фудбалер Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbaler/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 10:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фудбалер Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbaler/ 32 32 Настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги уби младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела https://republika.mk/vesti/balkan/nastreshnitsata-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad-gi-ubi-mladiot-fudbaler-milosh-i-negovata-devojka-angela/ Sat, 02 Nov 2024 10:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=833418

Младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела загинаа во вчерашната страшна несреќа на железничката станица во Нови Сад во Србија.

Во инцидентот што се случи во 11:50 часот се урна бетонска настрешница при што загинаа 14 лица, а меѓу жртвите се младиот Милош Милосављевиќ Киви и неговата девојка Ангела Руман.

На клупите под настрешницата имало патници кои чекале возови.

Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека во страшна несреќа во Нови Сад животот го загубија нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) заедно со неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година). Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“, беше објавено на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб каде што играл младиот Милош.

 

The post Настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги уби младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела appeared first on Република.

]]>

Младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела загинаа во вчерашната страшна несреќа на железничката станица во Нови Сад во Србија.

Во инцидентот што се случи во 11:50 часот се урна бетонска настрешница при што загинаа 14 лица, а меѓу жртвите се младиот Милош Милосављевиќ Киви и неговата девојка Ангела Руман.

На клупите под настрешницата имало патници кои чекале возови.

Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека во страшна несреќа во Нови Сад животот го загубија нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) заедно со неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година). Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“, беше објавено на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб каде што играл младиот Милош.

 

The post Настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги уби младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела appeared first on Република.

]]>
Го даваат за против болки при породување: Бисума се снимаше како вдишува азотен оксид https://republika.mk/sport/fudbal/go-davaat-za-protiv-bolki-pri-poroduvane-bisuma-se-snimashe-kako-vdishuva-azoten-oksid/ Mon, 12 Aug 2024 19:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=805936

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума се извини откако беше фатен како вдишува азотен оксид. Тој може да биде казнет за своите постапки, јавија медиумот од Островот.

Бисума постави клипови на „снапчет“ минатата недела на кои се гледа како користи дрога од наркотик „Ц“, познат и како „рајски гас“.

Репрезентативецот на Мали го призна своето дело и е предмет на истрага од страна на клубот. Сега за него останува да ја чека конечната одлука за да се дознае неговата евентуална казна.

-Сакам да се извинам за овие видеа. Тоа беше огромен недостаток на проценка. Разбирам колку е сериозно ова и ризиците што ги носи по моето здравје. Ја преземам целосната одговорност како фудбалер и пример за останатите, сподели Бисума во изјавата.

Од штабот на „петлите“ велат дека го истражуваат инцидентот и ова ќе се смета за „внатрешно прашање“.

Поседувањето азотен оксид е кривично дело кога има намера незаконски да се вдиши поради психоактивен ефект, но сепак е можно да се користи и во рамки на законот. На пример, за ублажување на болка при породување.

Бисума му се приклучи на Тотенхем во 2022 година и забележа 56 настапи за клубот. Ова вклучува и 26 натпревари како стартер под водство на Анже Постекоглу во сезоната 2023-2024.

The post Го даваат за против болки при породување: Бисума се снимаше како вдишува азотен оксид appeared first on Република.

]]>

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума се извини откако беше фатен како вдишува азотен оксид. Тој може да биде казнет за своите постапки, јавија медиумот од Островот. Бисума постави клипови на „снапчет“ минатата недела на кои се гледа како користи дрога од наркотик „Ц“, познат и како „рајски гас“. Репрезентативецот на Мали го призна своето дело и е предмет на истрага од страна на клубот. Сега за него останува да ја чека конечната одлука за да се дознае неговата евентуална казна.
-Сакам да се извинам за овие видеа. Тоа беше огромен недостаток на проценка. Разбирам колку е сериозно ова и ризиците што ги носи по моето здравје. Ја преземам целосната одговорност како фудбалер и пример за останатите, сподели Бисума во изјавата.
Од штабот на „петлите“ велат дека го истражуваат инцидентот и ова ќе се смета за „внатрешно прашање“. Поседувањето азотен оксид е кривично дело кога има намера незаконски да се вдиши поради психоактивен ефект, но сепак е можно да се користи и во рамки на законот. На пример, за ублажување на болка при породување. Бисума му се приклучи на Тотенхем во 2022 година и забележа 56 настапи за клубот. Ова вклучува и 26 натпревари како стартер под водство на Анже Постекоглу во сезоната 2023-2024.

The post Го даваат за против болки при породување: Бисума се снимаше како вдишува азотен оксид appeared first on Република.

]]>
Велес завиен во црно: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа https://republika.mk/sport/fudbal/veles-zavien-vo-tsrno-mlad-fudbaler-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/ Thu, 01 Aug 2024 16:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=802437

Младиот фудбалер 21-годишниот Гоце Коцевски го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Оваа информација ја објави неговиот поранешен клуб Борец Велес.

Коцевски со својот автомобил излетал на патот Кочани – Три Чешми, на клучката кај селото Спанчево, и починал на лице место.

Освен во Борец, Коцевски играше и во Превалец и во Кул.

Борец преку социјалните мрежи испрати последен поздрав до младото момче и сочувство до најблиските.

The post Велес завиен во црно: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Младиот фудбалер 21-годишниот Гоце Коцевски го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Оваа информација ја објави неговиот поранешен клуб Борец Велес. Коцевски со својот автомобил излетал на патот Кочани – Три Чешми, на клучката кај селото Спанчево, и починал на лице место. Освен во Борец, Коцевски играше и во Превалец и во Кул. Борец преку социјалните мрежи испрати последен поздрав до младото момче и сочувство до најблиските.

The post Велес завиен во црно: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Почина фудбалер по срцев удар на теренот https://republika.mk/sport/fudbal/pochina-fudbaler-po-srtsev-udar-na-terenot/ Sat, 06 Jul 2024 13:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=794035

Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет.

Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март.

Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите успеаја да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома.

Рефат дебитираше за репрезентацијата на Египет во 2013 година и одигра вкупно седум натпревари на кои постигна два гола.

The post Почина фудбалер по срцев удар на теренот appeared first on Република.

]]>

Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет. Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март. Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите успеаја да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома. Рефат дебитираше за репрезентацијата на Египет во 2013 година и одигра вкупно седум натпревари на кои постигна два гола.

The post Почина фудбалер по срцев удар на теренот appeared first on Република.

