
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник,
Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во Супер лигата – мажи за натпреварувачката сезона 2026/27.
За испразнетото место конкурираа КК „Соколи 1933“ – Штип, КК „Феникс 2010“ – Скопје и КК „Шкупи“ – Скопје.
КК „Феникс 2010“ – Скопје во моментов не ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, како и член 24 од Правилникот за натпреварување на КФМ.
КК „Шкупи“ – Скопје, кој во сезоната 2025/26 не учествуваше во системот на натпреварување, откако поради неисполнети финансиски обврски не го оствари правото на настап во Првата македонска лига – мажи, не ги исполни пропишаните услови за стекнување право на настап во највисокиот степен на натпреварување, согласно член 41 од Правилникот за натпреварување, член 7 од Регистрацискиот правилник, како и условите утврдени во постапката за лиценцирање.
Имајќи го предвид наведеното, како и надлежноста на Управниот одбор на КФМ за утврдување на системот и начинот на пополнување на лигите, Комисијата за лиценцирање предлага до Управниот одбор на КФМ, КК „Соколи 1933“ – Штип да го пополни испразнетото место во Супер лигата – мажи за сезоната 2026/27.
Со прифаќање на предлогот од страна на Управниот одбор на КФМ, Супер лигата – мажи во сезоната 2026/27 ќе ја сочинуваат:
КК МЗТ Скопје Аеродром – Скопје,
КК Маџари – Скопје,
КК Пелистер – Битола,
КК ТФТ – Скопје,
КК Кожув – Гевгелија,
КК Тиквеш Голден Игл – Кавадарци,
МКК Куманово – Куманово,
КК Работнички – Скопје,
КК Струмица 2001 – Струмица и
КК Соколи 1933 – Штип

Македонски


