Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, додека бил гостин кај Џими Фалон.

Станува збор за пробна вода од компанијата на Гејтс Омнипроцесор, која канализационата вода ја претвора во чиста и вода за пиење.

Направив чудни ср*ња низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со стаклена цевка полна со човечки измет и мирисав на тоалет…Овие лудории предизвикаа смеа, но мојата цел отсекогаш била да ги натерам луѓето да се грижат за проблемот што погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови, рече Гејтс.

Додава дека благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.