]]>
Фудбалер загина по удар од гром сред натпревар https://republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-zagina-po-udar-od-grom-sred-natprevar/ Mon, 12 Feb 2024 12:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=743193

Фудбалер трагично загина откако во саботата попладне го удри гром додека играше фудбал во Индонезија. Видеото кое се рашири по социјалните мрежи го прикажува точниот момент кога 35-годишниот фудбалер од Субанг падна на стадионот Силиванги во Бандунг, Западна Јава.

Мажот, подоцна идентификуван како Септан Рахарја, играл на пријателски фудбалски натпревар, кога гром го удрил околу 16:20 часот по локално време во саботата.

Според локалните медиуми тој сè уште дишел по инцидентот, кога бил пренесен во локалната болница, но набрзо починал од тешките изгореници.

Фудбалските фанови и играчи изразија сочувство.

The post Фудбалер загина по удар од гром сред натпревар appeared first on Република.

]]>

Фудбалер трагично загина откако во саботата попладне го удри гром додека играше фудбал во Индонезија. Видеото кое се рашири по социјалните мрежи го прикажува точниот момент кога 35-годишниот фудбалер од Субанг падна на стадионот Силиванги во Бандунг, Западна Јава. Мажот, подоцна идентификуван како Септан Рахарја, играл на пријателски фудбалски натпревар, кога гром го удрил околу 16:20 часот по локално време во саботата. Според локалните медиуми тој сè уште дишел по инцидентот, кога бил пренесен во локалната болница, но набрзо починал од тешките изгореници. Фудбалските фанови и играчи изразија сочувство.

The post Фудбалер загина по удар од гром сред натпревар appeared first on Република.

]]>
Алжирски фудбалер и тренер загинаа во сообраќајна несреќа https://republika.mk/sport/fudbal/alzhirski-fudbaler-i-trener-zaginaa-vo-soobrakajna-nesreka/ Fri, 22 Dec 2023 10:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=725620

Фудбалер и еден член на стручниот штаб на алжирскиот прволигашки клуб Молудија Ел Бајад ги загубија животите во сообраќајна несреќа, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Алжир (АФФ), додавајќи оти сите фудбалски активности во земјата се прекинати поради трагичниот настан.

Во несреќата која се случила во четвртокот кога клупскиот автобус се превртел во градот Сугуеур во северозападниот дел на Алжир, загинале 27-годишниот голман Закарија Бузијани и помошникот тренер Калид Мухтаф.

„Претседателот на Фудбалската федерација на Алжир, Валид Садија, со огромна тага ја прими веста која го потресе клубот Ел Бајад“, се наведува во соопштението на АФФ.

Фудбалскиот клуб Ел Бајад објави на социјалните мрежи дека другите членови на клубот се во стабилна состојба.

The post Алжирски фудбалер и тренер загинаа во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Фудбалер и еден член на стручниот штаб на алжирскиот прволигашки клуб Молудија Ел Бајад ги загубија животите во сообраќајна несреќа, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Алжир (АФФ), додавајќи оти сите фудбалски активности во земјата се прекинати поради трагичниот настан. Во несреќата која се случила во четвртокот кога клупскиот автобус се превртел во градот Сугуеур во северозападниот дел на Алжир, загинале 27-годишниот голман Закарија Бузијани и помошникот тренер Калид Мухтаф. „Претседателот на Фудбалската федерација на Алжир, Валид Садија, со огромна тага ја прими веста која го потресе клубот Ел Бајад“, се наведува во соопштението на АФФ. Фудбалскиот клуб Ел Бајад објави на социјалните мрежи дека другите членови на клубот се во стабилна состојба.

The post Алжирски фудбалер и тренер загинаа во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! https://republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-nitsa-se-zakanuval-so-samoubistvo-za-sreka-go-ubedile-da-ne-skokne-od-most/ Fri, 29 Sep 2023 16:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=686446

Алексис Бека Бека од Ница ја крена француската спортска јавност на нозе откако утрово се закани со самоубиство и седна на работ на мост на автопатот А8, за среќа службите успеале да го убедат да не скокне.

Повеќе од три часа траела драмата која ја предизвикал 22 годишниот Алексис Бека Бека, фудбалерот на Ница утрово го сопрел својот автомобил на автопатот А8, седнал на работ на еден мост и се заканил дека ќе се самоубие.

На лице место веднаш се упатиле голем број служби како полиција, противпожарна единица и полиција, а од клубот испратиле и психолог да разговара со Алексис Бека Бека.

За среќа целата ситуација имаше среќен крај, по долги напори, Алексис Бека Бека бил убеден да не скокне во бездната висока 100-тина метри, а пожарникарите го отстраниле од опасната зона на мостот.

Во прв момент се пишуваше дека фудбалерот се обидел да си го одземе животот поради љубовни проблеми, но ова подоцна беше демантирано од неговиот агент.

Алексис Бека Бека пристигна во Ница во август 2022 од редовите на Локомотив Москва во трансфер вреден околу 14 милиони евра, но минатата сезона имаше ограничена минутажа, а во оваа нема забележано ниту еден настап.

The post Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! appeared first on Република.

]]>

Алексис Бека Бека од Ница ја крена француската спортска јавност на нозе откако утрово се закани со самоубиство и седна на работ на мост на автопатот А8, за среќа службите успеале да го убедат да не скокне. Повеќе од три часа траела драмата која ја предизвикал 22 годишниот Алексис Бека Бека, фудбалерот на Ница утрово го сопрел својот автомобил на автопатот А8, седнал на работ на еден мост и се заканил дека ќе се самоубие. На лице место веднаш се упатиле голем број служби како полиција, противпожарна единица и полиција, а од клубот испратиле и психолог да разговара со Алексис Бека Бека. За среќа целата ситуација имаше среќен крај, по долги напори, Алексис Бека Бека бил убеден да не скокне во бездната висока 100-тина метри, а пожарникарите го отстраниле од опасната зона на мостот. Во прв момент се пишуваше дека фудбалерот се обидел да си го одземе животот поради љубовни проблеми, но ова подоцна беше демантирано од неговиот агент. Алексис Бека Бека пристигна во Ница во август 2022 од редовите на Локомотив Москва во трансфер вреден околу 14 милиони евра, но минатата сезона имаше ограничена минутажа, а во оваа нема забележано ниту еден настап.

The post Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! appeared first on Република.

]]>
Суспендиран теренот на Башкими откако навивач нападна фудбалер https://republika.mk/sport/fudbal/suspendiran-terenot-na-bashkimi-otkako-navivach-napadna-fudbaler/ Tue, 26 Sep 2023 15:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=685406

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска теренот на ФК Башкими 1947 поради инцидентот што навивач на кумановскиот второлигаш го предизвика во саботата на натпреварот против Саса.

