Skip to main content

Oдбојкарките загубија од Грција на Медитеранските игри

Македонската женска сениорска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево загуби од Грција со 1-3 (25-22, 13-25,7-25, 17-25) во рамки на 3. коло во групата Б.

Македонските одбојкари одлично влегоа во натпреварот и со четири врзани поени во финишот на воведниот сет поведоа со 1-0.

Вториот сет беше резултатски израмнет до минимално водство на Грција од 7-6, кога уследи голем пад во играта на македонската репрезентација и противникот лесно дојде до израмнување на резултатот.

Во продолжението, македонските одбојкарки беа целосно деконцентрирани и инфериорни на паркетот во спортската сала „Паламцола“, освојувајќи само седум поени во третиот сет, а четвртиот беше израмнет до 6-6, кога грчките одбојкарки со серија од 12-6 дојдоа до недостижна предност.

Тамара Атанасова со 10 и Мери Бошковска со седум поени беа најефикасни во македонските редови

Во двата воведни натпревари на женскиот одбојкарски турнир во Таранто, македонската репрезентација загуби од Турција (0-3) и Косово (1-3), а во завршниот дуел од групната фаза, в четврток, ќе игра против Алжир

Поврзани вести