Skip to main content

Германски легенди купија португалски прволигаш

Германска инвестициска групација, чии партнери се легендите на Бундеслигата, Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, купи 90 проценти од акциите на од португалскиот прволигаш Естрела да Амадора за 40 милиони евра.
Сумата која ја плати групацијата, предводена од фондовите ADvantage и LEAD со поддршка од KI Group, е рекордна за купување на португалско спортско акционерско друштво.


„Новата акционерска структура ги здружува инвеститорите со искуство во областа на спортот, инвестициите и технологијата, и вклучува група стратешки инвеститори со меѓународни фудбалски врски, вклучувајќи ги Томас Милер, Матс Хумелс, Јан Зомер и Лукас Ернандез“, објави португалскиот клуб.
Германскиот претприемач Јоханес Мосманг (35) ќе ја преземе функцијата претседател на клубот, наследувајќи го Пауло Лопо, кој ја извршуваше функцијата од 2020 година