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ, соопшти ФФМ.

Одлуката доаѓа откако на саботниот натпревар во рамки на 6. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Башкими и ФК Каменица Саса, навивач на домашниот тим влезе на теренот и удри еден од гостинските фудбалери.

Натпреварот и покрај инцидентот не беше прекинат и заврши со резултат 2-2.

The post Суспендиран теренот на Башкими откако навивач нападна фудбалер appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска теренот на ФК Башкими 1947 поради инцидентот што навивач на кумановскиот второлигаш го предизвика во саботата на натпреварот против Саса.
Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ, соопшти ФФМ.
Одлуката доаѓа откако на саботниот натпревар во рамки на 6. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Башкими и ФК Каменица Саса, навивач на домашниот тим влезе на теренот и удри еден од гостинските фудбалери. Натпреварот и покрај инцидентот не беше прекинат и заврши со резултат 2-2.

The post Суспендиран теренот на Башкими откако навивач нападна фудбалер appeared first on Република.

]]>
Фудбалер суспендиран и казнет поради обложување, правилата ги прекршил 375 пати https://republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-suspendiran-i-kaznet-poradi-oblozhuvane-pravilata-gi-prekrshil-375-pati/ Thu, 14 Sep 2023 16:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=681996

Дефанзивецот на премиерлигашот Нотингем Форест, Хари Тофоло (26) е суспендиран на период од пет месеци и парично казнет со 20.956 фунти поради кршење на правилата за обложување во англискиот фудбал, објави Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Англискиот фудбалер вкупно 375 пати од јануари 2014 до март 2017 година ги прекршил правилата на ФА кои им забрануваат на играчите обложување или проследување информации кои би можеле да се користат при обложување.

Тофоло во тој период беше под договор со Норич, а настапуваше како позајмен фудбалер за Свиндон, Ротерам, Питерборо и Сканторп.

На Нотингем Форест му се приклучи во јули лани и оттогаш одигра 21 натпревари за премиерлигашот.

The post Фудбалер суспендиран и казнет поради обложување, правилата ги прекршил 375 пати appeared first on Република.

]]>

Дефанзивецот на премиерлигашот Нотингем Форест, Хари Тофоло (26) е суспендиран на период од пет месеци и парично казнет со 20.956 фунти поради кршење на правилата за обложување во англискиот фудбал, објави Фудбалската федерација на Англија (ФА). Англискиот фудбалер вкупно 375 пати од јануари 2014 до март 2017 година ги прекршил правилата на ФА кои им забрануваат на играчите обложување или проследување информации кои би можеле да се користат при обложување. Тофоло во тој период беше под договор со Норич, а настапуваше како позајмен фудбалер за Свиндон, Ротерам, Питерборо и Сканторп. На Нотингем Форест му се приклучи во јули лани и оттогаш одигра 21 натпревари за премиерлигашот.

The post Фудбалер суспендиран и казнет поради обложување, правилата ги прекршил 375 пати appeared first on Република.

]]>
Нова трагедија: Млад голман загина во земјотресот во Турција https://republika.mk/sport/fudbal/nova-tragedija-mlad-golman-zagina-vo-zemjotresot-vo-turtsija/ Sun, 12 Feb 2023 12:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=608001

Фудбалската федерација на Турција соопшти дека младиот голман на аматерскиот клуб Дерик Спор, Мухамед Сејид Орхан загина во земјотресот што ја погоди нивната земја.

Со длабока тага дознаваме дека Мухамед Сејид Орхан, голманот на Дерик Спор, еден од клубовите во локалната аматерска лига, го загуби животот во земјотресот што ја погоди нашата земја – се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Турција.

Федерацијата упати сочувство до семејството на загинатиот фудбалер.

Алах да го помилува Сејид Орхан. Наше сочувство до семејството, роднините и клубот Дерик Спор.

Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северниот дел на Сирија.

 

The post Нова трагедија: Млад голман загина во земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Турција соопшти дека младиот голман на аматерскиот клуб Дерик Спор, Мухамед Сејид Орхан загина во земјотресот што ја погоди нивната земја.
Со длабока тага дознаваме дека Мухамед Сејид Орхан, голманот на Дерик Спор, еден од клубовите во локалната аматерска лига, го загуби животот во земјотресот што ја погоди нашата земја – се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Турција.
Федерацијата упати сочувство до семејството на загинатиот фудбалер.
Алах да го помилува Сејид Орхан. Наше сочувство до семејството, роднините и клубот Дерик Спор.
Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северниот дел на Сирија.  

The post Нова трагедија: Млад голман загина во земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>
Во Виена убиен поранешен фудбалски репрезентативец на Австрија https://republika.mk/sport/fudbal/vo-viena-ubien-poraneshen-fudbalski-reprezentativets-na-avstrija/ Wed, 08 Feb 2023 19:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=606656

Поранешниот австриски фудбалер и репрезентативец Волкан Кахраман е убиен на улиците во Виена по расправија во кафе-бар. Неговиот убиец подоцна си го одзел животот.

Австриските медиуми шпекулираат дека причина за оваа трагедија е љубомората. Оттаму додаваат дека на местото на несреќата се собрале членови на семејството на двајцата починати и дека меѓу нив дошло до конфликт.

Истрагата досега утврди дека овие лица биле во пријателски односи – изјави портпаролот на виенската полиција и додаде дека општата безбедност не била загрозена.

Кахраман играше за јуниорскиот тим на Австрија од Виена и важеше за најголем австриски талент. На 15 години се пресели во холандски Феенорд. Подоцна играше во Турција, а кариерата ја заврши во Австрија.

Тој одигра три натпревари за националниот тим во текот на есента 2002 година.

Подоцна се посвети на тренерската работа, а последна работа му беше во нисколигашот Остбан.

Изгубив добар пријател, брат и учител. секој ден поминувавме по седум дена на теренот и надвор од него, се познававме со години – изјави Рамазан Карач, спортски директор на споменатиот клуб и пријател на жртвата Кахраман.

