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација се посочени новите проценти во „балансерот“ и кревањето на процентот на Албанците на 31,54 проценти и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика (ДЗС) дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население во земјава, а не и на дијаспората.

Премиерот Ковачевски наводно не е задоволен и од работата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, па очекувано е тој да биде симнат од позицијата главно поради проблемите со реализацијата на големите инвестициски проекти, автопатите Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, како и железничката и патната инфраструктура со Бугарија.

Засега не се познати главните претенденти за позициите на Алити и на Бочварски, но затоа, пак, веќе гласно се зборува дека партиската и министерската позиција на Горан Милевски најверојатно ќе ги преземе пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова.

Повеќе на „Плусинфо.мк“

The post Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? appeared first on Република.

]]>

Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, дознава „Плусинфо.мк“. Во политичките кругови веќе започнаа да кружат информации дека Владата сериозно размислува да му се заблагодари на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов. Неофицијално, како главна причина за смена на Алити од највисоката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација се посочени новите проценти во „балансерот“ и кревањето на процентот на Албанците на 31,54 проценти и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика (ДЗС) дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население во земјава, а не и на дијаспората. Премиерот Ковачевски наводно не е задоволен и од работата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, па очекувано е тој да биде симнат од позицијата главно поради проблемите со реализацијата на големите инвестициски проекти, автопатите Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, како и железничката и патната инфраструктура со Бугарија. Засега не се познати главните претенденти за позициите на Алити и на Бочварски, но затоа, пак, веќе гласно се зборува дека партиската и министерската позиција на Горан Милевски најверојатно ќе ги преземе пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова. Повеќе на „Плусинфо.мк“

The post Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? appeared first on Република.

]]>
До Владата не е доставена оставката на Милевски https://republika.mk/vesti/makedonija/do-vladata-ne-e-dostavena-ostavkata-na-milevski/ Sat, 17 Sep 2022 12:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=551705

До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба.

Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.

-После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избрана на 16 јануари годинава.

The post До Владата не е доставена оставката на Милевски appeared first on Република.

]]>

До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба. Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално. -После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата. Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки. Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски. Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избрана на 16 јануари годинава.

The post До Владата не е доставена оставката на Милевски appeared first on Република.

]]>
Милевски се повлекува, кој ќе го наследи во ЛДП и Владата? https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-se-povlekuva-koj-kje-go-nasledi-vo-ldp-i-vladata/ Fri, 16 Sep 2022 19:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=551580

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски планира да се повлече од функциите, а, според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката.

Како што неофицијално дознава порталот, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.

Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.

Иако Милевски и пратениците Зајкова и Мојсоски имаа различен став во однос на таканаречениот француски предлог, партиски извори велат дека дискусиите за трансфер на власта во партијата се водат во конструктивна атмосфера, без тензии и конфликти.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

The post Милевски се повлекува, кој ќе го наследи во ЛДП и Владата? appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски планира да се повлече од функциите, а, според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката. Како што неофицијално дознава порталот, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава. Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски. Иако Милевски и пратениците Зајкова и Мојсоски имаа различен став во однос на таканаречениот француски предлог, партиски извори велат дека дискусиите за трансфер на власта во партијата се водат во конструктивна атмосфера, без тензии и конфликти. Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

The post Милевски се повлекува, кој ќе го наследи во ЛДП и Владата? appeared first on Република.

]]>
Милевски очекува наскоро мерки за општините и јавните претпријатие, со кои ќе се справат со енергетската криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/milevski-ochekuva-naskoro-merki-za-opshtinite-i-javnite-pretprijatie-so-koi-kje-se-spravat-so-energetskata-kriza/ Mon, 12 Sep 2022 12:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=550020

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски е во постојана комуникација со градоначалниците, но и со директорите на комуналните претпријатија, коишто се соочуваат со високите сметки за електрична енергија и во прашање им е доведена ликвидноста. Министерот, Милевски истакна дека најголеми финансиски проблеми имаат претпријатијата, на кои водоснабдувањето им е со пумпи, што се големи потрошувачи на електрична енергија.

-Доведена е ликвидноста на јавните претпријатија, меѓутоа ние како министерство можеме само да го пренесиме нивното барање. Ние како министерство немаме финасии за тоа, ви кажав нашите средства се 1,5 милиони евра, што му ги доделуваме на општините, вели Милевски.

