Skip to main content

Најдобрто селфи на Фитиљ од Вараждин

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација, левиот бек Филип Кузмановски, од трагичар стана јунак на мечот со Австрија.

На минута до крајот на мечот, популарниот Фитиљ промаши од линијата од седум метри, но на четри секунди до крајот на натпреварот распали со сета сила и го погоди голот на Австрија за 29-29 и со тоа и донесе реми на Македонија.

Со тоа, најдобрите македонски ракометари го освоија вториот бод во втората фаза на Светско првество во Вараждин.

Следниот меч на Македонија е во четврток, со Катар, исто така од 15,30 часот. Селектор на Катарците е популарниот Веселн Вујовиќ кој во еден период од својата долга и богата кариера беше селектор и на Македонија.

Поврзани вести