 

The post Во Виена убиен поранешен фудбалски репрезентативец на Австрија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски фудбалер и репрезентативец Волкан Кахраман е убиен на улиците во Виена по расправија во кафе-бар. Неговиот убиец подоцна си го одзел животот. Австриските медиуми шпекулираат дека причина за оваа трагедија е љубомората. Оттаму додаваат дека на местото на несреќата се собрале членови на семејството на двајцата починати и дека меѓу нив дошло до конфликт. Истрагата досега утврди дека овие лица биле во пријателски односи – изјави портпаролот на виенската полиција и додаде дека општата безбедност не била загрозена. Кахраман играше за јуниорскиот тим на Австрија од Виена и важеше за најголем австриски талент. На 15 години се пресели во холандски Феенорд. Подоцна играше во Турција, а кариерата ја заврши во Австрија. Тој одигра три натпревари за националниот тим во текот на есента 2002 година. Подоцна се посвети на тренерската работа, а последна работа му беше во нисколигашот Остбан.
Изгубив добар пријател, брат и учител. секој ден поминувавме по седум дена на теренот и надвор од него, се познававме со години – изјави Рамазан Карач, спортски директор на споменатиот клуб и пријател на жртвата Кахраман.
 

The post Во Виена убиен поранешен фудбалски репрезентативец на Австрија appeared first on Република.

]]>
Фудбалски репрезентатицец фатен со 100 кг хероин, пробал да ги шверца за Нова година https://republika.mk/sport/fudbal/fudbalski-reprezentatitsets-faten-so-100-kg-heroin-probal-da-gi-shvertsa-za-nova-godina/ Fri, 06 Jan 2023 13:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=594163

Фудбалскиот репрезентативец на Мартиник, Жан-Мануал Недра (29) и неговата партнерка се уапсени на последниот ден од 2022 година на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, откако при царинската контрола во нивниот багаж биле откриени повеќе од 100 килограми кокаин.

Фудбалерот во придружба на партнерката допатувале од Фор де Франс, а неговиот локален клуб Аиглон го потврди апсењето, изразувајќи шокираност.

Без знаење за неговата вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен поради шверц на дрога. Да бидеме посилни од кога и да е, обединети во нашата борба и едукацијата преку спортот за да се бориме против ова зло, соопшти клубот од Мартиник.

Уапсениот Недра за репрезентацијата на Мартиник досега има одиграни 20 натпревари.

The post Фудбалски репрезентатицец фатен со 100 кг хероин, пробал да ги шверца за Нова година appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот репрезентативец на Мартиник, Жан-Мануал Недра (29) и неговата партнерка се уапсени на последниот ден од 2022 година на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, откако при царинската контрола во нивниот багаж биле откриени повеќе од 100 килограми кокаин. Фудбалерот во придружба на партнерката допатувале од Фор де Франс, а неговиот локален клуб Аиглон го потврди апсењето, изразувајќи шокираност.
Без знаење за неговата вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен поради шверц на дрога. Да бидеме посилни од кога и да е, обединети во нашата борба и едукацијата преку спортот за да се бориме против ова зло, соопшти клубот од Мартиник.
Уапсениот Недра за репрезентацијата на Мартиник досега има одиграни 20 натпревари.

The post Фудбалски репрезентатицец фатен со 100 кг хероин, пробал да ги шверца за Нова година appeared first on Република.

]]>
Фабијан О’Нил: На една акуција бев толку пијан што не сфатив дека купувам 1.104 крави за 250.000 долари https://republika.mk/sport/fudbal/fabijan-o-nil-na-edna-akucija-bev-tolku-pijan-shto-ne-sfativ-deka-kupuvam-1-104-kravi-za-250-000-dolari/ Sat, 31 Dec 2022 20:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=589994

Поранешниот играч на Насионал, Каљари, Јувентус и Перуџа, Фабијан О’Нил почина на 49-годишна возраст.

Тој беше примен во болница поради внатрешно крварење, предизвикано од долгогодишно заболување на црниот дроб, со кое се бореше од 2016 година поради неуреден живот и конзумирање алкохол. Во текот на денот неговата состојба само се влошувала, а тој паднал во кома непосредно пред да почине.

О’Нил ја почна својата фудбалска кариера во уругвајскиот Насионал, од каде се пресели во Каљари во 1996 година. Во текот на четири години одигра повеќе од 120 натпревари за клубот од Сардинија, а по неуспешната епизода во Јувентус, не се снајде најдобро ниту во Перуџа.

Меѓу другото, ќе остане запаметен и по тоа што сите пари, 14 милиони долари, како што тврдеше, ги потрошил на „бавни коњи и брзи жени“.

Кога потпишав за Јувентус, од идол на тимот се претворив во најлошиот играч, бидејќи околу мене имаше феномени како Зидан. Само поради него сега навивам за Реал. Јас сум сиромашен, но повторно сум среќен. Главната работа е што јас и семејството имаме што да јадеме. Најдов нови пријатели, тие вистинските, а не лажните кои беа покрај мене кога бев богат. Тоа е моја грешка. Жените се заљубија во мојата пијана верзија, а потоа се обидуваа да ме променат. Потрошив сè, но никогаш не повредив никого освен себеси. Многу жени се обидоа да ме променат, но јас никогаш не сакав. Да се обиделе да ми помогнат во минатото, ќе одбив. Вака сум, бунтовен и горд. Никој не можеше да ме промени. Дури ми понудија помош од психолог. Моите поранешни сопруги се исто така побогати од мене. Проблемите ми се таложија со години, а најмногу ги имав со алкохолот. По операцијата на мочниот меур, три години не смеев да допрам чаша, но издржав само еден месец. Престанав да се обложувам бидејќи немав повеќе пари, рече О’Нил пред неколку години.

По кариерата се вработил како келнер бидејќи останал без пари.

Неговиот живот беше тежок од самиот почеток. Неговите родители не го сакале и како бебе и го оставиле на баба му која го воспитала. Семејството во кое живеел било многу сиромашно, па бил принуден уште од мал да трча по улиците и да продава работи за да донесе пари дома. На 9 години почнал да пие, a полицијата го фатила на иста возраст како влегува во бордел за да продава колбаси! Знаеше дека единствениот начин да се спаси е фудбалот, но никогаш не ги остави пороците зад себе.

https://republika.mk/sport/fudbal/igrashe-za-juventus-a-sega-e-kelner-zivotot-mu-go-unishtija-zenite-alkoholot-i-oblozuvalnicite/

Го викаа Магионичарот

Неговиот фудбалски коефициент на интелигенција е огромен, како и неговиот талент. Не случајно го нарекоа „магионичар“. Сепак, тој никогаш не ги оправда огромните очекувања што му беа поставени. Тој беше еден од оние играчи кои заслужија да имаат одлична кариера, но не можеа да ги совладаат своите „демони“. Тој беше еден од оние големи таленти изгубени како резултат на лошиот начин на живот кој не стана професионалец. Лево стапало на кое не многумина се сеќаваат, но оние кои уживале во неа копнее и се восхитуваат.