Посочи дека Владата треба да донесе одлука за помош на општините и јавните претпријатија, а Министерството за финансии ако има средства или да се изнајдат, како и да се понудат некои поволности за општините и јавните претпријатија, со цел полесно да ја пребродат енергетската криза.

-Сепак основната клетка на комуникација на државата со граѓаните се општините и локалната самоуправа. Се разбира и јас поддржувам дека треба да изнајдиме механизам, заеднички, не само Владата, државата и локалните претпријатија, општините да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, бидејќи навистина оваа криза ќе ги удри сите, најмногу нас како граѓани. Ние живееме во градовите и имаме проблеми со осветлувањето, вели Милевски.

Забележа дека досега имал неколку состаноци со ЗЕЛС и смета дека најитно треба да се најде заеднички јазик меѓу двете страни и да се решат проблемите. Министерот Милевски истакна дека Владата секојдневно работи на нови мерки за да се ублажи ударот од енергетската криза. Прашан за иницијативата за онлајн наставата во училишта, со цел училиштата да немаат високи сметки за струја, Милевски истакна дека оваа одлука ја носи Министерството за образование и наука.

The post Милевски очекува наскоро мерки за општините и јавните претпријатие, со кои ќе се справат со енергетската криза appeared first on Република.

Горан Милевски предлага да се избере нова комисија за историја https://republika.mk/vesti/makedonija/goran-milevski-predlaga-da-se-izbere-nova-komisija-za-istorija/ Sat, 16 Jul 2022 17:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=530072

Преку обраќање на Фејсбук лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска објаснуваше како не е ни за францускиот предлог, но не е ни против почетокот на преговорите и предложи „доколку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор“. Според Милевски, со новиот начин на избор на нејзините членови од страна на Собранието државата ќе била сигурна дека немало да се „начне македонскиот идентитет“.

Историската комисија ја избра Владата, а според Милевски сега кога ќе почнат преговорите со ЕУ Собранието треба да го има клучниот збор при изборот на историчарите кои треба да бидат „еминентни“. Но тој со неговиот предлог ја вмешува и политиката, велејќи и дека двете најголеми партии треба да предложат историчари кои тие ги сметаат за „еминентни“.

Според предлогот на Милевски, во историската комисија треба да има двајца претставници кои ќе ги делегирала МАНУ, а по еден претставник треба да делегира претседателот на државата, најголемата владејачка партија, најголемата опозицика партија и еден претставник делегиран од најголемата партија на „немнозинското население“.

Милевски пишува дека „овие недели добивав цврсти гаранции од многу влијателни центри на одлучување дека нема да се дозволи Бугарија да се изживува со нас во процесот на интеграција во Унијата и да се доведеме како држава до понижувачка позиција. Многу ветувања реализирале, но многу останало и не e остварено и затоа овој пат сум толку многу скептичен во целиот процес“.

The post Горан Милевски предлага да се избере нова комисија за историја appeared first on Република.

]]>

Преку обраќање на Фејсбук лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска објаснуваше како не е ни за францускиот предлог, но не е ни против почетокот на преговорите и предложи „доколку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор“. Според Милевски, со новиот начин на избор на нејзините членови од страна на Собранието државата ќе била сигурна дека немало да се „начне македонскиот идентитет“. Историската комисија ја избра Владата, а според Милевски сега кога ќе почнат преговорите со ЕУ Собранието треба да го има клучниот збор при изборот на историчарите кои треба да бидат „еминентни“. Но тој со неговиот предлог ја вмешува и политиката, велејќи и дека двете најголеми партии треба да предложат историчари кои тие ги сметаат за „еминентни“. Според предлогот на Милевски, во историската комисија треба да има двајца претставници кои ќе ги делегирала МАНУ, а по еден претставник треба да делегира претседателот на државата, најголемата владејачка партија, најголемата опозицика партија и еден претставник делегиран од најголемата партија на „немнозинското население“. Милевски пишува дека „овие недели добивав цврсти гаранции од многу влијателни центри на одлучување дека нема да се дозволи Бугарија да се изживува со нас во процесот на интеграција во Унијата и да се доведеме како држава до понижувачка позиција. Многу ветувања реализирале, но многу останало и не e остварено и затоа овој пат сум толку многу скептичен во целиот процес“.  

The post Горан Милевски предлага да се избере нова комисија за историја appeared first on Република.

