Skip to main content

Maкедонските одбојкарки губат и од Косово

По поразот од Турција на отворањето на Медитеранските игри во Таранто, македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза.

Ова е трет пораз за нашите одбојкарки летово од косовска селекција, откако претходно загубија исто така со по 3:1 на пријателските натпревари.

Во македонската репрезентација Андротеа Милевска со 20 поени беше најдобра, Љиља Ковачевиќ освои 15, Тамара Атанасова 10 поени. Тоа се трите со двоцифрен број поени.

Следниот, трет, натпревар на Медитеранските игри во Таранто, Македонките ќе го играат в среда од 19 часот, против Грција. з

Поврзани вести