Бил Гејтс Archives - Република https://republika.mk/tema/bil-gejts/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Dec 2023 09:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бил Гејтс Archives - Република https://republika.mk/tema/bil-gejts/ 32 32 Бил Гејтс заработува 11 милиони на ден, покрај „Мајкрософт“ една дејност му носи многу приходи https://republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-zarabotuva-11-milioni-na-den-pokraj-majkrosoft-edna-dejnost-mu-nosi-mnogu-prihodi/ Sun, 17 Dec 2023 09:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=723864

Бил Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа по богатство беше надминат од основачот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос. Сепак, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита.

Како што пренесува „Zippia“, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на животот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

„Мајкрософт“ и инвестиции во недвижен имот

„Мајкрософт“ е еден од изворите на заработка на Гејтс. Откако ја основаше компанијата со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини.

Најголем дел од заработката ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, пренесува „Кликс.ба“.

The post Бил Гејтс заработува 11 милиони на ден, покрај „Мајкрософт“ една дејност му носи многу приходи appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа по богатство беше надминат од основачот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос. Сепак, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита. Како што пренесува „Zippia“, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на животот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

„Мајкрософт“ и инвестиции во недвижен имот

„Мајкрософт“ е еден од изворите на заработка на Гејтс. Откако ја основаше компанијата со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини. Најголем дел од заработката ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, пренесува „Кликс.ба“.

The post Бил Гејтс заработува 11 милиони на ден, покрај „Мајкрософт“ една дејност му носи многу приходи appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Интернетот им овозможи на „лудите“ луѓе да се најдат едни со други https://republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-internetot-im-ovozmozhi-na-ludite-luge-da-se-najdat-edni-so-drugi/ Mon, 11 Dec 2023 21:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=721909

Американскиот мултимилијардер, Бил Гејтс, изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“.

Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја почнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој.

Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што вели, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет.

Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.

Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие порано, едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.

Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите.

Гејтс изјави дека го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува „Бизнис инсајдер“.

The post Бил Гејтс: Интернетот им овозможи на „лудите“ луѓе да се најдат едни со други appeared first on Република.

]]>

Американскиот мултимилијардер, Бил Гејтс, изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“. Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја почнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што вели, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет. Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.
Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие порано, едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.
Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите. Гејтс изјави дека го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува „Бизнис инсајдер“.

The post Бил Гејтс: Интернетот им овозможи на „лудите“ луѓе да се најдат едни со други appeared first on Република.

]]>
Интернетот наместо да го направи светот порационален, тој стана средство за „луди идеи“ https://republika.mk/zivot/tehnologija/internetot-namesto-da-go-napravi-svetot-poratsionalen-toj-stana-sredstvo-za-ludi-idei/ Sun, 10 Dec 2023 08:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=721408

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“.

Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја започнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што рече, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет. Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.

- Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.

Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите. Тој го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува Бизнис инсајдер.

The post Интернетот наместо да го направи светот порационален, тој стана средство за „луди идеи“ appeared first on Република.

]]>

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“. Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја започнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што рече, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет. Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“. - Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс. Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите. Тој го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува Бизнис инсајдер.

The post Интернетот наместо да го направи светот порационален, тој стана средство за „луди идеи“ appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги https://republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-preporachuva-site-da-gi-prochitaat-ovie-tri-knigi/ Thu, 10 Aug 2023 18:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=670907

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади.

Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела.

Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен.

Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.

Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.

Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор.

Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.

Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.

„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор.

Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.

Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади. Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела. Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен. Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.
Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.
Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор. Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.
Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.
„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор. Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.
Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Кина се сретна со американскиот милијардер Бил Гејтс https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-kina-se-sretna-so-amerikanskiot-milijarder-bil-gejts/ Fri, 16 Jun 2023 09:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=652036

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој престојува во Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во медицинските истражувања.

Средбата, за која информираше кинеската државна телевизија, се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во време на дипломатски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

Вие сте првиот американски пријател што го запознав оваа година. Ние секогаш влеваме надеж во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи, рече Си Џинпинг.

Бил Гејтс беше примен од Си како копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението.

Во последниве години, само неколку американски бизнисмени имаа одделна средба со Си, вклучувајќи го и Тим Кук, кој е на чело на Епл и Џеф Безос од Амазон.

The post Претседателот на Кина се сретна со американскиот милијардер Бил Гејтс appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој престојува во Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во медицинските истражувања. Средбата, за која информираше кинеската државна телевизија, се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во време на дипломатски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.
Вие сте првиот американски пријател што го запознав оваа година. Ние секогаш влеваме надеж во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи, рече Си Џинпинг.
Бил Гејтс беше примен од Си како копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението. Во последниве години, само неколку американски бизнисмени имаа одделна средба со Си, вклучувајќи го и Тим Кук, кој е на чело на Епл и Џеф Безос од Амазон.

The post Претседателот на Кина се сретна со американскиот милијардер Бил Гејтс appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Почна ерата на вештачката интелигенција https://republika.mk/zivot/tehnologija/bil-gejts-pochna-erata-na-veshtachkata-inteligentsija/ Sun, 26 Mar 2023 07:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=623722

Вештачката интелигенција е едно од најважните технолошки откритија во модерната историја, на исто ниво со создавањето на микропроцесори, персонални компјутери, интернет и мобилни телефони, пишува Бил Гејтс во својот блог насловен: „Почна ерата на вештачката интелигенција“.

