Skip to main content

Запознајте го новиот Македонец Мозес Рајт

Македонската машка кошаркарска репрезентација во Скопје ги одработува мини подготовките за стартот на втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2027 во која националниот тим ќе биде засилен со натурализираниот Американец Мозес Рајт.


Новиот центар на италијанскиот прволигаш Олимпија Милано веднаш по пристигнувањето во Скопје му се стави на располагање на струшниот штаб, истакнувајќи оти е позитивно изненаден од начинот на кој бил примен во националниот тим.


„Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе тренирам како да сум Македонец подолго време. Чувството е одлично да се биде дел од овој тим. Од екипата што ја имаме на располагање го познавам Ненад Димитријевиќ од настапите во Евролигата, но добро тренираме со другите. Имаме уште неколку тренинзи да се запознаеме и воиграме на начинот на кој посакуваме“, изјави денеска Рајт за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Македонските кошаркари ќе ја почнат втората фаза од европските претквалификации на гостински терен в недела кога од 16:05 часот ѝ гостуваат на Австрија во рамки на групата Ф, а Рајт очекува тежок натпревар против квалитетна репрезентација.
„Нам ни следи дуел со Австрија, имаат некои измени во ростерот, но имаат млади играчи кои се доста квалитетни. Не би сакал премногу да откривам за нив и планот што ни го презентира нашиот тренер за нивната игра. Потребно е ние да се придржуваме кон советите кои ни ги даде нашиот селектор, со цел да имаме успех“, посочи Рајт.

Поврзани вести