]]>
Милевски: Доколку целта беше брзо завршување на преговорите, тогаш во предлогот, немаше да ги остават кукавичките јајца на Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-dokolku-celta-beshe-brzo-zavrshuvanje-na-pregovorite-togash-vo-predlogot-nemashe-da-gi-ostavat-kukavichkite-jajca-na-bugarija/ Sat, 16 Jul 2022 10:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=529824

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил пишува дека иако од ЛДП било испратено соопштение до јавноста, сепак останало нејасно кај некои медиуми и кај граѓаните, дали партијата го поддржува почетокот на преговорите со ЕУ или НЕ, врз основа на Францускиот предлог.

„ЛДП во ниту една своја одлука, НЕ даде согласност за почеток на преговори, со кои Македонија може да стане заложник на бугарските аспирации и желби да ја превземе македонската историја. Ги кажавме нашите црвени линии и загрижености.
Изразивме став дека НЕ се согласуваме, во рамката за почеток на преговорите да има билатерални прашања со соседите кои задираат во историските, културните и јазичните особености на македонскиот народ, кои можат да бидат потенцијална опасност за блокирање на евроинтегративниот процес на Македонија.

Во Собранието деновиве не се гласа за или против Францускиот предлог, туку се одредуваат црвените линии на оваа и било која друга Влада како да постапува во текот на преговорите со Унијата, доколку Владата донесе одлука за старт на преговорите со ЕУ, сега или во иднина. Тие црвени линии се заштита на македонскиот идентитет, самобитност, култура, историја, традиција“, пишува тој.

Милевски додава дека пратениците на ЛДП имаат историска должност да гласаат за заштита на македонскиот национален идентитет и за ова отстапки за нас нема.

„Жалам што дебатата во Собранието се сведува на напади и омаловажувања на едни со други и наместо да се дебатира за темата на Дневен ред која треба едногласно да се прифати и да бидеме ние како Македонци единствени за тоа што сакаме, Собранието стана заложник на екстремистичката пропагандна политика на проруска партија, која застапува интереси на државата Русија и чии високи претставници се чести гости на прослави во Москва. Русија е креатор на Санстефанскиот договор и создавањето на голема Бугарија во која спаѓа целата територија на Македонија и делови од Албанија. Русија ниту била, ниту ќе биде некогаш на страната на Македонија. Таа секогаш имала и ќе има поголеми сојузници од Македонија на Балканот и секогаш ќе ги штити нивните интереси, наместо интересите на Македонија и на македонскиот народ“, додава Милевски.

Затоа, пишува Милевски, за мене е нејасно како може политичка партија кај нас да ги спроведува руските интереси во Македонија, а притоа популистички да зборува дека работи во интерес на македонскиот народ.

„Оној кој спроведува руски пропагандни политики добро наплатени со руски рубљи не може да и мисли добро на државата Македонија. Штетата од поддршката на таквите политики ќе падне врз сите нас, граѓаните на Македонија. Да се навратам на Францускиот предлог. Она што за мене е спорно и е дилема во оваа ревидирана преговарачка рамка е искреноста и вистинските намери на ЕУ, дали вистински сака да ги започнеме и завршеме преговорите со ЕУ и да станеме рамноправна членка во блиска иднина или сака вечно да останеме пред портите на ЕУ. Доколку целта беше брзо завршување на преговорите, тогаш во предлогот, немаше да ги остават кукавичките јајца на Бугарија и нашето напредување кон полноправно членство ќе зависеше само и исклучиво од нашите реформи и напредок во сите општествени области“, додава Милевски.

Според него, вака се остава можност од име на Унијата Бугарија во секој можен чекор да ни става сопки на нашиот европски пат и наместо македонскиот воз да ита кон Брисел, да биде закочен на Софиската железничка станица.

„Овие недели добивав цврсти гаранции од многу влијателни центри на одлучување дека нема да се дозволи Бугарија да се изживува со нас во процесот на интеграција во Унијата и да се доведеме како држава до понижувачка позиција. Многу ветувања реализирале, но многу останало и не остварено и затоа овој пат сум толку многу скептичен во целиот процес. Останува да видиме во иднина дали биле искрени и ќе си држат до својот збор и ветувања. За да бидеме сигурни пак ние во Македонија, дека на никој нема да му текне да прифати некое бугарско романтичарско барање за приграбување на нашата Света македонска црква, историја, култура, приграбување на Охрид, Илинденците и се што за нас е свето и идентитетско и е наше и за кое се пролила многу македонска крв на нашите претци, клучна е историската комисија.
Затоа предлагам до колку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор, со цел да бидеме сигурни дека во текот на преговорите нема да се зачне македонскиот идентитет“, пишува Милевски.

