
Кирил Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, го скрати списокот на играчи на кои ќе смета на последните две средби против Естонија и Литванија во квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот ќе смета на Мартин Томовски кој доаѓа на местото на Марко Кизиќ и на кој ќе го менува повредениот Цветан Кузманоски.
Двајцата прават камбек во националниот тим, а има и еден дебитант, тоа е средниот бек Мартин Ивановски, кој принудно е повикан по повредите на Игор Ѓорѓиев и Марко Митев.
Првиот меч Македонија го игра на гости кај Естонија. Во Талин ќе судат Португалците Рубен Маиа и Андре Нунеш. Делегат на мечот е Виктор Коноплјатски од Украина. Дуелот се игра на 8 мај во 18:00 часот.
Вториот дуел е меѓу Македонија и Литванија во Скопје, со него се затвораат квалификациите. Главни судии ќе бидат Холанѓаните Руд Гераетс и Паул Гераетс кои се браќа, додека делегат е Герхард Рајсингер од Австрија. Мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 11 мај од 18:00 часот.
Македонија по четири меча во квалификациите за ЕП 2026 има два бода, заради победа со Естонија во Скопје.