По пет сезони во Каљари, првиот европски тим кој се обложи на Уругваецот, Фабијан О’Нил се „пресели“ во Јувентус од Карло Анчелоти. Меѓутоа, во Торино каде што коегзистираше во одличен тим со соиграчите Зинедин Зидан, Едгар Давидс, Пипо Инзаги, Алесандро Дел Пјеро и Давид Трезеге меѓу другите, не успеа да се наметне. Тој одигра само 20 натпревари за „бјанконерите“, 8 како стартер, пред да замине за Перуџа. Како професионалец не стигна ниту до 200 натпревари, на кои постигна 21 гол и подели 5 асистенции.

Големиот Зинедин Зидан во едно интервју го окарактеризира како најдобар фудбалер со кој бил во тимот. За „Зизу“ да каже такво нешто, тогаш замислете колку талент имал, но никогаш не работел на тоа! Пред да наполни 30 години, тој веќе се пензионираше во својот рурален рај, „Passo de los Toros“, град на 250 километри од Монтевидео. Оттогаш поминувал часови во ноќни клубови, со омиленото виски во рака.

Откако беше осуден за местење натпревари во 2012 година, О'Нил го помина своето време живеејќи на својот ранч за добиток, откако ги загуби милионите што ги заработи како професионалец. „Имав 14 милиони долари и го изгубив сето тоа, не ми е грижа да бидам сиромашен“, рече тој во едно интервју за да додаде: „Сакам да продолжам да живеам вака, не сакам да бидам покрај богати луѓе. Никогаш не го сакав ова, некогаш бев богат. За среќа сè уште има некои морални луѓе во светот. Луѓето кои видоа дека се мачам и ми подадоа рака за помош“.

Тој изгубил премногу пари обложувајќи се на коњски трки и отишол дотаму што купил 1.104 крави за 250.000 долари. Зошто го направи тоа? Бидејќи на аукцијата на која учествувал бил слеп од пијанство и не разбирал што прави! Навистина неверојатно... Не ја заборави сиромаштијата низ која помина, помагајќи им на своите сограѓани. „Секој ден доаѓам овде. Им помагам на Џенет, сопственичката, која е ќерка на моја пријателка која поседува куглана. И тука чувствувам топлина, тоа е поентата. Луѓето не се изненадени затоа што веќе знаат кој сум јас“, рече тој.

Друг кој помогна секогаш кога можеше е Франциско Пако Казал, кој беше негов портпарол кога играше фудбал: „Го испратив да бара пари за некои долгови што треба да ги платам, но не сакам да ме натера да работам. Навистина не сакам да работам“, рече тој. Тој, всушност, беше оној кој се обиде да го спаси во неговите најдекадентни моменти, но О’Нил не слушна ништо: „Тој направи толку многу за мене. Тој ме натера да заработам многу пари, но јас самиот бев тој што ги загуби. Освен тоа, не сакав ниту психолози, ниту ништо. Беше невозможно да ми помогнат“.

Неговиот живот беше ролеркостер, но се чини дека излета од шините од самиот почеток. И на само 49 години се прости од овој свет. Живеејќи го животот онака како што сакаше, што на крајот го уништи и доведе до неговата смрт…

О’Нил своевремено ги бранеше боите и на Уругвај, селекција за која настапи на 19 натпревари и постигна само два гола.

The post Фабијан О’Нил: На една акуција бев толку пијан што не сфатив дека купувам 1.104 крави за 250.000 долари appeared first on Република.

]]>

Поранешниот играч на Насионал, Каљари, Јувентус и Перуџа, Фабијан О’Нил почина на 49-годишна возраст. Тој беше примен во болница поради внатрешно крварење, предизвикано од долгогодишно заболување на црниот дроб, со кое се бореше од 2016 година поради неуреден живот и конзумирање алкохол. Во текот на денот неговата состојба само се влошувала, а тој паднал во кома непосредно пред да почине. О’Нил ја почна својата фудбалска кариера во уругвајскиот Насионал, од каде се пресели во Каљари во 1996 година. Во текот на четири години одигра повеќе од 120 натпревари за клубот од Сардинија, а по неуспешната епизода во Јувентус, не се снајде најдобро ниту во Перуџа. Меѓу другото, ќе остане запаметен и по тоа што сите пари, 14 милиони долари, како што тврдеше, ги потрошил на „бавни коњи и брзи жени“.
Кога потпишав за Јувентус, од идол на тимот се претворив во најлошиот играч, бидејќи околу мене имаше феномени како Зидан. Само поради него сега навивам за Реал. Јас сум сиромашен, но повторно сум среќен. Главната работа е што јас и семејството имаме што да јадеме. Најдов нови пријатели, тие вистинските, а не лажните кои беа покрај мене кога бев богат. Тоа е моја грешка. Жените се заљубија во мојата пијана верзија, а потоа се обидуваа да ме променат. Потрошив сè, но никогаш не повредив никого освен себеси. Многу жени се обидоа да ме променат, но јас никогаш не сакав. Да се обиделе да ми помогнат во минатото, ќе одбив. Вака сум, бунтовен и горд. Никој не можеше да ме промени. Дури ми понудија помош од психолог. Моите поранешни сопруги се исто така побогати од мене. Проблемите ми се таложија со години, а најмногу ги имав со алкохолот. По операцијата на мочниот меур, три години не смеев да допрам чаша, но издржав само еден месец. Престанав да се обложувам бидејќи немав повеќе пари, рече О’Нил пред неколку години.
По кариерата се вработил како келнер бидејќи останал без пари. Неговиот живот беше тежок од самиот почеток. Неговите родители не го сакале и како бебе и го оставиле на баба му која го воспитала. Семејството во кое живеел било многу сиромашно, па бил принуден уште од мал да трча по улиците и да продава работи за да донесе пари дома. На 9 години почнал да пие, a полицијата го фатила на иста возраст како влегува во бордел за да продава колбаси! Знаеше дека единствениот начин да се спаси е фудбалот, но никогаш не ги остави пороците зад себе. https://republika.mk/sport/fudbal/igrashe-za-juventus-a-sega-e-kelner-zivotot-mu-go-unishtija-zenite-alkoholot-i-oblozuvalnicite/