Според него, составот на историската комисија наместо Владата, треба да го бира Собранието бидејќи тоа и ги донесува црвените линии.

„Нејзиниот состав треба да биде составен од еминентни историчари на предлог на:
– 2 претставници кои ќе ги делегира МАНУ како највисока научна институција во државата,
– 1 претставник да делегира УКИМ, катедра за историја,
– 1 претставник да делегира Претседателот на државата,
– 1 претставик најголемата владејачка партија,
– 1 претставник најголемата опозициона партија,
– 1 претставник најголемата партија на немнозинското население“, пишува Милевски.

„Дали треба да дадеме шанса како држава на процесот? Можеби треба, бидејќи ако сме сите едногласни и решени дека нема да отстапиме од она што за нас е свето, тогаш нема ни од што да се плашиме во овој процес, дека ќе изгубиме како Македонци. Она од што ќе се откажеме е членството во ЕУ и за тоа треба да бидат свесни сега и во иднина бриселските дипломати, бидејќи од нас Македонците ни сега ни во иднина Бугари не бидува. Треба некој да е многу луд, макар и само да помисли, дека може да менува историја и да владее“, порача Милевски.

Тој додава дека партијата ЛДП ќе го следи процесот одблизу.

„Согласно заклучоците кои ги усвои Централниот одбор на партијата, НЕ даваме поддршка, но нема да бидеме ниту ПРОТИВ и кочничари на процесот, бидејќи друга алтернатива освен ЕУ немаме. Затоа на седница на Влада, НЕ можам позитивно да се изјаснам за ваков почеток на преговорите, од сомнежот кој ЕУ оправдано го остави кај мене, од нивните досегашни колебања, лаги и ветувања кои ја оставија Македонија 17 години во чекалната на ЕУ. Дали треба во овој момент ЛДП, ДОМ и ДС да ја напуштат Владата и да предизвикаат политичка криза, покрај постојната економска, енергетска, здравствена криза и моменталното толку силно изразено руско влијание во државата?
Одговорот и на ова прашање е НЕ, бидејќи граѓаните не заслужија дополнителни да им го компликуваме животот, а Владата треба да има целосен фокус на амортизирање на последиците од економската криза. Исто така важна причина за оваа одлука е наелектризираната атмосфера во општеството која ќе доведе после едни избрзани избори кои би се организирале на есен, идната Влада да биде заложник на руските сили кои ќе и нанесат само зло на државата, а тоа не смееме да го дозволиме.
Да се разбистри маглата која се фрли во јавноста, бурата од дезинформации и шпекулации да спласне и во мирно време во периодот кој е пред нас да излеземе сите на избори, гласајќи со разум и со една изборна единица, како што ни вети премиерот Ковачевски. Доколку во процесот осуетиме барем најмал обид за ретуширање на македонската историја, тогаш нашето место ќе биде на барикадите со народот.
И за крај, да не помислува никој да влијае врз процесите во ЛДП, бидејќи секој обид за киднапирање на партијата и правење на нечиј политички вазал ќе заврши неуспешно, како и многу пати во минатото. Како претседател кој додека ја има поддршката на членството, општинските организации, подмладокот, Форумот на жени ќе се борам со сите сили, ум и разум да ја зачувам самостојноста на ЛДП. И по мене ќе дојдат луѓе со исти ставови. Од нас освен упорни и изджливи либерали друго не бидува. ЛДП излегува секогаш посилна, бидејќи има идеологија и автономни наши автентични либерални ставови“, пишува Милевски.