Основачот на „Мајкрософт“ реши да напише долг текст на блог во време кога се вжештува трката во областа на вештачката интелигенција (АИ) и кога технолошките компании се тркаат да ги донесат своите чет-ботови на пазарот.

Гејтс претходно зборуваше дека е возбуден за иднината што ќе ја донесе вештачката интелигенција, најмногу поради тоа колку може да им го олесни животот на луѓето, да го подобри образованието и медицината.

Милијардерот сега, исто така, посочува дека ја споделува загриженоста за вештачката интелигенција, вклучувајќи го и ризикот дека луѓето би можеле да ја користат на голем број негативни начини, како и можноста за суперинтелигентна вештачка интелигенција која би можела да воспостави свои цели додека технологијата напредува.

Во својот блог на седум страници, Гејтс елаборира идеи и размислувања за тоа како вештачката интелигенција може да се искористи за да се зголеми продуктивноста на човекот, но и да помогне да се исправат нееднаквостите во работата, здравството и образованието.

Достапен е вешт работник кој може да помогне во многу задачи

На работното место, вештачката интелигенција би можела да се користи како „дигитален личен асистент“ за подобрување на продуктивноста на вработените. Интегриран во дигитални работни алатки, како што е „Мајкрософт Офис“, може да помогне во пишувањето и комуникацијата на е-пошта.

Личните асистенти засновани на вештачка интелигенција, опремени со огромно знаење за компанијата и индустријата, исто така би можеле да претставуваат важен ресурс за интеракција на вработените.

Како што компјутерската моќ се зголемува и станува поевтина, способноста на чет-ботовите да ги пренесуваат своите идеи сè повеќе ќе личи на образован работник кој може да ви помогне со различни задачи“, пишува Гејтс.

Дигитален асистент кој го симнува товарот од здравствените работници

Во здравството, Гејтс смета дека вештачката интелигенција би можела да ги ослободи вработените од одредени работни места, особено во областа на бирократијата, но и да ги пополнува лекарските формулари за посети.

Милиони луѓе во сиромашните земји немаат ни можност да бидат прегледани од лекар, а вештачката интелигенција би можела да ја зголеми продуктивноста на лекарите да прегледаат што е можно повеќе пациенти. Исто така, можно е вештачката интелигенција да помогне во лекувањето на пациенти кои не живеат блиску или не можат да дојдат до лекар.

Вештачката интелигенција веќе се користи за анализа на здравствените податоци, па дури и за дизајнирање лекови, а следната генерација ќе може да помогне во предвидувањето на негативните ефекти и дозирањето на лековите.

За земјоделството во сиромашните земји, Гејтс пишува дека вештачката интелигенција може да помогне да се направат семиња специјално прилагодени да растат во локална клима, како и да се развијат вакцини за добиток. Сето ова е од суштинско значење во време кога климатските услови се менуваат и вршат уште поголем притисок врз земјоделците во сиромашните земји.

Наставниците ќе мора да се прилагодат

Гејтс, исто така, предвидува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира образованието во следните пет до 10 години со тоа што ќе може да ја приспособи образовната содржина на секој ученик, како и да научи што мотивира или предизвикува губење на интерес кај секој поединец.

Вештачката интелигенција исто така ќе може да помогне во креирањето на планови за часови и да го процени нивото на разбирање на одредени теми на учениците.

И покрај тоа што технологијата се подобрува, учењето сепак ќе зависи од односот ученик-наставник. Тоа ќе го подобри, но никогаш нема да го замени односот ученик-наставник“, истакнува Гејтс.

Тој, исто така, додава дека е многу важно вештачката интелигенција да биде достапна во сиромашните области низ светот, за децата да не заостануваат.

The post Бил Гејтс: Почна ерата на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Вештачката интелигенција е едно од најважните технолошки откритија во модерната историја, на исто ниво со создавањето на микропроцесори, персонални компјутери, интернет и мобилни телефони, пишува Бил Гејтс во својот блог насловен: „Почна ерата на вештачката интелигенција“. Основачот на „Мајкрософт“ реши да напише долг текст на блог во време кога се вжештува трката во областа на вештачката интелигенција (АИ) и кога технолошките компании се тркаат да ги донесат своите чет-ботови на пазарот. Гејтс претходно зборуваше дека е возбуден за иднината што ќе ја донесе вештачката интелигенција, најмногу поради тоа колку може да им го олесни животот на луѓето, да го подобри образованието и медицината. Милијардерот сега, исто така, посочува дека ја споделува загриженоста за вештачката интелигенција, вклучувајќи го и ризикот дека луѓето би можеле да ја користат на голем број негативни начини, како и можноста за суперинтелигентна вештачка интелигенција која би можела да воспостави свои цели додека технологијата напредува. Во својот блог на седум страници, Гејтс елаборира идеи и размислувања за тоа како вештачката интелигенција може да се искористи за да се зголеми продуктивноста на човекот, но и да помогне да се исправат нееднаквостите во работата, здравството и образованието.