Го викаа Магионичарот

Неговиот фудбалски коефициент на интелигенција е огромен, како и неговиот талент. Не случајно го нарекоа „магионичар“. Сепак, тој никогаш не ги оправда огромните очекувања што му беа поставени. Тој беше еден од оние играчи кои заслужија да имаат одлична кариера, но не можеа да ги совладаат своите „демони“. Тој беше еден од оние големи таленти изгубени како резултат на лошиот начин на живот кој не стана професионалец. Лево стапало на кое не многумина се сеќаваат, но оние кои уживале во неа копнее и се восхитуваат. По пет сезони во Каљари, првиот европски тим кој се обложи на Уругваецот, Фабијан О’Нил се „пресели“ во Јувентус од Карло Анчелоти. Меѓутоа, во Торино каде што коегзистираше во одличен тим со соиграчите Зинедин Зидан, Едгар Давидс, Пипо Инзаги, Алесандро Дел Пјеро и Давид Трезеге меѓу другите, не успеа да се наметне. Тој одигра само 20 натпревари за „бјанконерите“, 8 како стартер, пред да замине за Перуџа. Како професионалец не стигна ниту до 200 натпревари, на кои постигна 21 гол и подели 5 асистенции. Големиот Зинедин Зидан во едно интервју го окарактеризира како најдобар фудбалер со кој бил во тимот. За „Зизу“ да каже такво нешто, тогаш замислете колку талент имал, но никогаш не работел на тоа! Пред да наполни 30 години, тој веќе се пензионираше во својот рурален рај, „Passo de los Toros“, град на 250 километри од Монтевидео. Оттогаш поминувал часови во ноќни клубови, со омиленото виски во рака. Откако беше осуден за местење натпревари во 2012 година, О'Нил го помина своето време живеејќи на својот ранч за добиток, откако ги загуби милионите што ги заработи како професионалец. „Имав 14 милиони долари и го изгубив сето тоа, не ми е грижа да бидам сиромашен“, рече тој во едно интервју за да додаде: „Сакам да продолжам да живеам вака, не сакам да бидам покрај богати луѓе. Никогаш не го сакав ова, некогаш бев богат. За среќа сè уште има некои морални луѓе во светот. Луѓето кои видоа дека се мачам и ми подадоа рака за помош“. Тој изгубил премногу пари обложувајќи се на коњски трки и отишол дотаму што купил 1.104 крави за 250.000 долари. Зошто го направи тоа? Бидејќи на аукцијата на која учествувал бил слеп од пијанство и не разбирал што прави! Навистина неверојатно... Не ја заборави сиромаштијата низ која помина, помагајќи им на своите сограѓани. „Секој ден доаѓам овде. Им помагам на Џенет, сопственичката, која е ќерка на моја пријателка која поседува куглана. И тука чувствувам топлина, тоа е поентата. Луѓето не се изненадени затоа што веќе знаат кој сум јас“, рече тој. Друг кој помогна секогаш кога можеше е Франциско Пако Казал, кој беше негов портпарол кога играше фудбал: „Го испратив да бара пари за некои долгови што треба да ги платам, но не сакам да ме натера да работам. Навистина не сакам да работам“, рече тој. Тој, всушност, беше оној кој се обиде да го спаси во неговите најдекадентни моменти, но О’Нил не слушна ништо: „Тој направи толку многу за мене. Тој ме натера да заработам многу пари, но јас самиот бев тој што ги загуби. Освен тоа, не сакав ниту психолози, ниту ништо. Беше невозможно да ми помогнат“. Неговиот живот беше ролеркостер, но се чини дека излета од шините од самиот почеток. И на само 49 години се прости од овој свет. Живеејќи го животот онака како што сакаше, што на крајот го уништи и доведе до неговата смрт… О’Нил своевремено ги бранеше боите и на Уругвај, селекција за која настапи на 19 натпревари и постигна само два гола.

The post Фабијан О’Нил: На една акуција бев толку пијан што не сфатив дека купувам 1.104 крави за 250.000 долари appeared first on Република.

]]>
Почина од цироза 49-годишниот Фабијан О’нил, поранешен фудбалер на Јувентус и Перуџа, репрезентативец на Уругвај https://republika.mk/sport/fudbal/pochina-od-ciroza-49-godishniot-fabijan-o-nil-poraneshen-fudbaler-na-juventus-i-perudza-reprezentativec-na-urugvaj/ Sun, 25 Dec 2022 22:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=589789

Поранешниот офанзивен фудбалер за врска Фабијан О’Нил кој играше и за Јувентус и за Перуџа, како и за Каљари починал во болница во Монтевидео. 49-годишниот некогашен уругвајски репрезентативец се борел со цироза на црниот дроб, а ситуацијата се искомпликувала во претходните денови поради што во саботата бил префрлен во болница, а 24 часа подоцна и починал.

Уругваецот по играчката кариера имал проблеми со алкохолот поради кој неколку пати завршувал во болница.

The post Почина од цироза 49-годишниот Фабијан О’нил, поранешен фудбалер на Јувентус и Перуџа, репрезентативец на Уругвај appeared first on Република.

]]>

Поранешниот офанзивен фудбалер за врска Фабијан О’Нил кој играше и за Јувентус и за Перуџа, како и за Каљари починал во болница во Монтевидео. 49-годишниот некогашен уругвајски репрезентативец се борел со цироза на црниот дроб, а ситуацијата се искомпликувала во претходните денови поради што во саботата бил префрлен во болница, а 24 часа подоцна и починал. Уругваецот по играчката кариера имал проблеми со алкохолот поради кој неколку пати завршувал во болница.

The post Почина од цироза 49-годишниот Фабијан О’нил, поранешен фудбалер на Јувентус и Перуџа, репрезентативец на Уругвај appeared first on Република.

]]>
„Ѝ дадов сè на таа девојка“ се жали жена му на Хулк, откако фудбалерот ја остави за нејзината внука https://republika.mk/sport/fudbal/dadov-se-na-taa-devojka-se-zali-zena-mu-na-hulk-otkako-fudbalerot-ja-ostavi-za-nejzinata-vnuka/ Thu, 22 Dec 2022 20:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=588405

Познатиот фудбалер Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, некогаш беше еден од најплатените фудбалери во светот. Но, и сега, на 36 години, тој покажува импресивна форма додека се подготвува за новата сезона.

Бразилецот по 15-годишно отсуство се врати во татковината каде настапува за Атлетико Минеиро. Напаѓачот му помогна на клубот да ја врати титулата во 2021 година, постигнувајќи 36 гола. Неговите последни објави на Инстаграм покажуваат дека се уште е во добра форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clube Atlético Mineiro (@atletico)

Хулк најпрво се прослави во Порто, на кој му се приклучи во 2008 година, а со нив освои десет големи титули, како и Лигата на Европа во 2011. Неговите 35 гола таа година го одбележаа неговиот престој во Европа, а на крајот се пресели во Зенит.