The post Милевски: Доколку целта беше брзо завршување на преговорите, тогаш во предлогот, немаше да ги остават кукавичките јајца на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил пишува дека иако од ЛДП било испратено соопштение до јавноста, сепак останало нејасно кај некои медиуми и кај граѓаните, дали партијата го поддржува почетокот на преговорите со ЕУ или НЕ, врз основа на Францускиот предлог.
„ЛДП во ниту една своја одлука, НЕ даде согласност за почеток на преговори, со кои Македонија може да стане заложник на бугарските аспирации и желби да ја превземе македонската историја. Ги кажавме нашите црвени линии и загрижености. Изразивме став дека НЕ се согласуваме, во рамката за почеток на преговорите да има билатерални прашања со соседите кои задираат во историските, културните и јазичните особености на македонскиот народ, кои можат да бидат потенцијална опасност за блокирање на евроинтегративниот процес на Македонија. Во Собранието деновиве не се гласа за или против Францускиот предлог, туку се одредуваат црвените линии на оваа и било која друга Влада како да постапува во текот на преговорите со Унијата, доколку Владата донесе одлука за старт на преговорите со ЕУ, сега или во иднина. Тие црвени линии се заштита на македонскиот идентитет, самобитност, култура, историја, традиција“, пишува тој.
Милевски додава дека пратениците на ЛДП имаат историска должност да гласаат за заштита на македонскиот национален идентитет и за ова отстапки за нас нема.
„Жалам што дебатата во Собранието се сведува на напади и омаловажувања на едни со други и наместо да се дебатира за темата на Дневен ред која треба едногласно да се прифати и да бидеме ние како Македонци единствени за тоа што сакаме, Собранието стана заложник на екстремистичката пропагандна политика на проруска партија, која застапува интереси на државата Русија и чии високи претставници се чести гости на прослави во Москва. Русија е креатор на Санстефанскиот договор и создавањето на голема Бугарија во која спаѓа целата територија на Македонија и делови од Албанија. Русија ниту била, ниту ќе биде некогаш на страната на Македонија. Таа секогаш имала и ќе има поголеми сојузници од Македонија на Балканот и секогаш ќе ги штити нивните интереси, наместо интересите на Македонија и на македонскиот народ“, додава Милевски.
Затоа, пишува Милевски, за мене е нејасно како може политичка партија кај нас да ги спроведува руските интереси во Македонија, а притоа популистички да зборува дека работи во интерес на македонскиот народ.
„Оној кој спроведува руски пропагандни политики добро наплатени со руски рубљи не може да и мисли добро на државата Македонија. Штетата од поддршката на таквите политики ќе падне врз сите нас, граѓаните на Македонија. Да се навратам на Францускиот предлог. Она што за мене е спорно и е дилема во оваа ревидирана преговарачка рамка е искреноста и вистинските намери на ЕУ, дали вистински сака да ги започнеме и завршеме преговорите со ЕУ и да станеме рамноправна членка во блиска иднина или сака вечно да останеме пред портите на ЕУ. Доколку целта беше брзо завршување на преговорите, тогаш во предлогот, немаше да ги остават кукавичките јајца на Бугарија и нашето напредување кон полноправно членство ќе зависеше само и исклучиво од нашите реформи и напредок во сите општествени области“, додава Милевски.
Според него, вака се остава можност од име на Унијата Бугарија во секој можен чекор да ни става сопки на нашиот европски пат и наместо македонскиот воз да ита кон Брисел, да биде закочен на Софиската железничка станица.
„Овие недели добивав цврсти гаранции од многу влијателни центри на одлучување дека нема да се дозволи Бугарија да се изживува со нас во процесот на интеграција во Унијата и да се доведеме како држава до понижувачка позиција. Многу ветувања реализирале, но многу останало и не остварено и затоа овој пат сум толку многу скептичен во целиот процес. Останува да видиме во иднина дали биле искрени и ќе си држат до својот збор и ветувања. За да бидеме сигурни пак ние во Македонија, дека на никој нема да му текне да прифати некое бугарско романтичарско барање за приграбување на нашата Света македонска црква, историја, култура, приграбување на Охрид, Илинденците и се што за нас е свето и идентитетско и е наше и за кое се пролила многу македонска крв на нашите претци, клучна е историската комисија. Затоа предлагам до колку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор, со цел да бидеме сигурни дека во текот на преговорите нема да се зачне македонскиот идентитет“, пишува Милевски.
Според него, составот на историската комисија наместо Владата, треба да го бира Собранието бидејќи тоа и ги донесува црвените линии.
„Нејзиниот состав треба да биде составен од еминентни историчари на предлог на: – 2 претставници кои ќе ги делегира МАНУ како највисока научна институција во државата, – 1 претставник да делегира УКИМ, катедра за историја, – 1 претставник да делегира Претседателот на државата, – 1 претставик најголемата владејачка партија, – 1 претставник најголемата опозициона партија, – 1 претставник најголемата партија на немнозинското население“, пишува Милевски.
„Дали треба да дадеме шанса како држава на процесот? Можеби треба, бидејќи ако сме сите едногласни и решени дека нема да отстапиме од она што за нас е свето, тогаш нема ни од што да се плашиме во овој процес, дека ќе изгубиме како Македонци. Она од што ќе се откажеме е членството во ЕУ и за тоа треба да бидат свесни сега и во иднина бриселските дипломати, бидејќи од нас Македонците ни сега ни во иднина Бугари не бидува. Треба некој да е многу луд, макар и само да помисли, дека може да менува историја и да владее“, порача Милевски. Тој додава дека партијата ЛДП ќе го следи процесот одблизу.
„Согласно заклучоците кои ги усвои Централниот одбор на партијата, НЕ даваме поддршка, но нема да бидеме ниту ПРОТИВ и кочничари на процесот, бидејќи друга алтернатива освен ЕУ немаме. Затоа на седница на Влада, НЕ можам позитивно да се изјаснам за ваков почеток на преговорите, од сомнежот кој ЕУ оправдано го остави кај мене, од нивните досегашни колебања, лаги и ветувања кои ја оставија Македонија 17 години во чекалната на ЕУ. Дали треба во овој момент ЛДП, ДОМ и ДС да ја напуштат Владата и да предизвикаат политичка криза, покрај постојната економска, енергетска, здравствена криза и моменталното толку силно изразено руско влијание во државата? Одговорот и на ова прашање е НЕ, бидејќи граѓаните не заслужија дополнителни да им го компликуваме животот, а Владата треба да има целосен фокус на амортизирање на последиците од економската криза. Исто така важна причина за оваа одлука е наелектризираната атмосфера во општеството која ќе доведе после едни избрзани избори кои би се организирале на есен, идната Влада да биде заложник на руските сили кои ќе и нанесат само зло на државата, а тоа не смееме да го дозволиме. Да се разбистри маглата која се фрли во јавноста, бурата од дезинформации и шпекулации да спласне и во мирно време во периодот кој е пред нас да излеземе сите на избори, гласајќи со разум и со една изборна единица, како што ни вети премиерот Ковачевски. Доколку во процесот осуетиме барем најмал обид за ретуширање на македонската историја, тогаш нашето место ќе биде на барикадите со народот. И за крај, да не помислува никој да влијае врз процесите во ЛДП, бидејќи секој обид за киднапирање на партијата и правење на нечиј политички вазал ќе заврши неуспешно, како и многу пати во минатото. Како претседател кој додека ја има поддршката на членството, општинските организации, подмладокот, Форумот на жени ќе се борам со сите сили, ум и разум да ја зачувам самостојноста на ЛДП. И по мене ќе дојдат луѓе со исти ставови. Од нас освен упорни и изджливи либерали друго не бидува. ЛДП излегува секогаш посилна, бидејќи има идеологија и автономни наши автентични либерални ставови“, пишува Милевски.

