
Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање. Во Кортина знаменосец беше алпската скијачка Јана Атанасовска, а во Предацо знамето го носеше Ставре Јада.

Покрај овие двајца во македонскиот тим сè уште алпскиот скијач Виктор Петков и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува во нордиските дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација досега на едни Зимски олимписки игри.
Главната церемонија на свеченото отворање е во тек, а централната манифестација се одржува на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

Македонски



