
Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис по 11. пат во кариерата постави светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи 6,27 метри синоќа во Клермон-Феран.
Дуплантис на митингот од серијата World Indoor Tour Silver најпрво прескокна 6,07 метри по што ја крена летвичката на 6,27 метри и при првиот обид постави нов светски рекорд.
Својот прв светски рекорд во кариерата Дуплантис го постави во 2020 година и оттогаш поставуваше најдобар резултат во светски рамки уште десет пати.
Само во последните 11 месеци фантастичниот Швеѓанец четири пати го подобруваше светскиот рекорд во скок со стап, секој пат поместувајќи ја висината за еден сантиметар.