The post Милевски: Доколку целта беше брзо завршување на преговорите, тогаш во предлогот, немаше да ги остават кукавичките јајца на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-za-trajanov-morachanin-i-milevski-kakov-chovekolik-otpad/ Tue, 05 Jul 2022 10:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=524139

Павле Трајановски, Морачанин и ти дечко од ЛДП што многу се правиш паметен по телевизии, до кај сте со бугарската помија што ви ја нудат за папање?, им се обраќа актерот Сашо Тасевски.

Многу нешто се мислите.
Што е работава?
Не сте сигурни колку сте Бугари у душа?
Или лицитирате кај СДС(Бугарашка)?
Дај решете се.
Излегувате од влада или сте благонадежни блгари?
Неизвесноста ве убива.
Каков човеколик отпад. Неверојатно, пишува тој.

The post Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад appeared first on Република.

]]>

Павле Трајановски, Морачанин и ти дечко од ЛДП што многу се правиш паметен по телевизии, до кај сте со бугарската помија што ви ја нудат за папање?, им се обраќа актерот Сашо Тасевски.
Многу нешто се мислите. Што е работава? Не сте сигурни колку сте Бугари у душа? Или лицитирате кај СДС(Бугарашка)? Дај решете се. Излегувате од влада или сте благонадежни блгари? Неизвесноста ве убива. Каков човеколик отпад. Неверојатно, пишува тој.

