Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми.

Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.

На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.

Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.