Skip to main content

Екипата на ЖРК Куманово исклучена од Суперлигата

Фото: Freepik

Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата.

Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво.

„Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ЖРК Овче Поле СУ да продолжи да се натпреварува во Првата женска ракометна лига“, се вели во соопштението.