The post Тасевски за Трајанов, Морачанин и Милевски: Каков човеколик отпад appeared first on Република.

]]>
Милевски побара време: Ако утре се гласа, ќе гласаме против нека тераат без нас ако нешто ветиле https://republika.mk/vesti/makedonija/milevski-pobara-vreme-ako-utre-se-glasa-kje-glasame-protiv-neka-teraat-bez-nas-ako-neshto-vetile/ Mon, 04 Jul 2022 19:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=523865

По средбата на лидерите на помалите партии од владината коалиција ЛДП, ДС и ДОМ со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Либералната партија и министер Горан Милевски, рече дека доколку утре се гласа за франуцскиот предлог, неговата партија ќе биде против.

Во изјава по средбата за 24 вести, Милевски вели дека отворено кажале дека најголемиот проблем за нив е образованието и историјата и дека не сакаат да влеземе во ЕУ како втора бугарска држава.

https://youtu.be/I5Mf9VlTLJA

The post Милевски побара време: Ако утре се гласа, ќе гласаме против нека тераат без нас ако нешто ветиле appeared first on Република.

]]>

По средбата на лидерите на помалите партии од владината коалиција ЛДП, ДС и ДОМ со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Либералната партија и министер Горан Милевски, рече дека доколку утре се гласа за франуцскиот предлог, неговата партија ќе биде против. Во изјава по средбата за 24 вести, Милевски вели дека отворено кажале дека најголемиот проблем за нив е образованието и историјата и дека не сакаат да влеземе во ЕУ како втора бугарска држава. https://youtu.be/I5Mf9VlTLJA

The post Милевски побара време: Ако утре се гласа, ќе гласаме против нека тераат без нас ако нешто ветиле appeared first on Република.

]]>
ЛДП ја напушта власта ако се прифати францускиот предлог -ќе ги штитиме македонските национални интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-bara-site-politichki-chiniteli-da-go-otfrlat-francuskiot-predlog/ Thu, 23 Jun 2022 08:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=518748

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.

„Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот. Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција. Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси“, вели Милевски.

Тој додава дека доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор има одлука, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација.

The post ЛДП ја напушта власта ако се прифати францускиот предлог -ќе ги штитиме македонските национални интереси appeared first on Република.

ЛДП ќе излезе од владата ако биде прифатен францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-kje-izleze-od-vladata-ako-bide-prifaten-francuskiot-predlog/ Wed, 22 Jun 2022 14:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=518537

За ЛДП, Демократски сојуз и ДОМ францускиот предлог е неприфатлив.

Демократски сојуз најави дека партијата ќе го преиспита своето учество во владата, а лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека ако владата го прифати овој предлог, партијата ќе излезе од владата.

The post ЛДП ќе излезе од владата ако биде прифатен францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

За ЛДП, Демократски сојуз и ДОМ францускиот предлог е неприфатлив. Демократски сојуз најави дека партијата ќе го преиспита своето учество во владата, а лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека ако владата го прифати овој предлог, партијата ќе излезе од владата.

The post ЛДП ќе излезе од владата ако биде прифатен францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов https://republika.mk/vesti/makedonija/pomalite-partii-od-vlasta-se-krevaat-protiv-sdsm-milevski-ne-go-poddrzuva-predlogot-na-makron-na-slichen-stav-e-i-trajanov/ Tue, 21 Jun 2022 16:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=518183

Помалите коалициони партнери на Ковачевски почнаа да се изјаснуваат против францускиот предлог. Првиот човек на ЛДП е на ставот дека билатераланите спорови не смеат да станат европски услови.

– „Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот догово“ – Напиша Милевски, претседател на ЛДП.

Милевски и порачува на ЕУ дека ако како гарант на преспанскиот, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да покаже реципроцитет.

– ЕУ треба јасно да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење, нагласува Милевски. – Додаде Димовски

Ставот на Милевски е на место, но ако Владата не го послуша, тогаш треба ЛДП да ја повлече поддршката. Дела а не зборови, му одговори поранешниот колега Илија Димовски.

„Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…“ – Напиша Илија Димовски на Фејсбук.

И од Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов, велат дека имаат сериозни резерви за предлогот, но дека ќе конечниот став ќе го донеле откако ќе го виделе целосниот текст. Свесни се дека на повидок е нов договор.

