
Дамир Докиќ, таткото на Јелена Докиќ кој почина пред неколку дена е роден кон крајот на 50-тите години од минатиот век во Осиек, тогашна Југославија. Кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, Дамир беше добро позната, но и многу контроверзна личност во светот на тенисот – честопати во центарот на вниманието поради неговото темпераментно однесување и конфликти со службени лица, новинари и организатори на турнири, вклучувајќи ја и неговата ќерка Јелена, која подоцна откри многу морничави детали од нејзината врска со нејзиниот татко.
Семејството Докиќ емигрирало од поранешна Југославија во Австралија во 1994 година, бегајќи од војната. Јелена блескаше како јуниорка, а Дамир инсистираше да биде нејзин главен тренер и неоспорен авторитет, честопати со контроверзни методи, што очигледно И пречеше на неговата ќерка.

Јелена јавно проговори за физичкото и психолошкото злоставување што го претрпела од својот татко со години. Таа ги опиша овие искуства детално во својата автобиографија „Нескршлива“.
Дамир беше апсен неколку пати, и во Австралија и во Србија, за насилно однесување, закани и поседување оружје. Тој беше исто така законски осуден на затвор во Србија (2009), откако му се закани на амбасадорот на Австралија. Неговата казна беше намалена на 12 месеци, а Докиќ беше ослободен од затвор во април 2010 година.