Достапен е вешт работник кој може да помогне во многу задачи

На работното место, вештачката интелигенција би можела да се користи како „дигитален личен асистент“ за подобрување на продуктивноста на вработените. Интегриран во дигитални работни алатки, како што е „Мајкрософт Офис“, може да помогне во пишувањето и комуникацијата на е-пошта. Личните асистенти засновани на вештачка интелигенција, опремени со огромно знаење за компанијата и индустријата, исто така би можеле да претставуваат важен ресурс за интеракција на вработените.
Како што компјутерската моќ се зголемува и станува поевтина, способноста на чет-ботовите да ги пренесуваат своите идеи сè повеќе ќе личи на образован работник кој може да ви помогне со различни задачи“, пишува Гејтс.

Дигитален асистент кој го симнува товарот од здравствените работници

Во здравството, Гејтс смета дека вештачката интелигенција би можела да ги ослободи вработените од одредени работни места, особено во областа на бирократијата, но и да ги пополнува лекарските формулари за посети. Милиони луѓе во сиромашните земји немаат ни можност да бидат прегледани од лекар, а вештачката интелигенција би можела да ја зголеми продуктивноста на лекарите да прегледаат што е можно повеќе пациенти. Исто така, можно е вештачката интелигенција да помогне во лекувањето на пациенти кои не живеат блиску или не можат да дојдат до лекар. Вештачката интелигенција веќе се користи за анализа на здравствените податоци, па дури и за дизајнирање лекови, а следната генерација ќе може да помогне во предвидувањето на негативните ефекти и дозирањето на лековите. За земјоделството во сиромашните земји, Гејтс пишува дека вештачката интелигенција може да помогне да се направат семиња специјално прилагодени да растат во локална клима, како и да се развијат вакцини за добиток. Сето ова е од суштинско значење во време кога климатските услови се менуваат и вршат уште поголем притисок врз земјоделците во сиромашните земји.

Наставниците ќе мора да се прилагодат

Гејтс, исто така, предвидува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира образованието во следните пет до 10 години со тоа што ќе може да ја приспособи образовната содржина на секој ученик, како и да научи што мотивира или предизвикува губење на интерес кај секој поединец. Вештачката интелигенција исто така ќе може да помогне во креирањето на планови за часови и да го процени нивото на разбирање на одредени теми на учениците.
И покрај тоа што технологијата се подобрува, учењето сепак ќе зависи од односот ученик-наставник. Тоа ќе го подобри, но никогаш нема да го замени односот ученик-наставник“, истакнува Гејтс.
Тој, исто така, додава дека е многу важно вештачката интелигенција да биде достапна во сиромашните области низ светот, за децата да не заостануваат.

The post Бил Гејтс: Почна ерата на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс стана дедо https://republika.mk/zivot/semejstvo/bil-gejts-stana-dedo/ Tue, 07 Mar 2023 08:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=616710

Бил Гејтс стана дедо. Ќерката на ко-основачот на „Мајкрософт“, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Најел Насар станаа родители на девојче.

Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

Таа е во брак со Насар од 2021 година.

Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од својот труднички стомак. „Благодарна“, напиша тогаш со фотографија на која позира со сопругот.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

The post Бил Гејтс стана дедо appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс стана дедо. Ќерката на ко-основачот на „Мајкрософт“, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Најел Насар станаа родители на девојче.
Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.
  Таа е во брак со Насар од 2021 година. Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од својот труднички стомак. „Благодарна“, напиша тогаш со фотографија на која позира со сопругот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

The post Бил Гејтс стана дедо appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс резервирал цел ресторан со три Мишелин ѕвезди, а готвачот збеснал поради неговата нарачка https://republika.mk/vesti/bil-gejts-rezerviral-tsel-restoran-so-tri-mishelin-zvezdi-a-gotvachot-zbesnal-poradi-negovata-narachka/ Wed, 22 Feb 2023 16:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=612017

Познатиот шпански готвач Џорди Круз, сопственик на ресторанот „ABaC“ во Барселона, кој има три Мишелин ѕвезди, раскажува како Бил Гејтс ги оставил без зборови него и вработените.

Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружба… Бил изнајми цел ресторан само за нив, а ние ја подготвивме најдобрата храна. И што направи? Нарача диетална кока-кола, стана и отиде со својот авион, изјави готвачот во една ТВ емисија.

На повтореното прашање на водителот за тоа што нарачал, готвачот одговори:

Ништо, рече Круз и додаде дека поради Гејтс ги прекинал резервациите во ресторанот на два дена.

Потегот на Гејтс навистина го налутил.

Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете кока-кола?, праша тој.

Инаку, менито за дегустација во ресторанот „ABaC“ чини 295 евра.

Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се „Beyond Meat“, „Impossible Foods“ и „Upside Foods“.

The post Бил Гејтс резервирал цел ресторан со три Мишелин ѕвезди, а готвачот збеснал поради неговата нарачка appeared first on Република.