„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа.“ – Истакнаа од Демократски Сојуз.

До овој момент уште тактизираат другите помали партнери во владејачката коалиција, ДОМ и НСДП. Секако став нема ниту од СДСМ ниту од ДУИ.

The post Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов appeared first on Република.

]]>

Помалите коалициони партнери на Ковачевски почнаа да се изјаснуваат против францускиот предлог. Првиот човек на ЛДП е на ставот дека билатераланите спорови не смеат да станат европски услови.
– „Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот догово“ – Напиша Милевски, претседател на ЛДП.
Милевски и порачува на ЕУ дека ако како гарант на преспанскиот, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да покаже реципроцитет. – ЕУ треба јасно да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење, нагласува Милевски. – Додаде Димовски Ставот на Милевски е на место, но ако Владата не го послуша, тогаш треба ЛДП да ја повлече поддршката. Дела а не зборови, му одговори поранешниот колега Илија Димовски.
„Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…“ – Напиша Илија Димовски на Фејсбук.
И од Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов, велат дека имаат сериозни резерви за предлогот, но дека ќе конечниот став ќе го донеле откако ќе го виделе целосниот текст. Свесни се дека на повидок е нов договор.
„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа.“ – Истакнаа од Демократски Сојуз.
До овој момент уште тактизираат другите помали партнери во владејачката коалиција, ДОМ и НСДП. Секако став нема ниту од СДСМ ниту од ДУИ.

The post Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов appeared first on Република.

]]>
Позитивна атмосфера блика и од средбата на Милевски и Петков https://republika.mk/vesti/makedonija/pozitivna-atmosfera-blika-i-od-sredbata-na-milevski-i-petkov/ Thu, 31 Mar 2022 17:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=481556

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Сандански оствари средба со бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничкиот состанок со градоначалниците од пограничниот регион од двете држави. На покана на бугарскиот колега, министерот за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалници на дваесет и седум општини во пограничниот регион, учествуваат на заеднички состанок на кој се разговара за новата ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, финансирана од Европската Унија. Тема на состанокот е и доизградбата и отворањето на граничниот премин Клепало, со финансиска поддршка од ИПА инструментот на Европската Унија.

- Прекуграничната соработка меѓу двете земји има свој континуитет и е една од најуспешните во регионот со целосна, стопроцентна реализација на средствата од Европската Унија. Во вториот ИПА Програмски период реализиравме 73 заеднички во вкупна вредност од 20 милиони евра, рече министерот Милевски.

Министерот Милевски истакна дека во програмата за соработка меѓу двете министерства се вклучени и градоначалниците, затоа што соработката меѓу општините од двете земји е пример за добрососедство и заедничко градење на европската иднина на регионот.

Во рамките на состанокот е предвидена и размена на добри пракси и искуства на ИПА проекти реализирани во двете земји, за поддршката на општините од Фондот за локални власти и локална управа (ФЛАГ), како и за дигитална трансформација на општините.

The post Позитивна атмосфера блика и од средбата на Милевски и Петков appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Сандански оствари средба со бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничкиот состанок со градоначалниците од пограничниот регион од двете држави. На покана на бугарскиот колега, министерот за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалници на дваесет и седум општини во пограничниот регион, учествуваат на заеднички состанок на кој се разговара за новата ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, финансирана од Европската Унија. Тема на состанокот е и доизградбата и отворањето на граничниот премин Клепало, со финансиска поддршка од ИПА инструментот на Европската Унија.
- Прекуграничната соработка меѓу двете земји има свој континуитет и е една од најуспешните во регионот со целосна, стопроцентна реализација на средствата од Европската Унија. Во вториот ИПА Програмски период реализиравме 73 заеднички во вкупна вредност од 20 милиони евра, рече министерот Милевски.
Министерот Милевски истакна дека во програмата за соработка меѓу двете министерства се вклучени и градоначалниците, затоа што соработката меѓу општините од двете земји е пример за добрососедство и заедничко градење на европската иднина на регионот. Во рамките на состанокот е предвидена и размена на добри пракси и искуства на ИПА проекти реализирани во двете земји, за поддршката на општините од Фондот за локални власти и локална управа (ФЛАГ), како и за дигитална трансформација на општините.

The post Позитивна атмосфера блика и од средбата на Милевски и Петков appeared first on Република.

]]>