Поранешниот фудбалски репрезентативец на Словенија, Горан Санковиќ (42) е пронајден мртов откако од петокот се водеше како исчезнат, пренесуваат словенечките медиуми.

Полицијата на Целје го пронашла мртов поранешниот фудбалер откако во петокот возел во непознат правец.

Поранешниот фудбалер ја почна кариерата во Целје во 1996 година, по што играше за Славија Прага, Акратитос и Паниониос.

Со најдобрата словенечка репрезентација беше дел од Светското првенство во 2002 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.