Skip to main content

Ноќеска големо финале во Индијан Велс Рибакина-Сабаленка

 Казахстанката Елена Рибакина ноќеска ја победи Украинката Елина Свитолина во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД.

Во меч што траеше 1 час и 47 минути, 26-годишната Казахстанка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. 

Свитолина сервираше шест аса, направи осум двојни грешки и реализираше две од девет брејк топки.

Во финалето, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари.

Поврзани вести