Русите искешираа околу 60 милиони фунти, а Хулк им се „оддолжи“ со 75 гола на 144 настапи за четири години, пред да замине во Кина. Тој помина пет сезони во Шангај СИПГ, каде неговата годишна плата беше неверојатни 16 милиони фунти, пред да се врати во Бразил.

Но, Хулк исто така се најде на насловните страници за неговиот животен стил надвор од фудбалските терени. Тој ја остави својата сопруга Иран Анџело, со која беше заедно повеќе од 10 години и со која имаше три деца, за нејзината внука Камила. Експлозивниот љубовен триаголник го наиде на тешки критики од јавноста кон него.


Лагите и нелојалноста се како ножеви. Тие ни го сечат месото, нè тераат да крвариме, да се исушиме, да умреме одвнатре. Но, за оние кои го имаат Бога во нивните животи, ова умирање значи повторно раѓање. Јас се преродив со секое доживеано разочарување и секое отркивање на лагите затоа што Исус ме направи силна, вели Иран Анџело за „Mирор“.

Посебна критика упати кон нејзината внука Камила Анџело, која сега има дете со фудбалерот.

Ѝ дадов сè на таа девојка од моментот кога пристигна на овој свет. Толку пати ги жртвував моите соништа за таа да може да ги постигне своите. И не зборувам само за материјални работи, бидејќи е лесно да ги дадеш кога имаш пари. Зборувам за љубов, внимание, почит... сè. Ги знаеше моите слабости, несигурности, болки, стравови и ја имаше мојата безусловна љубов. Ја мислев дека е совршена во сè и секогаш го споделував со неа мојот живот. Ако згрешив, Боже, тоа беше затоа што премногу ја сакав и ѝ верував, рекла огорчената Иран.

The post „Ѝ дадов сè на таа девојка“ се жали жена му на Хулк, откако фудбалерот ја остави за нејзината внука appeared first on Република.

]]>

Познатиот фудбалер Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, некогаш беше еден од најплатените фудбалери во светот. Но, и сега, на 36 години, тој покажува импресивна форма додека се подготвува за новата сезона. Бразилецот по 15-годишно отсуство се врати во татковината каде настапува за Атлетико Минеиро. Напаѓачот му помогна на клубот да ја врати титулата во 2021 година, постигнувајќи 36 гола. Неговите последни објави на Инстаграм покажуваат дека се уште е во добра форма.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Clube Atlético Mineiro (@atletico)

Хулк најпрво се прослави во Порто, на кој му се приклучи во 2008 година, а со нив освои десет големи титули, како и Лигата на Европа во 2011. Неговите 35 гола таа година го одбележаа неговиот престој во Европа, а на крајот се пресели во Зенит. Русите искешираа околу 60 милиони фунти, а Хулк им се „оддолжи“ со 75 гола на 144 настапи за четири години, пред да замине во Кина. Тој помина пет сезони во Шангај СИПГ, каде неговата годишна плата беше неверојатни 16 милиони фунти, пред да се врати во Бразил. Но, Хулк исто така се најде на насловните страници за неговиот животен стил надвор од фудбалските терени. Тој ја остави својата сопруга Иран Анџело, со која беше заедно повеќе од 10 години и со која имаше три деца, за нејзината внука Камила. Експлозивниот љубовен триаголник го наиде на тешки критики од јавноста кон него.
Лагите и нелојалноста се како ножеви. Тие ни го сечат месото, нè тераат да крвариме, да се исушиме, да умреме одвнатре. Но, за оние кои го имаат Бога во нивните животи, ова умирање значи повторно раѓање. Јас се преродив со секое доживеано разочарување и секое отркивање на лагите затоа што Исус ме направи силна, вели Иран Анџело за „Mирор“.
Посебна критика упати кон нејзината внука Камила Анџело, која сега има дете со фудбалерот.
Ѝ дадов сè на таа девојка од моментот кога пристигна на овој свет. Толку пати ги жртвував моите соништа за таа да може да ги постигне своите. И не зборувам само за материјални работи, бидејќи е лесно да ги дадеш кога имаш пари. Зборувам за љубов, внимание, почит... сè. Ги знаеше моите слабости, несигурности, болки, стравови и ја имаше мојата безусловна љубов. Ја мислев дека е совршена во сè и секогаш го споделував со неа мојот живот. Ако згрешив, Боже, тоа беше затоа што премногу ја сакав и ѝ верував, рекла огорчената Иран.

The post „Ѝ дадов сè на таа девојка“ се жали жена му на Хулк, откако фудбалерот ја остави за нејзината внука appeared first on Република.

]]>
Црногорската полиција на улица претепа поранешен фудбалер на Вардар https://republika.mk/sport/fudbal/crnogorskata-policija-na-ulica-pretepa-poraneshen-fudbaler-na-vardar/ Tue, 01 Nov 2022 07:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=568084

Неколку полицајци среде улица го претепале фудбалерот на Искра, Дамир Којашевиќ кој пред шест години настапуваше за Вардар.

Којашевиќ кој има и девет настапи за репрезентацијата на Црна Гора, во петокот бил нападнат од полицајци. Тој најави дека ќе ги тужи напаѓачите.

https://youtu.be/xFLobsoPoUk

Одев кон училиштто на мојот син за да го земам, а група полицајци уклучија ротација и ме застанаа. Го претресуваа моето возило и мене самиот, иако им кажував дека немам ништо направено. Тогаш почнаа да ме малтретираат, ме удрија неколкупати. Никогаш ништо немам направено. Буквално ништо, но тие ме малтретираа. Откако ја видов видео-сниката, решив да ги тужам, иако тие ме молеа да не го правам тоа, изјави Којашевиќ.

Којашевиќ во Вардар играше во сезоната 2016/17, настапи на 40 натпревари и постигна 13 голови.

The post Црногорската полиција на улица претепа поранешен фудбалер на Вардар appeared first on Република.

]]>

Неколку полицајци среде улица го претепале фудбалерот на Искра, Дамир Којашевиќ кој пред шест години настапуваше за Вардар. Којашевиќ кој има и девет настапи за репрезентацијата на Црна Гора, во петокот бил нападнат од полицајци. Тој најави дека ќе ги тужи напаѓачите. https://youtu.be/xFLobsoPoUk
Одев кон училиштто на мојот син за да го земам, а група полицајци уклучија ротација и ме застанаа. Го претресуваа моето возило и мене самиот, иако им кажував дека немам ништо направено. Тогаш почнаа да ме малтретираат, ме удрија неколкупати. Никогаш ништо немам направено. Буквално ништо, но тие ме малтретираа. Откако ја видов видео-сниката, решив да ги тужам, иако тие ме молеа да не го правам тоа, изјави Којашевиќ.
Којашевиќ во Вардар играше во сезоната 2016/17, настапи на 40 натпревари и постигна 13 голови.