]]>

Познатиот шпански готвач Џорди Круз, сопственик на ресторанот „ABaC“ во Барселона, кој има три Мишелин ѕвезди, раскажува како Бил Гејтс ги оставил без зборови него и вработените.
Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружба… Бил изнајми цел ресторан само за нив, а ние ја подготвивме најдобрата храна. И што направи? Нарача диетална кока-кола, стана и отиде со својот авион, изјави готвачот во една ТВ емисија.
На повтореното прашање на водителот за тоа што нарачал, готвачот одговори:
Ништо, рече Круз и додаде дека поради Гејтс ги прекинал резервациите во ресторанот на два дена.
Потегот на Гејтс навистина го налутил.
Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете кока-кола?, праша тој.
Инаку, менито за дегустација во ресторанот „ABaC“ чини 295 евра. Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се „Beyond Meat“, „Impossible Foods“ и „Upside Foods“.

The post Бил Гејтс резервирал цел ресторан со три Мишелин ѕвезди, а готвачот збеснал поради неговата нарачка appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс ја покажа новата девојка https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bil-gejts-ja-pokazha-novata-devojka/ Thu, 09 Feb 2023 09:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=606807

Милијардерот Бил Гејтс ја покажа пред јавноста новата партнерка, со која наводно бил во врска скоро година дена. Станува збор за 60-годишната Пола Херд, вдовица на Марк Херд, извршен директор на софтверската компанија Оракл и некогашен шеф на Хјулит-Пакард, кој почина во 2019 година.

67-годишнит основач на Мајкрософт првпат беше забележан со девојката на неколку натпревари на Австралија опен, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.

Нашироко е познато дека Бил Гејтс и Пола Херд се во врска, но таа сè уште не ги запознала неговите деца, изјави извор за „Пипл“.

Веста за врската доаѓа блиску две години откако Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс објавија дека се разведуваат по 27 години брак. Нивниот развод беше финализиран во август 2021 година.

Гејтс и Френч Гејтс (58) имаат три деца, ќерките Џенифер (26) и Фиби (20) и синот Рори (23).

Херд беше во брак со нејзиниот покоен сопруг речиси 30 години, а имаат две деца, ќерките Кетрин и Кели.

Веста за врската доаѓа само неколку дена откако Гејтс за време на едно интервју беше прашан дали се надева дека повторно ќе најде љубов.

Секако, јас не сум робот, рече милијардерот за време на интервјуто за Би-Би-Си.

The post Бил Гејтс ја покажа новата девојка appeared first on Република.

]]>

Милијардерот Бил Гејтс ја покажа пред јавноста новата партнерка, со која наводно бил во врска скоро година дена. Станува збор за 60-годишната Пола Херд, вдовица на Марк Херд, извршен директор на софтверската компанија Оракл и некогашен шеф на Хјулит-Пакард, кој почина во 2019 година. 67-годишнит основач на Мајкрософт првпат беше забележан со девојката на неколку натпревари на Австралија опен, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.
Нашироко е познато дека Бил Гејтс и Пола Херд се во врска, но таа сè уште не ги запознала неговите деца, изјави извор за „Пипл“.
Веста за врската доаѓа блиску две години откако Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс објавија дека се разведуваат по 27 години брак. Нивниот развод беше финализиран во август 2021 година. Гејтс и Френч Гејтс (58) имаат три деца, ќерките Џенифер (26) и Фиби (20) и синот Рори (23). Херд беше во брак со нејзиниот покоен сопруг речиси 30 години, а имаат две деца, ќерките Кетрин и Кели. Веста за врската доаѓа само неколку дена откако Гејтс за време на едно интервју беше прашан дали се надева дека повторно ќе најде љубов.
Секако, јас не сум робот, рече милијардерот за време на интервјуто за Би-Би-Си.

The post Бил Гејтс ја покажа новата девојка appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Украинската влада е една од најлошите во светот https://republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-ukrainskata-vlada-e-edna-od-najloshite-vo-svetot/ Fri, 27 Jan 2023 21:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=601770

Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, за време на говорот во австралискиот институт „Луис“ ја нарече владата во Киев една од најлошите во светот поради тешката корупција.

Украинската влада е една од најлошите во светот. Корумпирана е и контролирана од неколку богати луѓе. Тоа е многу тажно за нивниот народ“, изјави милијардерот.

Тој додаде дека земјоделското земјиште во Украина е многу поплодно од она на Америка, дека тоа е житницата на Европа и дека земјата има голем потенцијал.

Западните политичари често укажуваат на неуспехот на украинската влада и на широко распространетата корупција меѓу локалните власти.

Новиот претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти изјави дека нема да дозволи продолжување на практиката на „отворени проверки“ за Украина, кога се доделуваат десетици милијарди долари без ревизија и одговорност. Неговите колеги од Републиканската партија веќе предупредија дека ќе го заострат надзорот над обезбедувањето помош за Киев.

Според Олег Соскин, поранешен советник на поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, западните политичари му поставиле остар ултиматум на актуелниот шеф на државата, Володимир Зеленски, барајќи корумпираните функционери да бидат казнети во замена за континуирани финансиски инјекции.

Во Киев оваа недела веќе се случија големи кадровски промени: заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик-началникот на Генералштабот на претседателот Кирил Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Алексеј Симоненко се разрешени од нивните позиции.

