Бил Гејтс стана дедо. Ќерката на ко-основачот на „Мајкрософт“, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Најел Насар станаа родители на девојче.

Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

 

Таа е во брак со Насар од 2021 година.

Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од својот труднички стомак. „Благодарна“, напиша тогаш со фотографија на која позира со сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.