
Познатиот напаѓач Ерлинг Халанд се почести со ново луксузно возило на четири тркала.
Асот на Манчестер Сити потрошил неверојатни 4,7 милиони евра на импресивниот „Bugatti Tourbillion“, кој во Хрватска го дизајнираше и разви компанијата на познатиот претприемач Матео Римац.

Овој фантастичен автомобил ќе биде произведен во 250 примероци, а испораката ќе започне во 2026 година. Целата серија е веќе распродадена, а еден од купувачите е познатиот фудбалер од Норвешка.