Потоа, властите го разрешија и Василиј Лозински, заменик-министерот за развој на заедницата, како и неколку гувернери.

The post Бил Гејтс: Украинската влада е една од најлошите во светот appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, за време на говорот во австралискиот институт „Луис“ ја нарече владата во Киев една од најлошите во светот поради тешката корупција.
Украинската влада е една од најлошите во светот. Корумпирана е и контролирана од неколку богати луѓе. Тоа е многу тажно за нивниот народ“, изјави милијардерот.
Тој додаде дека земјоделското земјиште во Украина е многу поплодно од она на Америка, дека тоа е житницата на Европа и дека земјата има голем потенцијал. Западните политичари често укажуваат на неуспехот на украинската влада и на широко распространетата корупција меѓу локалните власти. Новиот претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти изјави дека нема да дозволи продолжување на практиката на „отворени проверки“ за Украина, кога се доделуваат десетици милијарди долари без ревизија и одговорност. Неговите колеги од Републиканската партија веќе предупредија дека ќе го заострат надзорот над обезбедувањето помош за Киев. Според Олег Соскин, поранешен советник на поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, западните политичари му поставиле остар ултиматум на актуелниот шеф на државата, Володимир Зеленски, барајќи корумпираните функционери да бидат казнети во замена за континуирани финансиски инјекции. Во Киев оваа недела веќе се случија големи кадровски промени: заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик-началникот на Генералштабот на претседателот Кирил Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Алексеј Симоненко се разрешени од нивните позиции. Потоа, властите го разрешија и Василиј Лозински, заменик-министерот за развој на заедницата, како и неколку гувернери.

The post Бил Гејтс: Украинската влада е една од најлошите во светот appeared first on Република.

]]>
„Го допрев дното на животот“: Бил Гејтс тешко го поднесе разводот од Мелинда https://republika.mk/zivot/semejstvo/go-doprev-dnoto-na-zivotot-bil-gejts-teshko-go-podnese-razvodot-od-melinda/ Thu, 22 Dec 2022 18:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=588800

Бил Гејтс зборуваше за неговиот развод со сопругата Мелинда, нарекувајќи го како „еден од најтешките периоди во неговиот живот и еден од неговите најголеми лични порази во последните неколку години“. Тој додаде дека ни изминатата година не му била лесна.

Го допрев дното на животот во последните неколку години, со смртта на татко ми и разводот од сопругата. Мелинда и јас продолжуваме да ја водиме нашата организација заедно, па најдовме нов работен ритам со кој сме задоволни. Но, не можам да негирам дека ова беше година на голема тага за мене, напиша Гејтс на својот блог.

Неговиот татко почина во септември 2020 година на 94-годишна возраст, а следната година се разведе од Мелинда. Таа и Бил го финализираа разводот во август 2021 година, по 27 години брак, само три месеци откако објавија дека се разделуваат.

После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да се разведеме, рекоа тогаш во заедничката изјава.

The post „Го допрев дното на животот“: Бил Гејтс тешко го поднесе разводот од Мелинда appeared first on Република.

Бил Гејтс пиел вода од септичка јама https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bil-gejts-piel-voda-od-septichka-jama/ Tue, 22 Nov 2022 14:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=576973

Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, додека бил гостин кај Џими Фалон.

Станува збор за пробна вода од компанијата на Гејтс Омнипроцесор, која канализационата вода ја претвора во чиста и вода за пиење.

Направив чудни ср*ња низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со стаклена цевка полна со човечки измет и мирисав на тоалет…Овие лудории предизвикаа смеа, но мојата цел отсекогаш била да ги натерам луѓето да се грижат за проблемот што погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови, рече Гејтс.

Додава дека благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.

The post Бил Гејтс пиел вода од септичка јама appeared first on Република.

]]>

Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, додека бил гостин кај Џими Фалон. Станува збор за пробна вода од компанијата на Гејтс Омнипроцесор, која канализационата вода ја претвора во чиста и вода за пиење.
Направив чудни ср*ња низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со стаклена цевка полна со човечки измет и мирисав на тоалет…Овие лудории предизвикаа смеа, но мојата цел отсекогаш била да ги натерам луѓето да се грижат за проблемот што погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови, рече Гејтс.
Додава дека благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.  

The post Бил Гејтс пиел вода од септичка јама appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото https://republika.mk/vesti/svet/gejts-slednata-pandemija-moze-da-go-unishti-choveshtvoto-2/ Fri, 10 Jun 2022 13:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=513540

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството.

Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.

Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.

Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.

Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството. Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе. Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид. Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија. Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој. Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија. Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести. Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото https://republika.mk/vesti/svet/gejts-slednata-pandemija-moze-da-go-unishti-choveshtvoto/ Fri, 10 Jun 2022 08:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=513454

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството.

Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.

Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.

Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.

Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството. Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе. Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид. Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.
Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.
Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија. Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести. Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>
Идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда: Бил Гејтс се правда дека немал лоши намери за време на короната https://republika.mk/vesti/svet/idejata-deka-sakam-da-gi-kontroliram-chovechkite-tela-e-luda-bil-gejts-se-pravda-deka-nemal-loshi-nameri-za-vreme-na-koronata/ Sun, 22 May 2022 18:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=505640

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека коронавирусот го гледа како личен непријател и дека постојано се прашува дали е попаметен од нас и како може да не измами.