The post Црногорската полиција на улица претепа поранешен фудбалер на Вардар appeared first on Република.

]]>
Брат му дошол место него: Фудбалер си ја пропушти свадбата поради натпревар https://republika.mk/sport/fudbal/brat-mu-doshol-mesto-nego-fudbaler-si-ja-propushti-svadbata-poradi-natprevar/ Fri, 05 Aug 2022 11:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=537118

Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми.

Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.

На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.

Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.

The post Брат му дошол место него: Фудбалер си ја пропушти свадбата поради натпревар appeared first on Република.

]]>

Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми. Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.
На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.
Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.

The post Брат му дошол место него: Фудбалер си ја пропушти свадбата поради натпревар appeared first on Република.

]]>
Поранешниот фудбалер Горан Санковиќ е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат https://republika.mk/sport/fudbal/poraneshniot-fudbaler-goran-sankovikj-e-pronajden-mrtov-otkako-od-petokot-se-vodeshe-kako-ischeznat/ Sun, 05 Jun 2022 18:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=511526

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Словенија, Горан Санковиќ (42) е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат, пренесуваат словенечките медиуми.

Полицијата на Целје го пронашла мртов поранешниот фудбалер откако во петокот возел во непознат правец.

Поранешниот фудбалер ја почна кариерата во Целје во 1996 година, по што играше за Славија Прага, Акратитос и Паниониос.

Со најдобрата словенечка репрезентација беше дел од Светското првенство во 2002 година.

The post Поранешниот фудбалер Горан Санковиќ е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Словенија, Горан Санковиќ (42) е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат, пренесуваат словенечките медиуми. Полицијата на Целје го пронашла мртов поранешниот фудбалер откако во петокот возел во непознат правец. Поранешниот фудбалер ја почна кариерата во Целје во 1996 година, по што играше за Славија Прага, Акратитос и Паниониос. Со најдобрата словенечка репрезентација беше дел од Светското првенство во 2002 година.

The post Поранешниот фудбалер Горан Санковиќ е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат appeared first on Република.

]]>
Фудбалски репрезентативец од Словенија си ја убил сопругата пред очите на децата https://republika.mk/vesti/balkan/fudbalski-reprezentativec-od-slovenija-si-ja-ubil-soprugata-pred-ochite-na-decata/ Tue, 10 May 2022 08:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=500278

Поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец (38) ја убил својата поранешна сопруга (33) во Дравоград, Словенија, недалеку од австриската граница, пишува словенечкиот портал svet24.si.

И покрај забраната за приближување, 38-годишникот влегол во нејзината куќа и ѝ нанел тешки повреди, на кои таа подоцна им подлегнала. Според словенечките медиуми, нивните деца биле во куќата кога се случило злосторството.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот се обиделе да ѝ го спасат животот на 33-годишната жена, но залудно. Таа починала во болница од тешките удари и давењето.

Соседите изјавле дека никогаш немале проблеми со семејството зошто тие секогаш „се држеле на страна“. Не се знае што се случува во моментот со децата.

Певец своевремено беше словенечки репрезентативец во тимовите до 17, 20 и 21 година, а во кариерата настапуваше и во својата земја и Австрија. Играше за Дравоград, Блајбург и Руден, а се пензионираше пред три години. Играше во средниот ред и своевремено беше еден од најголемите таленти на својата генерација.

 

The post Фудбалски репрезентативец од Словенија си ја убил сопругата пред очите на децата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец (38) ја убил својата поранешна сопруга (33) во Дравоград, Словенија, недалеку од австриската граница, пишува словенечкиот портал svet24.si. И покрај забраната за приближување, 38-годишникот влегол во нејзината куќа и ѝ нанел тешки повреди, на кои таа подоцна им подлегнала. Според словенечките медиуми, нивните деца биле во куќата кога се случило злосторството. Полицајците кои пристигнале на местото на настанот се обиделе да ѝ го спасат животот на 33-годишната жена, но залудно. Таа починала во болница од тешките удари и давењето. Соседите изјавле дека никогаш немале проблеми со семејството зошто тие секогаш „се држеле на страна“. Не се знае што се случува во моментот со децата. Певец своевремено беше словенечки репрезентативец во тимовите до 17, 20 и 21 година, а во кариерата настапуваше и во својата земја и Австрија. Играше за Дравоград, Блајбург и Руден, а се пензионираше пред три години. Играше во средниот ред и своевремено беше еден од најголемите таленти на својата генерација.  

The post Фудбалски репрезентативец од Словенија си ја убил сопругата пред очите на децата appeared first on Република.

]]>
Полицијата во потрага по познатиот фудбалер: Ја прегазил својата девојка, ќе одговара за обид за убиство https://republika.mk/sport/fudbal/policijata-vo-potraga-po-poznatiot-fudbaler-ja-pregazil-svojata-devojka-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo/ Sat, 16 Apr 2022 13:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=489296

Некогашниот фудбалер на Бенфика и Атлетико Мадрид, а сегашен член на Бока јуниорс, Едуардо Салвио е баран од полицијата во Буенос Аирес.

Тој ја прегазил својата девојка Махали Аварена која дознала дека била изневерувана од страна на фудбалерот. Сето ова се случувало вчера во раните утрински часови низ улиците на главниот град на Аргентина, пренесе СпортМанија.

Од тогаш не може да му се пронајде ни трага ни глас од Салвио кој што е баран од полицијата за во притвор, по што ќе му се почне судење за обид за убиство.

The post Полицијата во потрага по познатиот фудбалер: Ја прегазил својата девојка, ќе одговара за обид за убиство appeared first on Република.

]]>

Некогашниот фудбалер на Бенфика и Атлетико Мадрид, а сегашен член на Бока јуниорс, Едуардо Салвио е баран од полицијата во Буенос Аирес. Тој ја прегазил својата девојка Махали Аварена која дознала дека била изневерувана од страна на фудбалерот. Сето ова се случувало вчера во раните утрински часови низ улиците на главниот град на Аргентина, пренесе СпортМанија. Од тогаш не може да му се пронајде ни трага ни глас од Салвио кој што е баран од полицијата за во притвор, по што ќе му се почне судење за обид за убиство.

The post Полицијата во потрага по познатиот фудбалер: Ја прегазил својата девојка, ќе одговара за обид за убиство appeared first on Република.

]]>