Skip to main content

Одредени полуфиналните двојки во женскиот ракометен Куп

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска со извлекување беа одредени двојките за полуфиналето на женскиот Куп. Двете екипи кои важат за фаворити „се избегнаа“ во полуфиналето.

Двата дуела ќе се играат на 18.април во салата „Парк“ во Струмица како дел од завршницата на ова натпреварување бидејќи ден претходно се играат и полуфиналните дуели кај мажите.

Бранителот на трофејот Ѓорче Петров во полуфиналето ќе игра против Пелистер од Битола со почеток од 16 часот, додека Чаир ќе ја има фаворитската улога против Спартак, а почетокот е од 19 часот.

Финалето во женска конкуренција се игра в недела (19.април) од 16 часот, додека машкото финале е на програмата од 19 часот. 

Поврзани вести