– Сè ќе беше полесно доколку споделиме знаење и си помагаме, но имаше поголеми поделби отколку што очекував. Тоа е човечка природа. Пандемиите го покажуваат најдоброто и најлошото кај луѓето. Некои поединци и земји сметаа дека имаат право да бидат први вакцинирани. Ги вакцинираме младите и децата во развиените земји, додека постарите Африканци и Латиноамериканците се без вакцинација, рече тој.

Во интервју за Еј-Би-Си, тој истакнува дека во последните две години вложил максимални напори за да го победи коронавирусот.

– Неколку генерации минуваат низ настани кои предизвикуваат загуби од милијарди долари и десетици милиони смртни случаи. Ниту еден земјотрес или пожар не предизвика толкава штета. Сепак, бевме поподготвени да се справиме со земјотреси и пожари. Секоја година трошиме милијарди за одбрана, а речиси ништо за заштита од пандемии, рече Гејтс, додавајќи дека со часови проучувал статистики за одговорот на вирусот во секоја земја.

– Затоа што секогаш сакам да знам цврсти факти. Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на почетокот добро реагираа“, вели тој. Но, земјата што најмногу го импресионираше е Виетнам, поради нејзиниот здравствен систем, порака до населението и стапката на вакцинација од 98 проценти. – Тоа е посебен случај, оцени Гејтс.

Заговорник за „затворањата“, тој објаснува дека нивните ефекти тешко се проценуваат. – На пример, во Шведска ограничувањата беа умерени, но населението се однесуваше одговорно, како да е во „локдаун“.. Од друга страна, во САД, поригорозни мерки, но многумина ги прескокнаа. Хонг Конг е уште еден необичен случај. Затворањата ги спроведоа на одличен начин, но кога омикрон пристигна, стапката на вакцинација за луѓето над 65 години беше 35 отсто, болна бројка. Јапонија е единствена поради нејзината опсесија со маски.Таа е земја со најмногу постари, но не се дебели – и запомнете дека ризикот од смртима многу врска со дебелината и дијабетесот, рече Гејтс.

Бил згрозен кога видел дека толку луѓе се однесуваат нерационално и дека антиваксерите отворено го мразат.

– Фактот што ве етикетираат како некој што игра злокобна улога во оваа пандемија е вџашувачки. Факт е дека работам во светот на вакцините и имам многу пари. Но, идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда, рече тој.

Бил Гејтс признава дека се чувствува малку виновен што ја преживеал пандемијата подобро од речиси сите други.

– Имам совршена интернет конекција, големи куќи, приватен авион каде што нема ризик од инфекција. Можев да ги видам моите деца. Беше многу полошо за другите луѓе, особено сиромашните, се разбира, вели Гејтс.

The post Идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда: Бил Гејтс се правда дека немал лоши намери за време на короната appeared first on Република.

]]>

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека коронавирусот го гледа како личен непријател и дека постојано се прашува дали е попаметен од нас и како може да не измами.
– Сè ќе беше полесно доколку споделиме знаење и си помагаме, но имаше поголеми поделби отколку што очекував. Тоа е човечка природа. Пандемиите го покажуваат најдоброто и најлошото кај луѓето. Некои поединци и земји сметаа дека имаат право да бидат први вакцинирани. Ги вакцинираме младите и децата во развиените земји, додека постарите Африканци и Латиноамериканците се без вакцинација, рече тој.
Во интервју за Еј-Би-Си, тој истакнува дека во последните две години вложил максимални напори за да го победи коронавирусот. – Неколку генерации минуваат низ настани кои предизвикуваат загуби од милијарди долари и десетици милиони смртни случаи. Ниту еден земјотрес или пожар не предизвика толкава штета. Сепак, бевме поподготвени да се справиме со земјотреси и пожари. Секоја година трошиме милијарди за одбрана, а речиси ништо за заштита од пандемии, рече Гејтс, додавајќи дека со часови проучувал статистики за одговорот на вирусот во секоја земја. – Затоа што секогаш сакам да знам цврсти факти. Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на почетокот добро реагираа“, вели тој. Но, земјата што најмногу го импресионираше е Виетнам, поради нејзиниот здравствен систем, порака до населението и стапката на вакцинација од 98 проценти. – Тоа е посебен случај, оцени Гејтс. Заговорник за „затворањата“, тој објаснува дека нивните ефекти тешко се проценуваат. – На пример, во Шведска ограничувањата беа умерени, но населението се однесуваше одговорно, како да е во „локдаун“.. Од друга страна, во САД, поригорозни мерки, но многумина ги прескокнаа. Хонг Конг е уште еден необичен случај. Затворањата ги спроведоа на одличен начин, но кога омикрон пристигна, стапката на вакцинација за луѓето над 65 години беше 35 отсто, болна бројка. Јапонија е единствена поради нејзината опсесија со маски.Таа е земја со најмногу постари, но не се дебели – и запомнете дека ризикот од смртима многу врска со дебелината и дијабетесот, рече Гејтс. Бил згрозен кога видел дека толку луѓе се однесуваат нерационално и дека антиваксерите отворено го мразат.
– Фактот што ве етикетираат како некој што игра злокобна улога во оваа пандемија е вџашувачки. Факт е дека работам во светот на вакцините и имам многу пари. Но, идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда, рече тој.
Бил Гејтс признава дека се чувствува малку виновен што ја преживеал пандемијата подобро од речиси сите други.
– Имам совршена интернет конекција, големи куќи, приватен авион каде што нема ризик од инфекција. Можев да ги видам моите деца. Беше многу полошо за другите луѓе, особено сиромашните, се разбира, вели Гејтс.

