Skip to main content

Најтешко интонираната химна во македонската спортска историја

Сигурно дека ниту еден од делегацијата на ракометната репрезентација на Македонија, но и сите наши навивачи во салата, никогаш во животот со потешко срце не ја испеале националната химна.

На денот на огромната трагедија во која животот го загубија преку 59 главно млади лица, ЕХФ го одби барањето на РФМ за откажување на натпреварот од евро-квалификациите со Словенија.

Во салата „Бонифика“ атмосферата беше во најмала рака чудна, тежината се гледаше во очите на нашите ракометари, а дел од Македонците беа и со насолзени очи како на теренот, така и на трибините. 

Поврзани вести