Поранешниот офанзивен фудбалер за врска Фабијан О’Нил кој играше и за Јувентус и за Перуџа, како и за Каљари починал во болница во Монтевидео. 49-годишниот некогашен уругвајски репрезентативец се борел со цироза на црниот дроб, а ситуацијата се искомпликувала во претходните денови поради што во саботата бил префрлен во болница, а 24 часа подоцна и починал.

Уругваецот по играчката кариера имал проблеми со алкохолот поради кој неколку пати завршувал во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.