The post Идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда: Бил Гејтс се правда дека немал лоши намери за време на короната appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс е позитивен на коронавирус https://republika.mk/zivot/zdravje/bil-gejts-e-pozitiven-na-koronavirus/ Wed, 11 May 2022 07:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=500855

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе и основач на „Мајкрософт“, е позитивен на коронавирус.

Гејтс на Твитер напиша дека има благи симптоми. Тој додаде дека ќе биде во изолација додека не се чувствува добро.

Имам среќа што ги примив вакцината и засилувачот и имам пристап до тестови и одлична медицинска нега, напиша тој.

Гејтс често даваше јавни предвидувања за тоа кога ќе заврши пандемијата. Во една од последните, што ја објави на почетокот на мај, тој предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус.

Сè уште сме во опасност, овој вирус да создаде варијанта која би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти дека не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за „Фајненшел Тајмс“.

The post Бил Гејтс е позитивен на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе и основач на „Мајкрософт“, е позитивен на коронавирус. Гејтс на Твитер напиша дека има благи симптоми. Тој додаде дека ќе биде во изолација додека не се чувствува добро.
Имам среќа што ги примив вакцината и засилувачот и имам пристап до тестови и одлична медицинска нега, напиша тој.
Гејтс често даваше јавни предвидувања за тоа кога ќе заврши пандемијата. Во една од последните, што ја објави на почетокот на мај, тој предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус.
Сè уште сме во опасност, овој вирус да создаде варијанта која би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти дека не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за „Фајненшел Тајмс“.

The post Бил Гејтс е позитивен на коронавирус appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување https://republika.mk/vesti/svet/gejts-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-kje-predizvikaat-globalno-ekonomsko-zabavuvanje/ Mon, 09 May 2022 12:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=499937

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус.

Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.

Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.

Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус. Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.
Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.  

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Луѓе по улица викаа по мене дека ги следам преку вакцините https://republika.mk/zivot/tehnologija/bil-gejts-lugje-po-ulica-vikaa-po-mene-deka-gi-sledam-preku-vakcinite/ Sat, 07 May 2022 19:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=499251

Милијардерот и еден од основачите на технолошкиот гигант Мајкрософт, Бил Гејтс, во интервју за Би-Би-Си изјави дека теориите на заговор за него се „луди“ и дека е „страшно“ што луѓето викаат по него на улица.

Тој долго време се залагаше за вакцини против коронавирусот и даде милијарди на програмите за вакцинација низ целиот свет. Поради тоа стана предмет на бизарни и неосновани тврдења дека се обидува да ги чипира и следи луѓето преку вакцинација.

На некој начин, речиси мора да се смеете, бидејќи тоа е лудост. Дали навистина сакам да ги следам луѓето? Трошам милијарди на вакцини, не заработувам пари на вакцини, тие спасуваат животи, рече тој.

Гејтс исто така рече дека оние кои веруваат во теории на заговор викаат по него на улица.

Неодамна одев по улица и некои луѓе викаа по мене и ми рекоа да ги следам. Тоа е ужасно, рече тој.

Тој зборуваше и за неодамнешните критики кои јавно му ги упати Илон Маск, сопственик на технолошката компанија Тесла и иден претседател на управниот одбор на социјалната мрежа Твитер.

Гејтс беше најбогатиот човек на светот. Таа титула сега ја носи Илон Маск. Сепак, двајцата не се во добри односи.

Минатата недела Маск го обвини Гејтс дека ги продава акциите на Тесла на берзата без покритие, што е начин да се заработат пари со обложување дека компанијата ќе ја изгуби вредноста.

Маск тврди дека продажбата на акциите на Тесла на берзата без покритие, компанија која произведува електрични автомобили, ги поткопува филантропските напори на Гејтс за зачувување на животната средина.

Запрашан дали се обложил против Тесла, Гејтс рече дека тоа нема никаква врска со климатските промени. Тој не се согласува со тврдењето на Маск дека продажбата на акциите на Тесла без покритие е штетна за животната средина.

Популарноста на електричните автомобили ќе доведе до поголема конкуренција во нивната продажба. Значи, постои разлика помеѓу сè повеќе луѓе кои се свртуваат кон електричните автомобили и компаниите кои стануваат бескрајно вредни, вели тој.

The post Бил Гејтс: Луѓе по улица викаа по мене дека ги следам преку вакцините appeared first on Република.

]]>

Милијардерот и еден од основачите на технолошкиот гигант Мајкрософт, Бил Гејтс, во интервју за Би-Би-Си изјави дека теориите на заговор за него се „луди“ и дека е „страшно“ што луѓето викаат по него на улица. Тој долго време се залагаше за вакцини против коронавирусот и даде милијарди на програмите за вакцинација низ целиот свет. Поради тоа стана предмет на бизарни и неосновани тврдења дека се обидува да ги чипира и следи луѓето преку вакцинација.
На некој начин, речиси мора да се смеете, бидејќи тоа е лудост. Дали навистина сакам да ги следам луѓето? Трошам милијарди на вакцини, не заработувам пари на вакцини, тие спасуваат животи, рече тој.
Гејтс исто така рече дека оние кои веруваат во теории на заговор викаат по него на улица.
Неодамна одев по улица и некои луѓе викаа по мене и ми рекоа да ги следам. Тоа е ужасно, рече тој.
Тој зборуваше и за неодамнешните критики кои јавно му ги упати Илон Маск, сопственик на технолошката компанија Тесла и иден претседател на управниот одбор на социјалната мрежа Твитер. Гејтс беше најбогатиот човек на светот. Таа титула сега ја носи Илон Маск. Сепак, двајцата не се во добри односи. Минатата недела Маск го обвини Гејтс дека ги продава акциите на Тесла на берзата без покритие, што е начин да се заработат пари со обложување дека компанијата ќе ја изгуби вредноста. Маск тврди дека продажбата на акциите на Тесла на берзата без покритие, компанија која произведува електрични автомобили, ги поткопува филантропските напори на Гејтс за зачувување на животната средина. Запрашан дали се обложил против Тесла, Гејтс рече дека тоа нема никаква врска со климатските промени. Тој не се согласува со тврдењето на Маск дека продажбата на акциите на Тесла без покритие е штетна за животната средина.
Популарноста на електричните автомобили ќе доведе до поголема конкуренција во нивната продажба. Значи, постои разлика помеѓу сè повеќе луѓе кои се свртуваат кон електричните автомобили и компаниите кои стануваат бескрајно вредни, вели тој.
 
The post Бил Гејтс: Луѓе по улица викаа по мене дека ги следам преку вакцините appeared first on Република.

]]>
Гејтс предупредува: Светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот https://republika.mk/zivot/zdravje/gejts-predupreduva-svetot-se-ushte-ne-go-doziveal-najloshoto-od-pandemijata-na-koronavirusot/ Tue, 03 May 2022 10:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=496708

Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека сè уште постои „многу поголема веројатност од пет проценти“ дека светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот.

Сопственикот на Мајкрософт за Фајненшл тајмс. рече дека не сака да звучи „драматично“, но дека постои ризик да се создадат „побрзо преносливи“ и „пофатални“ варијанта на вирусот.

Гејтс утре ќе ја објави својата нова книга насловена „Како да се спречи следната пандемија“, во која ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски инженери за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.

The post Гејтс предупредува: Светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека сè уште постои „многу поголема веројатност од пет проценти“ дека светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот.

Сопственикот на Мајкрософт за Фајненшл тајмс. рече дека не сака да звучи „драматично“, но дека постои ризик да се создадат „побрзо преносливи“ и „пофатални“ варијанта на вирусот. Гејтс утре ќе ја објави својата нова книга насловена „Како да се спречи следната пандемија“, во која ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски инженери за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.

The post Гејтс предупредува: Светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Уште не сме го виделе најлошото од вирусот https://republika.mk/zivot/zdravje/bil-gejts-ushte-ne-sme-go-videle-najloshoto-od-virusot/ Sun, 01 May 2022 21:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=496170

Милијардерот Бил Гејтс повторно предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус, за која постои ризик многу поголем од пет проценти.

Сопственикот на Мајкрософт истакна дека не сака да звучи „мрачно“, но дека постои ризик да се создаде „побрз пренос“ и „фатална“ варијанта на вирусот.

Сè уште сме во опасност овој вирус да создаде варијанта што би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти-не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за Фајненшл Тајмс.

Предупредувањето на Гејтс доаѓа откако Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), предупреди оваа недела дека луѓето сè уште треба да бидат внимателни со вирусот.

Гејтс, кој во вторник ја објавува својата нова книга „Како да се спречи следната пандемија“, ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски моделари за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.

The post Бил Гејтс: Уште не сме го виделе најлошото од вирусот appeared first on Република.

]]>

Милијардерот Бил Гејтс повторно предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус, за која постои ризик многу поголем од пет проценти. Сопственикот на Мајкрософт истакна дека не сака да звучи „мрачно“, но дека постои ризик да се создаде „побрз пренос“ и „фатална“ варијанта на вирусот.
Сè уште сме во опасност овој вирус да создаде варијанта што би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти-не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за Фајненшл Тајмс.
Предупредувањето на Гејтс доаѓа откако Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), предупреди оваа недела дека луѓето сè уште треба да бидат внимателни со вирусот. Гејтс, кој во вторник ја објавува својата нова книга „Како да се спречи следната пандемија“, ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски моделари за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.

The post Бил Гејтс: Уште не сме го виделе најлошото од вирусот appeared first on Република.

]]>